Убавината на живеење во 2018 година (со исклучок на некои места, ама барем тука) како жена е што можеш да одиш на работа, можеш и да миеш стапала на мажот и да правиш ручек, и да работиш како таксист, и во рудник и во банка или проектантско биро. Исто како мажите, отсекогаш.
Воопшто не се согласувам со тебе, каква заблуда душо...оди читни малку биологија и научи во што се разликува машкиот од женскиот пол
Биолошките различности не прават различни и затоа никогаш нема да бидеме исти во сите погледи. Дека машките се физички посилни од жените тоа е факт со исклучоци секако. Природата не создала такви никој не величи ништо тука.
@baba Rada @Vitaly Никој не бара жените да бидат биолошки еднакви со мажите. Koја е потребата од таква глупост, и зошто ставате акцент на нешто толку неважно и прохибитирачко за феминизмот како идеалистички концепт? Аха, затоа што немате други аргументи. Рада, сигурна си дека го сфати мојот пост? Ај не биди суетна, туку искрена. Не ми е целта да деградирам никого, само сакам да знам дека се разбираме доволно добро, за да сфатите дека никој не бара екстра права овде, туку зрела еманципација и одговорност во сите општествени пори.
А бе, уште ли се бламирате со игнорантност до плафон? Не ли ви здосади? Сѐ на што алудирате и плукате е далеку од вистински феминизам, туку е само изолирана радикалност на social justice warriors од кои се оградуваат сите нормални либерали. Не, феминизмот не тера ниедна жена да биде мажествена и да врши тешка физичка работа, ниту пак омаловажува жени кои се грижат самостојно или во склоп на семејството за дом, храна, деца. Туку тој феминизам и овозможил на жената избор да биде што сака, да биде било каква комбинација од сето тоа, и како таква правата во општеството да ѝ бидат еднакви со мажот. Срамота е една возрасна информирана и образована личност за целиот феминизам да има слика еднаква на бесни разголени жени по протести за кои небричење е симбол на еднаквост.
Ај не сум мажена ама ете и во врска...овој дечко ми испаѓа будала шо не ме контролира кај сум и со кој сум...да не случајно фатам некој друг знаете... @Vitaly да, и јас како биолог ти потврдувам дека мажите и жените имаат многу биолошки разлики, да не ги набројувам. Ама овде темата е дека општествено треба еднакво да бидат третирани. А тоа што не ја гледате разликата е ваш проблем.
Мене ми е смешно колку некои луѓе немаат свое јас, па од пуста желба да бидат интересни и само да одат контра на форумот, 2 месеца се во стил "јас сум самостојна, кој ги е*е мажите", а следните 2 месеца радо би правеле сендвичи и би им ги миеле нозете. Наместо да кажувате која тука е неебана, и која барала стручна помош затоа што се осмелила да посети психолог, може да расмислите дали вам ви е потребен. Некако на NPD потсетува ова вашето, во стил, не е битно што мислам, битно најдобра сум од сите. Или може ѕвездите така ви се наклонети, така рекол хороскопот, три месеци да ги мразите антифеминистите, останатите три да ги мразите феминистите, битно вечно да си хејтер и никогаш да не дадеш пофален збор за никого
Па кој треба да бара? Тоа не е побарување туку тоа е реалност. Освен во земјите каде сеуште владее исламистичко уредување незнам каде веќе не се третирани еднакво жените. Имате право на глас, на збор, на образование, на брак, имате право да работите, имате право дури и државата да ја водите ако имате доволно способности.. Незнам што не е еднакво веќе, посочи. Според пропагандата која ја водат феминистите по интернет гледам дека и сметаат биолошките различности инаку се друго што важи за мажите важи и за жените.
Ги посочуваме проблемите веќе 5 страни наназад, ама вие нејќете да читате убаво или намерно игнорирате и испревртувате се што ке кажеме. Јас веќе изгубив енергија за расправање. Немам доволно маж во себе.
Витали, запознаен си со терминот прикриен стереотип? Многу од посочените права кои ги наведе формално важат на хартија, и се почитуваат, но старите програми на размислување дека жените без оглед колку и да се трудат не се доволно добри колку мажите се сеуште присутни, и тоа не е карактеристично само за Исламските Држави, туку и за овде на Балканот! Сакаш да зборуваме за бирократскиот систем и за тоа како според родовата различност се распределени работните места? Во ред, ама само ако ми дадеш образложение зошто жените се повеќе вклучени во образовниот сектор, како воспитувачки, учителки и професорки, а многу помалку се инфилтрирани во политичките и административните сфери како високи функционери со претседателски функции или водичи (директори) на големи корпорации? Следно, зошто сеуште постојат етикетирања од сексуален аспект кои ги линчуваат жените, додека мажите се ослободени од такви вербални прозивки? Тоа е еднаквоста за која се борела Роза Луксембург и трите генерации на феминсти? Не, не е. Движењата треба да продолжат додека не се створи вистински еднакво тло за сите.
Добро те разирам ама не заборавај дека 500 години исламот демнеел по Балканов. Инаку сигурно нема некој тебе да те фати за рака или некоја друга жена и да те стави на висока функција. Нека се појави жена и нека ја создаде големата корпорација инаку како на друг начин да биде директор на голема корпорација? Нека се докаже пред народот и нека стане председател, нема друг начин. Има многу држави низ светов со жени на високи функции дури и во далечното минато имало.
Феминизмот е плод на анархизмот. Една од првите феминистки е и Ема Голдмен, а анархизмот е плод на социјализмот кој се јавил како резултат на тогашното неуспешно либерално општество во времето на индустријализацијата (која започнала од Велика Британија) во осумнаесетти век, во време кога работниците работеле по дванаесет саати на ден без одмор во текот на неделата. И се залага за поголеми права на работниците и за подобрување на либерализмот како и за поголеми права на жените, исто како што тоа го правеле и анархизмот, марксизмот и социјалдемократската идеологија, само на свои начини
Исламот не е присутен само 100 години туку и денес, и е дефинитивно одговорен за стварање на оваа репресивна клима, ама за тоа е одговорен Светскиот Поредок кој го прифати како конзистентен, не жените. За да се појави жена со лидерски способности не е проблем, проблем е колку истата ќе биде финансиски и морално подржана при остварување на таа идеја. И не, не мислам на давање пари на вересија, туку мислам на реален приход даден на заем кој е потребен при отварање на одредена задруга, а за кој најчесто последниот збор го има маж кој удобно седи на фотеља и дава одобрувања или негации. Мобингот, најчесто сексуален, е исто така многу вреден за споменување. Уцените кон жените, и работите кои мора да ги прават за да ја задржат моменталната работна позиција се проблем број еден во однос на недоследностите со кои се соочува феминизмот денес. Затоа вака надворешно изгледа како да е се во ред, а во суштина не сме направиле никаков помак, туку сме ставиле само уште еден конглометар да виси во низата.
За својата цел треба да се бориш.. Кастро револуција започнал со една шака луѓе, ако некој е квалитетен без разлика дали е маж или жена треба да се стреми кон својата цел а не да чека од останатите. Уцени кон жените не прават сите тоа се исклучоци, но зошто не спомнуваш дека многу жени денес и нудат услуги или одредени работи за да добијат работно место, се поголем е бројот на спонзоруши.
Никој не успеал сам во ништо и никогаш. Ако е идејата создадена потребни се подржувачи. Секако дека главната работа треба да ја заврши човекот кој планира да создаде корпорација, (во случајот жената), меѓутоа не може без апсолутно никаква помош да го направи тоа, а истото важи и за мажот, со таа разлика што голема е веројатноста дека жената работејќи рамо до рамо со мажи колеги директори, нема никој сериозно да ја сфати и покрај нејзините квалификации, па ќе треба два пати повеќе да се потруди, а не е целта повеќе да се труди, туку да биде еднаква со мажот настрана од биолошките неважни диференции. Ако жената понудила сексуална услуга не значи дека мажот треба да ја одобри. Има право да ја одбие, па дури и да поднесе кривична пријава против неа. Ама пак не гледам каква врска има тоа со феминизмот и ова што го зборуваме јас и ти сега. Впрочем, и самиот факт што мажите одобруваат ваков вид услуги за противуслуга е показател до кое рамниште сме регресирале како општество. Тука е проблемот многу подлабок и проблематичен, ама не е за тема феминизам. Проституцијата како ланец јас го одобрувам. Ама не во професионалниот колосек, каде треба да се расправа за економија или правен систем. Тие се засебни.
Денес во Европа е дозволено жени да работат што сакаат според уставот, но зошто сеуште одбираат исклучиво женски професии? Зошто нема мешани спортски лиги каде што мажи и жени ќе играат рамо до рамо фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, тенис? Зошто жените учествуваат со минимален процент во воени операции? Професии кои бараат тешки физички работи? Професии базирани на наука и технологија? Стереотипи или биолошки можности на најголем дел од жените?
На Гош и се обраќаш и и поставуваш дијагнози? Срамота. Мене ми се смешни на пример луѓе кои не знаат колку години трае мандатот на претседателот на државата во која живеат, а година наназад ја оправаа истата таа држава, дури не добија помош да го наместат дебелото задниче во фотелјичка, оти сами не можеа. Во духот на феминизмот. Воедно ми е трагично постоењето на луѓе кои се доволно лицемерни да бидат мајки терези кога ним им одговара, а инаку да деградираат се што не се вклопува во нивниот ограничен светоглед, од пуста несигурност, и тоа они имаат свое јас, а што би било да го немале. За моето јас да не се грижиш воопшто. Стојам зад се што сум напишала, и можам да го поткрепам со факти, за разлика од некој кој ќе остане фрустриран у светот кој никогаш нема да стане онаков каков што го замислува. Тие малку аргументи што некои од феминистите ги понудија овде, лесно можат да бидат побиени, инаку целиот концепт ви се сведува на лични напади и обиди за дискредитација, па, мислам дека повеќе нема да ја следам темата, зашто повторно ќе морам да ги употребувам вашите методи, а немам желба за нешто такво. Само ќе повторам дека не се пронаоѓам во идеја која успева да привлече толку многу луѓе кои не поработеле на индивидуалниот развој доволно за да бидат отворени кон поинакви погледи, ете барем да прикажат доволно толеранција и однесување на ниво на возрасен човек кога ќе се сретнат со различно мислење, без емоционални изливи. И уште еднаш, почит кон исклучоците, но целосно паднале во сенка.