Фејсбук немам, на сакам ни да имам. Тука ем си се дружиме, ем си се караме, ем сме си женички, ем по нешто ке си научиме, ем ти се заштитени личните податоци. Па ово нема ни у Београду
Децата ми направија профил на ФБ,но неидам на ред од нив дома,па затоа си се зачленив овде и многу ми е интересно... (во поверение иако сум повозрасна)
и двете на фацебок се оклучувам прво погледнувам што има ново слики... потоа цело време на фемина само си ги погледнувам нотификациите.
Користам и фејсбук и фемина, и таму и таму ме има, али не сум некој голем фанатик или зависник од фејсбук, инаку тука на фемина ми е поубаво ако ме мачи нешто можам да се искажам а при тоа никој да не знае која сум што сум, читам работи и учам нешта кои ми се наоѓаат во животот...не би се откажала ниту од едното ниту од друото, дека на фејсбук се поврзувам со луѓето кои ги сакам а кои не се од мојот град, и нормално постојат телефони но вака е поефтино
Имам фб и седам можит по 4 час дневно ама колку да ми помнит денот и баш ништо немат интересно....Ова ми е втор ден кај сто се имам регистирано на femina и ми е милион пати поинтересно и позабавно овде..
Многу повеќе ја сакам фемина,фејсбукот веќе ми е досаден нема чувство за ништо...а на фемина е посебно,ептен феминистички настроено.
Не би можела да се одлучам. На фејсбук дознавам што се случува во околината, кој со кого е, каде бил, каде ке има журки, на кој кога му е роденден, комуницирам со другарите и роднините, си манјачам убави дечки Фемина пак повеќе ја користам да го пополнам времето додека седам на пц, а нема ништо интересно на фб. И за поучни цели Има само една работа што ужасно ме иритира, а тоа се оние постарите форумџики кои го користата форумот како место за пракање поздрави и собирање ѕвездички, или пак оние ироничните и саркастични коментари со кои им одговараат на оние испод нивната „лига“. Сепак каква и да е фемина и без неа неможам се нешто што ме интересира можам да си дознаам овде.
Не можам да правам споредба бидејќи немам Фејсбук. Но, Фемина ми е на прво место ако ја споредувам со некој друг сајт. Се заразив ете. Како пред 5 години кога морав да влезам на МСН, така сега инстинктивно пишувам forum.femina.mk
Фб нема шанси со Фемина во никој случај Имам и фб ама едно седнување на компјутер прво се најавувам на Фемина жива зараза е ...
Па бирам фемина.. До пред некое време бев и на двете ама сеа фемина ми е на прво место.. и тоа го заклучив откако останав без акаунт..
Глупава е споредбата, фб е социјална мрежа, ова е форум. Фб отворам кога имам потреба, кога треба да се договорам со некој или да најдам некој, а форумов обавезно ми е уклучен.