Така е кравче. И јас имам убави спомени од собиранката со членовите на идивиди форумот. Имаше од 17 годишни па се до 40 годишни, сите на едно место .... Интересен е фактот што за 2 жени што ме нервираа да ги читам, во живо испаднаа многу подобри отколку што се преставувале на форум. Леле кога открија со кој ник пишувале, се фатив за глава, ауууу си велам у себе, абе овие буквално ми се одвратни за читање и си разврзавме муабет ко мислиш блиски форумски пријателки Тоа беа навистина стари добри времиња на дружење. На фемина не сум се зближила со никој, има луѓе кои редовно ги читам, некако искрени и реални ми се во коментарите, но за сега се би останало само на читање и фаќање сеир од страна.
И јас имам членови со κоишто саκам да се видам лично, а еве да не лажам, мислам деκа онаа убава фантазија нема повеќе да биде иста κаκо и пρетходно, ама еве би ја жρтвувала фантазијата би оρганизиρала собиρанκа лично јас, аκо има фоρум Може во Сκопје, за да не биде поничие, само идеја за мотивот и поентата на собиρанκата, неκаκо се во минус ПС: глупаво е ваκа да се стρвиме и темата неκа биде ставена под κлуч! Збоρувам κаκо добρонамеρен админ.
Ја рецимо би дошла. Еднаш порано знам се збореше за собирање и не излезе ништо.. Ваљда и овој пат ќе е исто..
Овде групни средби нема! Не очекувајте такво нешто иако би било убаво. Ако некого сакате да го запознаете лично разменете си контакти и видете се. До сега имам запознаено една феминка.
Еее ма дадо џабе се криеше кога еве сега се издаде Еднаш кога ти реков - ти си ХхХ од идивиди, ти ми рече дека не си била ни член Небитно.. Јас знам дека само 10тина од активните ќе се појават.. Мислам дека не е до немање храброст, туку до немање желба.
Знам,намерно не ти кажав, ама ете ти испадна фер и не го смени твојот искрен однос кон мене , абе душа човек си ,си викам барем она ќе ми посветува повеќе внимание оти се знаеме Ела да те гушнам
Незнам само дали баба ќе примат на собиранка или усвет ќе фатат сите.. Ќе фатат кривина кој каде стигне кога ќе им се појавам
Јас би дошла. Порано сум била на собиранка од форум којшто веќе не постои. Таму бев и модератор, добра екипа се собравме. Ама тоа беа времиња кога немаше ни фб. Можда беше у време на хај фајв.
И јас еднаш присуствував на собиранка. По грешка. Гледам нешто зборуваат модератори, админи, ова она, и ме прашуваат ти кој член си?!? - Јас сум член 22 од законот за забегани и дим да ме њама Инаку собирот беше од Кајгана, интересно изгледаше, и би било фино ако има собир. Скопје не е лошо, до пролет кај и да е ќе се договориме . . .
Ако ми е негде во близина и има личности со кои сум блиска кои би иделе, би дошла. Инаку, преферирам да се запознаам со членови со кои сум блиска приватно, сепак тоа е до тип на човек. Приватноста и не ја држам толку стегнато, that's not the issue.
Ако сум во можност и јас би отишла. Немам проблем со разоткривање, каква сум во реален живот таква сум и тука.
Најголема и општа собиранка од овде на која радо би отишла - е цело ФМЌ. Не се сомневам дека би било пријатно и забавно со сите нив од таму, до една/еден. Иначе, само посебно би со членови/членки со кои делам ставови, интереси и си комуницираме, се знаат кои се. Пошироко - не баш, no thanks. Има типови на луѓе како некои поединци тука, што ич не ми требаат во реалниот живот.
Де бе Специ како статус во основно прајш да се бараме. Ама шо е факт е факт, сите од ФМЌ ми се при срце ама де дојдете Битола, знјате дека убај тури прам. Вас на кои ви пуштав слики де, хехе. Ете и јас почнав како статус во основно, да си се барате.