Фемина собиранка...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.778
    Идејава ви е убава, но не знам дали одговара на форум каков што е овој. Како што рекоа некои девојки, премногу сме интимни тука и не знам дали би се чуствувале ОК доколку би се виделе.
    Јас конкретно сум ептен за дружење и зезање, и има некои девојки кои навистина би сакала да ги запознаам...но мислам дека голем дел од нив не би дошле на собиранка.

    Ја битно си го кажав мислењето, а не знам дали и некој уопште сака мене да ме види :lol: како и да е, одлична идеја, но мислам дека нема да се реализира, барем не во голем број. Ама и двајца се веќе друштво нели? ;)
     
  2. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    688
    Не! Па што е поентата на форумот и анонимноста ако се познаваме? Тогаш ќе си бевме ФБ пријателчиња и готово... Мене ми е интересно тука да ве читам и да пишувам, баш заради тоа што не ве познавам. Знаете како викаат: „Душата полесно на странец му ја отвораш отколку на некој што го познаваш“, а кога веќе ќе ве запознаам нема да биде баш така едноставно... Што знам, барем според мене :)
     
    На pink4ever, Guinevere и wolf4e им се допаѓа ова.
  3. Queen.S

    Queen.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    375
    Бев За фемина собиранка...ама откако ги прочитав мислењата на членкиве над мене се предомислив..за сум за индивидуално запознавање...а масивно не..а и нема да успее....
    Еве предлог ќе се собереме сите некаде...ама нема да си ги кажеме нашите никови и така нема да знаемо кои сме...хахахха што е невозможно....али тоа ми падна на памет хаха
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.203
    Допаѓања:
    41.200
    јас ќе гласам со да/не :D да-искрено, има некои членки, што би сакала да ги запознаам и да направам *мини* собиранка ние 2 на кафе, муабет трачарење итн ... поинтимно би било, и мислам дека веќе доволно знам кои на форумов се сериозни девојки, и можеш да имаш доверба, дека не би паднале на некое ниво да те *ругаат* итн... а групно собирање не, зашто нема да биде тоа-тоа! и никогаш нема ни да очекуваш која се ќе се појави... така да, пред да доживеам некој инфаркт, поубаво ќе си седам на фемина, и ќе ве чекам со нетрпение да се вратите да ми кажете како било :D мала шала :lol:
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    5.143
    Ниту јас несакам. Од истите причини. Ако сакате под маски може :D
    Поединечно со некого би се запознала, но ако сите се знаеме темата “Ми личи на“ ќе треба да ја заклучиме :lol:
    И најнегативната работа според мене околу ова: тој што нема да присуствува ќе се чувствува како црна овца после тоа.
     
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.085
    Допаѓања:
    20.008
    Пол:
    Женски
    Феминки ме предомисливте и мене :D ,сега сум пола-пола, некои одредени членови сакам навистина да ги запознаам лично.. од друга страна ги поддржувам оние кои велат дека би се изгубила магијата... :)
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    1.628
    Дефинитивно не. Се согласувам со мислењето дека ако сакавме да се познаваме ќе бевме пријатели на фб. Јас не би дошла на таква собиранка, може после многу многу години па де се смееме на нашите проблеми и мислење.
    И од таа собиранка( ако се одржи) знаеш што ќе биде - е знаеш која е таа? Барем за нас, ние што живееме во помали градови
     
  8. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    336
    Па доколку се организираме, претпоставувам би дошла. Иако после ќе ми биде можеби потешко да си пишувам отворено. Сепак, анонимноста ти дозволува да бидеш поискрен. Иако незнам зошто, еве додека го пишувам ова се предомислувам. Па што би имала да кријам, не се срамам од моите ставови, случки или доживувања кои тука сум ги напишала. А па од друга страна можеби некоја од девојките ја знам и приватно, па кога ќе се видиме кои сме што сме со уште поголема претпазливост ќе ги пишуваме постовите. Вака е убаво, си имаш замисла за девојките во главата, која најверојатно сосеема ќе смени по средбата. Еве јас сум 100% сигурна дека никој не ме замислува онака каква сум навистина.
    Уфф незнам... Ајде да речам дека сум за!
    Или не :lol:
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.974
    Јас да ви кажам јавна тајна е дека веќе неколку од тука си запознав и си се дружам....плус двете поблиски другарки знаат која сум и знаат дека пишувам овде, а и домашниве 100% имаат сфатено, зошто си го оставам форумов вклучен и кога не сум пред компјутер, па не е тешко да сфатат.... :lol:
    не би ми било проблем да ме знаат, ама па несакам сите да ме знаат....хммм како да објаснам, значи факт е дека форумов го читаат сите (па дури и некои мои другари) па некои од пријателите несакам да знаат што пишувам овде, зошто понекогаш во постовите има и нешто за нив :rofl: :P и на пример не би сакала симпатиите да знаат зошто само би си ги кренале акциите :$ :D
    кога ќе видиш...нож со две острици...ни за ни против....ВОЗДРЖАНА сум, а може и би дошла на таква собиранка ако ме прифатат бубачките 8)

    П.С. ако сте приметиле јас за интимни работи не пишувам, па од тој аспект не се замарам за откривање на мојот идентиет 8) ....ете ви искрено што мислам за фемина собиранката :*
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.865
    Допаѓања:
    117.375
    Не сметајте на мене.Еднаш се изјаснив...
    Ми значи да имам слобода во пишувањето.Фемина ми е релаксација,сериозна играчка,забава,виртуелна дружба кога сум сама или кога не сакам да бидам во присуство на луѓе кои можам да ги допрам.
     
  11. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    6.871
    Никогаш не би дошла на фемина собиранка тогаш ке ми се открие вистинскиот идентитет и нема да може после да се изјаснувам за интимниот живот, а одредени информации кои сум ги кажала или ке ги кажам подоцна би можело да се употребат против мене...... :^)
     
  12. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    2.418
    Би сакала Фемина собиранка , сум размислувала многу околу тоа :)
    Премногу сум љубопитна како некои девојќи од тука изгледаат и би сакала да ги запознаам :$
    Но тоа се само мои мисли , и би сакала да остане само на тоа .
    Не би се појавила од непознати причини .Сепак нашите мислења тука се интимни и затоа и е анонимен форумов. За многу девојќи тука имам некоја замислена слика за нив и не би сакала да ја уништам.
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.779
    Што знам.... искрено, не знам дали воопшто би се нафатила да дојдам, камоли да ја организирам.
    Имам тука кажано доста работи кои ни другарките мои не ги знаат и можеби би ми било срам одредени форумџики да ги погледнам во очи (сепак, кај мене постојат табу-теми кога се работи за вербална комуникација)...
     
  14. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    632
    јас би отишла само да и гушнам сесилија,трендафилка и џули да си помуабетам малку......би отишла и на кафе со нив....зошто страшно сакам да ги запознаам не заради тоа што се едни од постарите туку затоа што ги чувствувам за виститна блиски,паметни и девојки кои многу пати ме извадиле од калта.....ве сакам девојки.....
    сепак тоа не значи дека другите ги дескриминирам,но овие три девојки ги доживувам на посебен начин... :!:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.505
    Јас би дошла...можеби е подобро да се организира некоја мини собиранка, да не биде тоа така масовно за да доаѓаат членови кои воајираат, само за да видат `кој е кој`.
    Инаку цврсто стојам позди секој збор што сум го пишала тука, и немам проблем лично и персонално да го застапам. Мене ме ужасува лагата, вистината не, каква е таква е моја си е и си ја прифаќам како таква!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Јас немам ништо против собиранкава :) Ништо страшно, сме си кажале работи што уствари сите ги правиме. И во живо можеме да си се насмееме, па и нормално да падне некој секс муабет :lol: Као демек не правиме такви муабети со други онака на заебанција :D
    Јас сум за, баш сакам да ги видам лицата на некои феминки :)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.035
    Хммм, масовна собирнака не сум за. Не би сакала да ми се уништи приватноста па веќе не би се чувствувала безбедно и пријатно на форумов со кој се релаксирам :P
    Но поединечно имам желба да запознаам неколку форумџики, меил, фб итн, па и кафе зашто да не.
     
  18. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.646
    Јас од една страна сум за Фемина собиранка зашто јас сметам дека, барем за мене , не би изчезнала магијата на форумов како ни сликата за МисИндепендент зошто сум таква како што се прикажувам на форумов и нема зошто да се сруши сето тоа :) А и сакам да запознам мнгоу од Феминките и мислам дека ќе стекнам многу добри пријателки :$
    Од друга страна пак не би сакала тие што ме знаат да знаат дека јас сум, тоа од проста причина што секогаш пред да напишам нешто би се устручавала :!: а има некои тајни што не би сакала сите да ги знаат :tmi:
    Ама сума сумарум би присуствувала на собиранката 8)
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.779
    Епа тоа устручавање е всушност губење на магијата на форумов :)
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.646
    Зборев за онаа магија демек што идеалите едни за други сме си ги створиле ќе се срушат и ќе ја снема магијата ;) Од моја страна гледано не е така ама секој си има свое мислење :) И устручувањето ми беше за тоа дека ќе размислам два пати у себе пред да опцујам некој :D
     
    На HeidiDiWalt му/ѝ се допаѓа ова.