Kога ќе пораснам, ќе ви се придружам. Сега вака ептен нема да ми биде убаво. Туку, маркополо ќе ви свири.
аааа немојте така `од денес за утре`...ајде за наредниот викенд да договориме за да имаме време да испланираме сите... Има многу членки кои не се тука и нема ни да се известат...Ангелче на пример се изјасни дека сака, а моментално ја нема... бтв. Дејзи, Маркополо ќе мораме прво да го букираме, нели рече многу бил зафатен 12 саата на работа...сирот немал време на чет да седи. пс. фиши > кога пијат другите ја на крај нај начукана излегувам =)))
Mоже и така...За тие што не се од овде да се организираат... И уште точен датум локација и време да одредиме, и да праиме флаери и плакати
Дечки апаратот за сликање немојте да го заборавите. Очекувам слики. Да ве видам како сте поминале Мака ми е што нема да дојдам, ама некој следен пат сигурно ке дојдам
Леле наместо овде во специјален поздрав напишав за собиранката Девојки, каде планирате да е собиранката? Јас мислам да одбереме за викенд и преку ден некаде на отворено... Парк или незнам... Каде на друго место ќе не трпат толку жени Не, сериозно. Мислам да е преку ден, јас а и повеќе девојки овде сме од друг град и сакаме да дојдеме, а навечер е слабо со превоз за назад.
Епа преку ден нека биде. Ако е во Скопје нека биде во Градскиот Парк. Таман една шетња. А во близина се и сите кафанчиња во ДебарМаало, па таму може да се седне и да се пие.
Aма ако биде така рачунајте тогаш и на воајери и stalk-ери... Мислам дека ако е на отворено, (ај за мрзнење мање више), ама треба да се договориме преку приватни пораки, не вака јавно. Значи ако сакате сите во парк, изјаснете се кои сте, па ќе ви пратиме приватна покана =)))) Со позивница! Кој нема покана не го примаме да се приближи во радиус од 1км од местото на настанот Туку, обезбедување од Лупус ќе ги викаме или Никоб ?!?!
Јас имам една идеја. Нели Трапалче нудеше такси услуги, да го викнеме ние од другиве градови што сме да ни плати такси и да дојдеме во Скопје
Може денски, мене исто повеќе би ми одговарало. А кафанче некое да удревме бе? А? На маси качени, свадби!
Нека кажат повеќето како им одговара, јас би дошла ако е преку ден, а навечер не бива, немам превоз. Ќе се распрашам кога има возови, од Битола за Скопје, таман со Оззи да се сретнеме во воз