Стварно би сакала да запознаам некои форумџики и да си направиме добра зезанција,но сепак за собиранка ќе кажам НЕ! Не знаеме кого се можеме да сретнеме таму,ќе се ограничиме во пишувањето,ќе бидеме воздржани и ќе се намали активноста на форумот (нема да го користите форумот како средство за комуникација и барање совет кога се познавате со некого,ќе му се јавите ќе си отидете на кафе ќе се изнамуабетите и крај...) Да си го зачуваме форумчево девојки,гледам и други ама никое не е како Фемина
Се сложувам со сите што рекоа не за собиранката, ако ви било до тоа лично да барате совети од некого, тоа ке сте го стореле со најдобрата другарка, мајка ви, а не тука од девојки кои не ги познавате. Јас лично за некои работи што пишував тука , никогаш не би разговарала со некој што го знам, нека си остане вака се анонимно како што си е
E ако де, и бетер собиранки сум видела Админот со девојката Мене ми паше...Таман може и да налетам на една особа таму
Па имаше повеќе што се изјаснија дека би сакале да дојдат... Може ние да си фиксираме датум, да не биде многу скоро за да имаат време и останатите кои сакаат да дојдат да се информираат. Точна локација и време... На крај краева и четири да сме само Ееее четири жени што се можат да направат....
Јас ви кажувам предвреме од мене многу разговор да не очекувате, не лажам во живо сум многу срамежлива. Иако овде ве знам од форумов, ве читам и слободно зборувам се и сешто, во живо нема да биде така. Тешко се опуштам Ќе си помислите абе ова смотаново Оффспринг е или ни пратила некоја друга?
јас доаѓам секако ,а ако не сакате стив и медицинар јас го пријавувам. јас не лажам секако доаѓам.кажете датум