да да јас го фатив видов дека има ама не го гледав и баш се зачудив сошто го има пак кога го даваа пред некој ден
во недела во 20 и 30 мислам (или 22 и 30) ќе има комедија на Kанал5! (чистачот) Hе е лош, го имам гледано 6/10
Во колку почнува преносот на Виенскиот концерт на 1 Јануари на МТВ? Секоја година или станувам прерано, или од средина го фаќам, никако да го погодам. Ако некој прочитал во весник, молам да ме информира, за да се темпирам.
Па обично околу 11:00 почнува. Јас секогаш тоа време сум пред телевизор... и сон ми е еден ден да отидам таму да го гледам. Ама ќе ми треба вечерна тоалета
1 јануари без виенскиот новогодишен концерт е како нова година без елка Сега прочитав дека почнува во 11.15 Анат, минатата година бев во Виена за НГ, и се мислев, како не ги мрзи луѓево толку рано да стануваат за концертот - ама па обично постари дами и господа идат таму. А сакав да отидам да ѕирнам што се случува пред операта - ма какви! Планирај кога ќе имаме по 60 години, прво те носам на бинго, па после ќе идеме на концертот! И мене ми е сон!
Ако постои нареден живот, сакам да сум мува во Виена за Нова Година. А ако може да се вратам наназад, сакам да го слушам концертот под водство на Карајан. Многу барам? Како мува, не мора да сум во свечена тоалета. А минатата година балетот со фустаните на Валентино? ФАНТАЗИЈА беше. Туку да не сум надвор од темава, фала на информацијата - го местам будилникот во 11 и седнувам пред ТВ. И уште нешто во темава: На МТВ1 моментално има филм што ми звучи интересно (само го наслушувам).
Да не ја заборавиме и новогодишната скокалница, само неможам да најдам кога стартува и дали нашиве телевизии ќе се удостојат да пренесуваат.Јас си мислам дека ако не го гледам новогодишниот концерт дека нема да ми тргне годината па еве години наназад не ризикувам
Малце офф,ама во контекст со муабетот за Виенскиот новогодишен концерт...ако планирате од сега да дојде тој ден кога ќе бидете дел од тоа чудо,уште од сега резервирајте си карти! Неколку години унапред се резервираат картите,кои чинат мини богатство,ама мислам дека се трпи ако имаш огромна желба.Дечко ми ме зеза тамам за златна свадба ем ќе соберам пари,ем ќе дојдеме на ред. Јас имам желба татко ми и мајка ми да отидат еднаш...како удрени секое новогодишно утро игаат валцер,па тоа бре луѓе треба да се награди!
А јас па се чудам зошто во публиката нема млади, се' се некои постари, над 50-60 години Значи, цел живот чекале карти. Инаку, знам дека еден доктор од Охрид бил на тој концерт, со мајка му. Го имаше и во ТЕА Модерна пред неколку години. А нашол некако карти преку австрискиот амбасадор во Македонија, мислам дека дипломатите полесно можат да дојдат до нив.
^^ Епа ќе се обидам да заведам некое деденце со австриско педигре кој ќе може да ми набави полесно карти преку ред, па ќе идеме. И после ќе напишам во темата Разлика во години - дека разликата не е битна! Битно е да се дојде до карти за виенскиот новогодишен концерт Он - топик, вечерва на А1 ама малку подоцна ќе го даваат Народот против Лари Флинт, одличен филм од Милош Форман. Кој не го гледал - ајде бујрум
Знам дека на Сител нема да има филм во 21 , финалето на срвајвр ќе биде. На А1 во 21.20 ќе има Долина на волците. Морам да редактирам за да не пишувам 2 еден под друг. Само што започна ПС Ај лав ју на Канал 5