Јас предлагам да се собереме некаде, најубаво како што спомна една членка во Стив Ама обавезно да има за пиење! Да се опуштиме малку, поинтересно ќе биде, и полесно ќе оди муабетот со некоја чашка пивце, коњаче, винце кој како си милува. Кој е за? Аман само немојте Сабота, не сум тука во Сабота А и верувам повеќето ќе сакаат да излезат тогаш, нека биде Недела не мора да е баш викенд и онака во соба ќе сме.
И јас сакам...Ако не сум многу активна на форумот, ама стварно има некои многу драги личности кои сакам да ги видам
ахааа баш сакам да дојдам, ама не можам. барем малку да пораснам, после зошто повеќето се поголеми така да... подобро ке биде за две-три-пет години
Баш би сакала... Амааааааааа вакво трудничко јас не се одудувам да патувам многу и да скитам... Ајде некоја собиранка повеќе на исток, не нагоре на север
Оффи има јавна покана за спиење и кај мене, уствари си знае она И јас сум ЗА, ќе ве молам секоја една да донесе нешто замесено од дома, да се претставиме со форум имињата за почеток (за да се познаеме), значи јас ќе си влезам и ќе си кажам здраво, јас сум Трендафилка и што другооооо Ааааааа, немојте на форумов тука раззборени и разиграни, а ако дојде до сТредба да си ќутите како риби... Јас доаѓам за муабет и смеа.
Сакам и јааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааас на сТредба Зш мора се да е во Ск, а, а, а ???
Тренди ако ми кажеш “јас сум Трендафилка“- ќе прснам од смеа Како ти текна ова име жити се? Знаеш што ми е најсмешно, ако викнат Трендафилка на улица ( по некоја баба) осеќам дека и ти ќе се свртиш А не верувам дека ќе има многу зборлести, ама како и да е ќе има кој да го чува редот и да не настане некоја тепачка ако се познаат некои сопернички
Луѓе ќе ја спомнам ама морав ова Замислете одбираме датум, место, време и дотичната Притица не чита и ни доаѓа со двајца озвучени батки
Јас ќе замесам пита од праз во форма на пирамида. Ќе ме познаете де Како и да е, јас би отишла ама ако го погодите датумот, за жал во тој поглед не сум многу флексибилна Ако не, здравје на некоја втора собиранка....