Вау, Фејсбук добил конкуренција.. Не сум знаела дека Фемина му го вади лебот од уста на Марк Цукерберг.
Епаа сега...баш ФЕМИНА неможам да ја споредубам со ФБ или обратно, бидејќи фб е социјална мрежа и пријателите можеш да ги најдеш во кое било време, а на фемина никого не знаеш но сепак кога е досадно седам на фемина и пишувам мислења за да добијам бело цветче
Прашањето на форумџиката што ја отворила темата беше Каде поминувате повеќе време, на Фб или на фемина, а не ги споредува како конкуренти пошо едното си е социјална мрежа а другото си е сајт за жени, што нема допирна точка едно со друго. Така да коментари само за мрчење и превртување очи едноставно не се од корист за никого. Не знам што ви е поентата кога настапувате со доза на иронија на не соодветно место. Не е битно Јас лично, од секогаш повеќе време поминував на фемина, бидејќи не може да ти здодее, се нешто ново, поучно. На фб се уклучував само за игрите и ако ми притребаше неко, едноставно не правев ништо
На фемина сум цеееллл ден на фејсбук само видам што има ново или кога ке ми притреба некоја другарка.Досаден ми е веќе фејсбук,фемина е поинтересна
па искрено фб ми е само за информации од одредени фирми кои ме интересираат. Повеќе уживам да сум на форуми, така да, кога станува збор за фемина и фб, изборот паѓа на фемина.
Немам фб веке цела година ,иииии guess what многу,многу ми е поубаво вака ,не се "замарам" со кој како што постирал ,па кој како си поминал минатата вечер па 10000 слики сликани во ве-це со напрчени усни,па леле душичке најубаво си поминавме ..... ват а фак ... ме заболе таквото за некои рандом луге што и како правеле ,во колку си легнале итн итн ... мислам хелоу луге зар не ви е досаден тој сајбер живот ??? или толкав ви е коефициентот на интелегенцијата спуштете се малце на земја ,и вратете се во реалниот живот .
Нема разлика ... Полека но сигурно ја снемува разликата . Само чекаме да стават за чекирање чекај до душа не треба и така може да си пишеш кај си , кај си бил и кај ќе одиш . Многу ми е криво што е така се губи смислата бар на мене . Анонимноста повеќе се повеќе ја снемува , а со тоа и мистичноста . Почнува да биде исто еј на фб си да на розовиот фб овој на фемина
Јас сум нова челнка тука инаку и порано доаѓав да прочитам по нешто На фејс и не сум толку често но тука сум секој ден така да поубаво ми е на фемина
Фемина дефинитивно. Во последно време фејсбук не ни уклучувам максимално време што ми уклучен е 10 минути .
знам дека на фб нема да најдеш ништо слично на ова каде што ќе можеш да се едуцираш за нешто повеќе......имам и фб се уклучувам многу често за допишување слики итн и на фемина сум нон стоп по чат и теми....навистина сега дознам колку е значаен форумов....дознам многу корисни работи.
Фемина изобилува од совети, корисни теми и мислења, прекрасни девојки кои во секој момент се подготвени да те ислушаат, да те посоветуваат, да споделат со тебе и добро и лошо. За разлика од тоа фејсбук е полн глупости, ништо нема што корисно да научиш, само губење време е! Кога би бирала помеѓу двете, секако би ја избрала фемина.