Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Еј, замисли, работам машка професија за која не ми требаше ни партија ни фотелја, што не е физички тешка, ама се уште се декларира како машка затоа што многумина сметаат дека биолошки женските не се способни да бидат паметни 8-|8-|8-|
    Мислам дека многу убаво знаеш за кого се однесуваше горниот пост.
     
    На Alisa22, WildMk, Lolo5 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Потпишувам до збор.
    Ова постирањево асоцира на седење со другарки и оговарање и ништо друго.

    Се додека сама го избрала тоа и нема насилство и малтретирања ок е. Ова ко да се исмева некоја шо има три деца а е 22-23 години.
    Па сама го одбрала тоа не може секој да биде rocket scientist(можда и може, ако сака), едноставно сака деца.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Патем...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Lolo5, Nausicaa, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Точно, никој потполно сам не успеал ништо но не треба се на другите да оставаме. Како што кажав, има многу случаи каде жени се на високи функции.
    Тука гледам како пак кривицата врз мажот се префрлува. Да, не е добро што тој прифаќа такви услуги но не е добро и да се нудат такви услуги за работно место. Сепак некои мажи прифаќаат такви услуги а замислете што би било кога тие би нуделе.
    Проблемот е во тоа што тие сакаат само кога нив им е воља да бидеме еднакви. Треба да бидеме еднакви од една страна ама од друга страна ислкучиво мажи треба да работат по рудници да висат по бандери, тие да го прават првиот чекор и тн.
     
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Витали, ти би работел во рудник? Би висел на бандера? Еве, како машко.
     
    На Lolo5, Ketchup, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Ако е тешка работа ама сепак некој треба да ја работи, зошто само мажи ја работат? Тоа дали им е работа од соништата или не, не е муабет. Битно е дека работата постои и ја работат само (претежно) мажи.
     
    На Petra777, Abeja и baba Rada им се допаѓа ова.
  7. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Прво, затоа што ретко кој работодавец би примил жена да биде градежен работник, на пример.
    Второ, девојчињата уште од мали се воспитувани дека тоа се машки работи, а тие треба да се нежни и деликатни, па така си го одбираат и школото, и ако одат во средно стручно не би одбрале некое од „машките“.
    И трето, и хигиеничарки се најчесто жени, а тоа е исто тешка професија, само жени работат по конфекции, а тоа е најмалку платена професија (дури и минималната плата се разликува за нив и е пониска) итн.

    За некои професии треба и физичка сила, па полот треба да е небитен. А што правиме со одделенски наставнички, девојчиња за работа, машки инженери? Каква улога игра полот тука што исклучиво се бираат вработени од едниот?
     
    На WildMk, Lolo5, AnotherLiar и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Да не се лажеме, ама мажите секогаш ќе бидат посоодветен избор кога станува збор за работно место каде пресудна е физичката сила. Кога би аплицирале за рудар просечен дечко и просечна девојка, работата треба да ја добие оној кој ќе даде најдобри резултати а тоа најчесто ќе биде момакот, зошто е физички помоќен. Значи, збориме за биологија, и нема тука што јас како девојка да се лутам што не сум одбрана за таа работа кога свесна сум дека на поле бицепси и трицепси потфрлам во однос на машкиот пол.
    За висење на бандери ти треба обука, односно завршено средно од таа област. Многу добро знаеме какво е конкретното средно и колку девојки се запишуваат таму. Да имам ќерка, не би сакала да учи таму.

    Се согласувам скроз дека не треба машкото да е тој кој го прави првиот чекор. За жал, живееме во тапа средина каде се смета дека девојката е очајница или „загорена“ ако прва пише.
     
    На Ketchup, Sanjichka007, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не знам, и мене тоа ме интересира.

    Хигиеничерка тешка професија? Ха, баш на исто рамниште со работа во рудник или градежништво.
     
    На Petra777, Baby-bubu и baba Rada им се допаѓа ова.
  10. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    Феминизмот стана рак
     
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Повеќе мислев од хигиенски причини, поради ширење зарази и сл.
     
    На Lolo5 и Ketchup им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Каква зараза, не чисти во Чернобил, на поголем ризик од зарази се подлежни вработени во здравствени установи. Оној на скеле во височина на 40 степени на што е изложен?
     
    На Petra777, Rama, Abeja и 2 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски
    Аууу...која глупост.

    Феминизмот ми е драга пријателка која нема никогаш да ја убие жената во мене.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Добро, супер е да се чистат јавни тоалети :)

    Тој на скеле на 40 степени не треба ни да работи кога е 40 степени, ама тоа е веќе друг проблем што нема врска со феминизам. И без разлика дали имам ќерка или син не би сакала да работи во такви услови.
     
    На WildMk, Ketchup, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ciudad_juarez

    ciudad_juarez Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2016
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Машки
    ne se moj zborovi
    [​IMG]
     
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Добра мајка ќе си, оти некои ете не се и план имаат детето чистачка да им е или градежен работник.
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.589
    Пол:
    Женски

    Уште подобро.
     
  18. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.240
    Пол:
    Машки
    Јас не сум чул на некој да му паднала метла врз глава и да умрел.
     
    На Abeja и sjdgo им се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    Леле браво.
    Па тоа ми беше муабетот.
     
    На Lolo5 и Ketchup им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кога би имало мањак на вработени во рудниците, кога би недостигал кадар, би се одело кон интеграција на жените.
    Вака - работодавците не запослуваат жени од едноставна причина што поголем профит може да извадат од мажите.
    Од друга страна, во Австралија, кај што има страшен недостаток на вработени во рудниците, напорно се работи на интегрирање на жените во оваа професија и процентот на жени рудари се зголемува секоја година.

    Изгледа не ни имаш твои зборови.

    СЕКОЈ треба да може да работи што сака.
    СЕКОЈ треба да може да чува деца и да не работи, ако сака.
    НИКОЈ не треба да го прашува партнерот за дозвола за да излезе на кафе.
     
    На WildMk, Lolo5, Nigredo Odor и 6 други им се допаѓа ова.