И фемина и фејсбук ми се вклучени истовремено,но откако станав поактивна на фемина почесто сум си тука мислам дека сепак е подобро нешто
Па за разлика од порано сега помалку седам на интернет воопшто. Порано киснев Инаку, повеќе сум на facebook Четот ретко ми е вклучен, а кога е, секогаш имам нормални разговори бидејќи сите пријатели си ги познавам. Не прифаќам непознати. Гледам слики, читам објави од различни страници итн. итн. И на фемина е интересно, но немам навика секаде да се мешам и да пишувам колку да пишам, ете така воглавном си читам за сериите и уште некои теми што си ги сакам.
^ Е Бонукс е поарен Се шалам бре луѓе не тепајте ме одма Неам фејсбук, вишок на слободно време трошам на Фемина
Јас гласам за Фемина Иако морам да признаам, прво и основно кога ќе вклучам Мозила одам на Фејсбук, проверувам нотификации, пораки и се тоа и веднаш отварам ново јазиче и одам на Фемина. Мора да ми се уклучени двете, иако 80% од времето што седам на компјутер го поминувам на Фемина. Останатите 20% на Фејсбук. Кога ќе уклучам Фејсбук, а немам уклучено Фемина, некако се чувствувам како нешто да ми фали. Досадно ми е да седам на компјутер, не е интересно. А кога ќе имам уклучено Фемина, а немам уклучено Фејсбук, убаво ми е, интересно, ама сепак нешто ми фали. Тогаш го уклучувам Фејсбук на ново јазиче и само така ми стои, за украс Тоа ти е
Фемина! На Феисбук му помина модата, се уклучувам само на две минути и одма се одјавувам, ретко се задржувам подолго, само по потреба. За разлика каде што на Феисбук нема ништо поучно, на Фемина има еден куп едукативни и забавни работи за сите генерации, буквално секој може да си пронајде нешто интересно.
Кога сум пред компјутер задолжително и на Фемина и на Фејсбук сум уклучена, ама Фејсбукот само си стои така во случај некој да пише нешто, но навистина стана досаден во последно време. Почесто сум на Фемина сепак... и поинтересно и далеку покорисно.
Јас не гледам баш сличност за да се успоредат, освен ако не се мисли каде повеке си го трошиме времето. Фејсбук немам бидејки не ми се допаѓа како функционира, така да Фемина е мојот избор Инаку оф топик, Твитер обожавам. Секси ми е, без упади во приватноста, онака кратко и јасно....
Фемина го јаде фејсбук во два залака! Да бар имав толку креативни пријатели на фб па и забавни. Има ама ретки се
Фемина е сајт и форум само за женски, додека фејсбук е комуникација помеѓу пријателите и сл. Има голема разлика помеѓу фејсбук и фемина. Јас бидејќи вчера се приклучив и сеуште не сум запознаена многу со Фемина, ќе одберам ФЕЈСБУК.. Иако морам да признаам дека фемина е многу едукативен и интересен сајт каде што можам да најдам се што ми треба, фејсбук го користам само за комуникација помеѓу моите пријатели
Дефинитивно ФЕМИНА! Си го избришав Фејсбук, значи тапа беше веќе ептен и не може да се спореди со Фемина! Тука е многу повеќе забавно!
Фејсбук е (како демек) сајт за комуникација, социјализација меѓу луѓето, но во последно време е крајно досаден. Ги уклучувам и фејсот и Фемина, но сепак на Фемина се дреме повеќе, ем е корисна, едукатвна и ЕМ запознаваш нови луѓе! Па, мојот избор е Фемина.
Фејсбук во последно време ми стана ептен монотон. Не гледам веќе ништо интересно во него. Го уклучувам само за комуницирање со пријатели и толку. Фемина ја уклучувам секој пат кога сум ставена на интернет. Се каам што порано не го открив форумов