Не знам како не се сетив порано на видеово, ама гледајте го. Горниот коментар за во кујна ме потсети на ова.
Најголема пародија на целиот форум е тоа што тие што највеќе ја застапуваат тезата дека жените треба да ги работат истите машки професии и тешки физички работи не дигнале потешко од молив.
Кујната е исто машка професија. Најдобри светски кувари се мажи, а исто така најголем дел од шефови на кујни и главни готвачи се мажи
Ко што гледам темава страни уназад е за сфаќање на се’ лично, па нема врска. Се однесуваше на мрш во кујна шегата, инаку јасно ми е дека мажи се најчесто физички посилни, па затоа работат физички работи.
Никогаш низ Скопје не сретнав преселба на женско да си ги викнала другарките да и помогнат да префрлат мебел на 5 кат. Зошто сами себе се дискриминирате?
Еве, јас последните два пати само со женски се селам, ништо не ми фали, нити ми падна влакно од косата Изгледа Бриџо и тебе не те викаат другарките на помош
Лани брвме на одмор у Охрид со поголемо друштво, меѓу кои една другарка што е феминистка. Пукаа огномет на плажата и лилјак и се бутна у соба И ми се јавува на телефон испаничена аман заман доаѓај да го избркаш. Ок, дојдов, го избркав. А она со страв полека влезе и ме замоли да не излегувам додека не се осигура дека нема ништо у собата Што ми е поентата? Сосема е во ред машкото да е похрабро од женското. Кога би било обратно, тоа би било turn off за жените. Замислете маж што ви тропа со пискање на врата да дојдете и да му утепате бубашваба у неговата соба Ве пали тоа? Друга прича. Дечко и девојка се шетаат на дожд. Романтики а у. Одеднаш силно загрмува и она се прилепува у него, а не тој у неа. Тој заштитнички ја прегрнува. Дали е ова нееднаквост против која треба да се бориме? Не. Сосема е нормално дури и на ниво на инстинкт жената да сака да биде заштитена од маж покрај кого се осеќа сигурна и безбедна, а во машкиот инстинкт е да биде заштитувач. Истиот инстинкт постои и кај мајката кон своите деца. И ова воопшто не е лошо. Она што е лошо и против што се борат феминистите не е кога мажот ја употребува својата сила за да ја заштити жената, туку кога ја злоупотребува за да ја искористува, понижува, повредува и сл. Тука лежи проблемот. Мажот се деградира себе со кога крева рака на жена. Зад таквиот маж се крие голема кукавица што лечи фрустрации врз понежниот пол. А и жената ја деградира убавината на својот пол кога сосила се прави машко со цел да покаже дека е буквално еднаква на машкиот пол. Не треба да бидеме буквално еднакви туку треба да бидеме рамноправни!
Интересна темава, навистина. Си отворам овде од време на време, да видам дали се згустило. Само што немам пуканки со мене, обично кафе. With that being said, абе оти во секоја тема анализирате членови? Не е убаво вака. И колку се сфаќа сериозно форумов, ако напишеш нешто спротивно од мнозинството веднаш ти ја спремаат кладата. И аман веќе со долгава практика на навреди, во секоја тема истото. Како и да е, ако си напишам што навистина мислам за модерните феминистки ќе поттикнам нов бран напади, така да ќе го искористам правото на молк. *Темава била креирана во далечната 2011 година. Читав некои од постарите мислења, од членови кои се long gone, сите знаеме зошто. Од тоа што прочитав, ми се допадна мислењето на Пирамида. Фино скоцкано. Знам дека за некои овде била контроверзен лик. Ама не ми е гајле.