^^ Офии кажавме дека не е проблем за преноќевање. Туку кој е главен организатор и кој ќе има право да добие покана?? Мислам нема смисла некој со 50-60 мислења да се пријавува за собиранка.
Јас мислам дека може да дојдат тие што имаат цветчиња... Или? Не знам ама мислам дека треба да се договориме преку Лп.
Само јас мислам дека е боље да не биде собиранката во кафич кај ќе не собере сите па и плус неможе раат да си збориме
Да да, убаво имаа споменато да биде во некој парк или слично... не е исто во кафич и на отворено, жени сме, кој ќе не трпи??
Во парк толку жени па и на ладното? Ќе не мислат гарант дека сме секта некоја. Уште и некој ритуал да си смислиме по можност специјален танц некој. Ако врне таман ќе биде - индијански некој Како и да е, деталите оставете ги за во ЛП Се нафаќа некој да биде главен организатор?
^^срце од други причини кажав т.е. предложив да биде тогаш, секако ќе биде денска собиранката ако добро разбрав Не мислев на Таксират да се собереме Морам едит, на момент не замислив како се наоѓаме да речеме еве кај фонтаната во парк. Еден куп женишта. Малку изгубени. Се запознаваме. Секој си го кажува своето форумско име нели. На пример Еј здраво јас сум Пирамида а ти си? Јас сум Бокичка, а ти која си? Јас Трендафилка а ова е Старфиш. Еј еве го и Бројчето, Скај Ејнџл и Ози Ејнџл. А јас сум Офспринг. Ееееј ја сум Џули а ова е Лилит. И некои дедовци си седат на клупа и играат шах и не следат, нели. Ќе си мислат гарант дека сме дојдени од некоја друга временска димензија, евентуално планета. Многу смешно ми падна бе! Стварно ко секташки некои со чудни имиња плус! Шоу! Ко зелена се смеам сега најсериозно
Јас се замислувам како со Оффи брзаме кон една група жени и тие од таму не гледаат и си велат “е ова мора да се сестрите Оззи и Оффи!“ иста висина, иста тежина... Јас ќе бидам во црно(нормално) па така да си знаете дека сум јас таа девојка ведра но во душата изгорена
Ех колку би сакала една ваква женска феминска собиранка, ама за жал не би можела да дојдам, далеку е за мене Ск. А и каде јас со моите години, да не речам не би ме пуштиле од дома...ај следна прилика.
Е вака сега. Сите што ќе идеме само оставете еден пост за ЛП. Така тој што ќе организира ќе направи некој вид на список, листа, за да знае на кои се да прати ЛП. МОже? Или глупав ми е методот? Едит:А тие што не планираат да не доаѓаат , воопшто нека не пишуваат, ништо лично, само да не се оптеретува темата и да не биде потешко.
А во Велес во колку саатот е? Оти Оззи треба да се качи од Прилеп, па да ме собере мене во Велес, од Велес сум јас ЛП и за мене, ене кај ми е Скопје, за половина час сум таму од Велес со вовчето, чуф чуууууффффффф
Хммм па накај 16 и нешто би требало да е во Велес. Прашајте за од сабајле кога има. Овој мислам дека ви е касно.
оффии чуфф чуффф со вовчето 1х и 20 мин е подобро оди си со автобус, 110 денари ти е карта, имаш на секој пола саат за 50мин си у ск! и плус после кога ќе си одиш, да знаеш дека од скопје за велес воз на секои 3-4H имаш чуффф чуфффф
жени мои најдобронамерен совет! договарајте преку лп, зашто знаете какви случаеви имавме овдека! да не ви се избаци некој со обезбеџење, кај ќе бегате после, цел парк озвучен ќе биде со камери, ово оно, полициски кучиња! не да не се зезам, ама од таков човек се очекувам, дури и да биде скриен позади некоја грмушка и да ја набљудува секоја толпа девојчиња, кои што имаат потенцијал да се феминкиве наши