Кога работев во магацин и кревав пакети исто како и мажите колеги затоа што ми требаше работа, не ми личело, жена сум била. Кога работев во кафич, бев расипана. Кога работев како контролор и гордо носев машка униформа, не ми лежела работата, за мажи била. А, мене ми требаше работа и бев работоспособна па не пребирав и не гледав машка/женска работа. Кога ставив тетоважи, се шишав со машинка и носев широки панталони, изрод, на жена и личело да биде нашминкана, со долги коси и фустани. Кога слушаат дека со маж ми ги делиме домашните обврски, кога го гледаат како ми прави кафе, менува пелени на детето, прави ручек или пушта правосмукалка, папучар бил, се знаело кој е маж во куќа и дека домашните обврски се само на жената. Кога маж ми зима слободни денови за да ги чува болните деца дома, а јас одам на работа, не чинело така, не личело, мажот е да оди на работа а жената дома да чува деца и да готви. Кога излегувам на кафе со другарка а сум мајка, не ми личело. Срамота и греота е што сеуште постојат луѓе со вакви размислувања и што жените ги гледаат со презир и потсмев. Жените не служат да бидат само робинки, домаќинки и да немаат право на глас. А, уште пожалосно е кога вакво мислење има жена...
https://www.insidehighered.com/news...rform-men-service-their-possible-professional https://www.insidehighered.com/news...xperience-more-work-demands-and-special-favor Ме мрзи да разглабам, прилично добро е објаснето
Emi ok de, ako ja prasas tepanata ke ti reci deka ne i e ubo. Ako nas ne prasas, ubo ni e Ako ni e ubo, kako saka neka izglea toa za drugite .. okej e
Не бе, не ни треба феминизам. https://www.fempositive.com/women-s...sbands-breakfast-bed-according-male-lawmakers
https://medium.com/we-the-peoples/s...sing-social-media-for-change-irl-24b16ce0a965 Македонска активистка, дел од кампањата #СегаКажувам, е спомната од UN Women меѓу 6 жени кои ги користат социјалните мрежи за промени. Рамо до рамо со Ема Вотсон Браво за Ана Василева!
Оваа година Нобеловата награда за мир отиде кај Надиа Мурад и Денис Муквеге. Денис Муквеге е гинеколог и христијанин кој веќе 20 години, секоја година оперира по околу 3500 жени и девојчиња кои биле жртви на силување кое се користи како метод на војување во ДР Конго. Тој е дефиниција за вистински феминист, некој што во најтешките услови всушност прави разлика во животот на илјадници жени и девојки, а не некој што во име на женските права турка ЛГБТИ агенда, редефинирање на род, легализирање на проституција, организира паради со црвени чадори и излози со полуголи жени, и се друго за што се добива добра пара од Европски фондови. Не, нема многу помпа во неговата болница, ама има вистински чуда, затоа и го викаат Doctor Miracle. Прочитајте повеќе на линков: https://www.bbc.com/news/world-africa-45759304 Во еден негов говор вели: „Останува на нас, наследниците на Мартин Лутер, преку Божјото Слово да ги изгониме сите мачо демони кои го опседнале светот, за жените кои се жртви на машкото варварство да го вкусат блаженството на Божјото Царство во своите животи.“
А сексизам е тоа што Надиа Мурад е исто толку заслужна за наградата како и Денис Муквеге, ама неа никаде не ја спомна Патем, овие двајцата се борци против сексуалното насилство. А убаво знаеме и двајцата дека групите против кои толку жестоко се бориш се најчести жртви на сексуално насилство.
Хах, ја спомнав и тоа со име и презиме како добитник. А ти па ни толку не си ја спомнала А според твојава „логика“, други можат да кажат дека дискриминација е тоа што не сум ги спомнал и другите Нобелови добитници (за наука, за литература). Според трети е расизам затоа што спомнувам црнец, а не од жолтата и белата раса. Итн. Секој што мрази некого може да му најде забелешка зошто спомнал нешто, а не спомнал нешто друго. А ова моево нема врска со сексизам. И да беше машко вториот добитник, пак немаше да го спомнам, од едноставна причина што сакав конкретно да пишам за Денис она што мене лично ме импресионира кај него. Слобода на говор е да пишуваш што сакаш и за кого сакаш. Ако сакам да пишувам за Станлио, не мора да пишувам и за Олио. Тоа не значи дека го мразам Олио или дека го „дискриминирам“, туку едноставно сум сакал да пишам збор два за Станлио.
Значи кај Надиа Мурад ништо не те импресионира? Жалам, ама тоа е сексизам. Кога двајца од исти ранг ги делиш затоа што едниот те импресионирал, а другиот небитен. Знам дека уште не ти се обработени концептите во глава. Никој не ти ја забранува слободата на говор, ама да зборуваш за феминизам, а од двајца луѓе кои добиле награда за исто да те импресионира само машкото. Хм...
Не само христијанин, туку и протестант Абе, Марија Кири немало да добие награда за физика да не се побунел Пјер. Пошо @EvAngelos е "физичар", сигурно го знае тоа. Ваљда и нејзе незаслужена и била. Е, Ајнштајн ја шутнал Милева (небитна, жена, нели). Џоан Кларк рамо до рамо со Тјуринг разбивала кодови. И неа кој ја шиша. Исто ти доаѓа и со Денис Муквеге. Колку и да звучи наивно ова "ја спомнав, за него пишав затоа што ме импресионира", реалноста е многу подруга.
@DAngel, борба за феминизмот не е да гледаш кој на форум спомнал машко, а не спомнал женско или кој спомнал 5 мажи, а само 4 жени, или кој пишал 13 реченици за машко, а само 12 за женско и слични цепидлачења. Главната причина заради која пишав за докторов Денис е затоа што тој е дефиниција за вистински феминист, некој што во најтешките услови им помага на жените и се бори за нивните права - онаму каде што навистина ги немаат. Првата пациентка што му ја донеле и го инспирирала за таква служба била силувана жена со куршум во гениталиите. Некој варварин од другата завојувана страна ја силувал и на крајот и испукал куршум во вагината. Други му ги носеле со изгореници и сл. Тој лекува по околу 3500 вакви жени годишно, веќе 20 години. И тоа не само хируршки, туку помага во нивната ресоциоализација и лечњето на нивните трауми. Тоа е вистински феминизам.
Сменети се луѓето,сменети се времињата,сменети се условите според кои се доделува Нобеловата награда но едно останало не сменето за да се спомне и награди жена во тимот на Нобеловци мора еден или бар 2-3ца соработници да се мажи. И да Пјер да не напишел во писмото дека Марија започнала да истражува за новиот елемент радиум немало ни да ја спомнат а камо ли наградат. Млада хемичарка/физичарка по потекло од Полска,мајка на две деца зарем можно било да има повеќе мозок од рандом маж во 1903та?
Никој не ја негира вредноста на докторов кој им помага на жртви на силување во воено подрачје, без разлика што е маж или истакнат христијанин - секоја му чест. Ама, тоа не го исклучува на никаков начин фактот дека и правата на ЛГБТИ жените спаѓаат во вистински феминизам. Некој кој ги смета лезбејките, бисексуалките и транс жените како грешка на природата која треба да се излечи, нема никакво право да зборува за феминизам и да мери и дефинира негови „вистински“ и „лажни“ типови. Сигурна сум дека големиов човек на момент би се засрамил да знае каква личност, на кој начин и со која подла цел некаде во една мала земја Маќедоња на форум, го елаборира неговото заслужено добивање на наградата.
Зошто да се засрами? Со докторов имаме апсолутно идентични ставови кон ЛГБТ идеологијата. Гарантирам со живот дека докторов никогаш не учестувал, ниту ќе учествува на пример во операција за промена на пол. И мило ми е што и покрај тоа го нарекуваш "голем човек". Дури не ми се верува. Можеби непромислено го нарече "голем човек".
^ Немој со својата злоба и екстремистички погледи да валкаш нешто толку племенито како што е Нобеловата награда.