Пфффф!!! Религијата ќе те научи да почитуваш жени?! Како бе брат? Со то што ќе им кажиш дека се направени од реброто на Божјето чудо Адам, и дека се направени за пресветлиот Адам да се 'занимава' во рајот?? Дефинитивно!! Кажи им и дека мора да се 'чисти' пред брак! Оти Јосиф немало да ја земи Марија, ако не дошол лично и персонално, ангел, да му каже дека е 'чиста'! Чиста еј молим те!! Чиста (???) Челнџ аксептет! Имам аргументи да те 'здробам'!
Изгледа си заборавил математика. Ајде вака да почнеме. Колкав процент од населението во Македонија се мажи протестанти? Помагам, учествувам во кампањи за подигање на свесност кои ги охрабруваат жртвите да пријават насилство, а не кои ги учат жртвите Волонтирам во терапевтски советувања за личности за било како проблем, па и жртви на семејно насилство. Секогаш ги охрабрувам да превземат нешто, да пријавуваат. Гласна сум за проблемите на жените во нашето општество, па дури и да ми се смее некој што "нема корпи во женските тоалети во Мериот". Активно помагам на припадници на еднородителски семејства секогаш кога ќе можам. Најбитно што не ќутам и никогаш не ја префрлам вината врз жртвата.
Така шарено. Подобро не претставувај, бидејќи навистина не знаеш. Подобро кажи си за себе, како, кога и каде вие атеистите ги подучувате младите на дадената проблематика? И не реков јас дека само од Библијата ги подучувам, туку и... А што превземаш ти @WildMk во врска со посочениот проблем?
Библијата е основоположник на женската нерамноправност, понизност и потчинетост према мажот. Да ги лечиш со нешто кое делом ги има доведено у таа ситуација е трагично.
Убаво е што @EvAngelos ја учи младината да не силува и да формира здрави врски. Она што не е во ред е што тера некој филм дека тоа е во духот на христијанското учење. Дури и да е (дискутабилно, како и сè друго поврзано со религија), морално правилно би било да биде способен да ја разграничи верата од другите тематики кои ги опфаќа на тие предавања. Јас на пример би одела со задоволство на такви предавања (и одам кога гледам можност), но ако дознаам дека е организирано со некој вид религиска пропаганда во позадина, автоматски би имала одбивност. Just saying. Замислете некој ви збори за како да се справиш со емоциите и успат ви наговестува дека тоа е рисјанскиот начин. Кринџови.
Секоја чест за ова што го правиш. Се гордеам што постојат личности како тебе. И ова не го кажувам иронично, туку искрено! Пријавувањето на насилниците помага, но не како превенција со проблемот посочен на линкот. На пример, запази го случајов. Маж психопат и емоционално несозреан влегува во врска со девојка која исто така или не била емоционално созреана, или пак немала насоки како да одбере партнер и избрзала да влезе во врска без да ја провери психичката стабилност на мажот. Одат некое време, не бива, се појавува недоверба, патолошка љубомора или од било какви причини раскинуваат. Во случаевите посочени во линкот, мажот не може да се сноси со загубата, има патолошка љубомора и не може да најде смисла во животот без девојката (или пак не сака да најде) и се решава на тој громорозен чекор да ја убие. Девојката е неповратно загубена. Залудно е потоа да отиде човек на гробот и да ја советува да пријави. Неа ја нема. Во вакви случаи, подобро е претходно жената да биде советувана/поучувана да не избрзува во врска со недоволно проверени мажи (во случајов психопати), а слично да бидат поучувани и мажите. Доколку се работи за психолишки растројства, секако дека треба да бидат упатувани на психијатар. Кај три личности до сега имам забележано психолошка нестабилност (не многу сериозна) и сум ги донел до психијатар. Често имало случаи и кога мажот ќе ја напушти жената, па таа не може да си замисли живот без него и се самоубива. Исто и тука советувањето ПОТОА не помага, туку превентивното поучување има смисла, да ги учиме луѓето како да живеат со повисоки вредности, со повисока смисла за животот. Човек што искрено верува во Бог, нема да посегне по туѓ живот без разлика што тој/таа мисли дека таа личност му нанела огромна неправда. Дури и да е така, христијанинот верува дека одмаздата му припаѓа на Бог и Бог е тој што суди, а не човекот. Верникот ја прифаќа Божјата воља (во случајов разделбата од партнерот) и продолжува да живее независно од таа личност - бидејќи неговиот/нејзиниот живот не се темелел на таа личност. Многу зависи на што го темелиш животот, дали на нестабилниот и променлив човек (интимен партнер во случаевите) или пак Бог како цврст и стабилен темел. @Lella, ете @DAngel и јас се изјаснивме што превземаме во однос на посочената проблематика на линкот. Ајде кажи ти што превземаш?
Не е само библијата, менталитетот и она што според мене е најефикасно - казната не се како што треба. Нема што ние овде да дискутираме зошто некој не треба да си ја крши жената од ќутек, ако јас треба на возрасен маж да му кажувам зошто не треба да комуницира со тупаници, заеби. Нит мајка му го воспитала, нит па става прст на глава да размисли како би се осеќал ќерка му ако ја тепа некој. Казна луѓенца. Удри ли послаб од тебе? Казна. Парична (кога немаат да видите како ги боли кога ги удираат по џеб). Повреди ли некој? Затвор. Нека си поседи малку зад решетки, нека си размисли и нека си ги преиспита постапките. Се повтори ли? Фино лепо одземање на се што има, па нека си се снаоѓа. Ние овде колку и да се бориме да ги заштитиме девојките кои преживеале трауми, никогаш нема комплетно да се опорават од тоа. Посебно не кога тие што им наштетиле слободно си шетаат. Не можам да ви опишам кој гнев го доживеав кога го гледав клипот што беше постиран во темана за силување, лајк само стиснав на некои мислења, ми требаше време да се смирам, страшно ме лутат и погодуваат онакви работи. Еве и да оди на терапија и ние да се убиеме за да и помогнеме, шуглето пак си шета и повредува и други девојки. А да, казни и за сите оние кои ги правдаат таквите, коментираат ли дека сама си го барала, така и требало, што бара сукњи да носи, што бара сама да шета и слични срања да се казнат за нанесување на душевна болка. Лупна ли хехенце муабет - ќе си сносиш одгворност. Се дури си се шетаат слободно и не сносат одговорност за вакви работи, ние уште на 100 симпозиуми, собири и ивенти да се организираме, тие пак ќе си шетаат и ќе напаѓаат девојки. Уапси неколку, лупни им доживотна, нека послужат за пример, па да се подумаат малку дали ќе скокаат на првата девојка што ќе ја начекаат сама. Ако чекаме памет да им дојде, нема. Тој да имал памет немало така да се однесува.
Можеби убијците не, иако немаш докази ни за тоа, ама насилниците скоро секогаш се со традиционални вредности. Значи ти паѓа теоријата дека само ако го следиш Бог - автоматски се е супер. Не е.
А видеото кое погоре го поставив? Уште поблиску до нас. Тука, кај нас. https://reporter.mk/gjuture/video-mazh-masturbira-vo-poln-avtobus-vo-jsp/ или ова https://www.motika.com.mk/manijak-faten-na-delo-vo-avtobus-vo-skopje/
Знаеш колку нема врска ова?? Ама никаква апсолутно! Какви интелигентни, образовани, успешни жени погрешно проценувале, обична жена ќе процени! Сите тие се 'фини' на почеток... Нема ни да сетиш!
Јас не им држам предавања на жените во случајов, туку на мажите, бидејќи согледувам дека тие се проблемот овде. Мојот community service се состои во менувањето на гледиштата на потенцијалните проблематични мажк, во секоја прилика во која можам. Не ми го одбегнувај првичното мислење. Впечатокот кој го добивам е дека не ти баш тебе гајле за проблемите низ кои минуваат жените. Да ти беше навистина, немаше да ја користиш религијата како алатка за едукација. Тоа е манипулаторски и подмолно.
Како сака нека ме сфати ' феминистов '. Овие негови обиди и напори за помагање на жените жртви се класични методи за подведување. Кревки, разочарани, несфатени и напуштени од општеството и околината, се најдобра таргет група за манипулирање. На вешт и умешен начин, демек им пружаат поддршка и утеха, им кажуваат точно тоа што треба да го чујат во тој одреден момент, за да полека ги вовлечат во круговите на нивната 'организација '.
А кој им држи само на жените? Не видов таков пост во овие 16 страни од темава. И мажите и жените имаат потреба од поучување и советување. Џабе ти во твојот community service (што и да е тоа) ќе им менуваш гледишта на неколку собрани мажи таму, ако девојката утре се затреска во некој психопат таму кој не бил во твојот community service и настрада од него. Треба да се обучи и жената како превентивно да се заштитува од потенцијалните агресори, бидејќи сите добро знаеме дека твојот community service нема да ги најде и промени сите такви мажи. Ти си добиваш впечаток онаков каков што си имаш претходно зацртано и тоа не зависи и нема да зависи од моето пишување тука. Така што олабави со ад хоминемот. Прво, јас не ја користам религијата (што и да подразбираш под тоа), туку го користам христијанското учење за изградба на високи морални вредности кај младите, за поучување како младите да поставуваат поцврст темел во животот и повисока смисла во животот отколку смислата да ја наоѓаат само во интимниот партнер, за кога него/неа не дај Боже ќе го снема, да не се фрлаат од згради или под мостови, да не убиваат други луѓе итн. И тоа не е манипулаторски, ниту подмолно. Како што вие атеистите верувате дека некои атеистички книги се добри во едукацијата на младите, така ние христијаните веруваме дека некои христијански книги (вклучувајќи и книги на христијани доктори по психијатрија) се добри за едукација на младите. Второ, не го користам само христијанското учење за тоа (ама ете вие не би биле атеисти ако не се фатите за таква реченица и да го тупите две страни за тоа), туку и многу други обуки, книги во сферата на емоционалноста, психологијата, педагогијата. Ама јасно е ко ден дека тебе како атеист ти смета што некој ги образува младите на христијанските вредности, а не на атеистички или еволуционистички - каде што спаѓа и делот за суровата природна селекција при што посилните ги убиваат послабите и сето тоа си тера така фино лепо без никаков апсолутен морал и етика, туку со нагонот за преживување и сл. У реду е, терај си го својот светоглед и образувај ги така, па ќе видиме кои луѓе ќе извршуваат повеќе убиства, самоубиства, насилство во семејството итн.
Како бе спротивно мислење, по дифолт го рачунаш за ад хоминем??? Не ти се бендисват аргументите, па почнуваш со: Буааааа!!! Мамооо!! Неќи да си игра со менеее!!
Токму тоа е тоа. Ниедна девојка (секако, добро запознаена со нештата) која го почитува воопшто поимот „феминизам“ и права на жените - нема допирна точка со вакви манипулативни организации, баш напротив. Ненасилство и почитување на кажаното не - се најосновни човечки права, за тоа не треба да има потреба од семинари за правилно бирање партнери, емоционална зрелост и што ти уште не. Почитувањето на истите кај мажите (во глобала како пол кој статистички повеќе врши (сексуално) насилство) - или го има вкоренето со воспитување и задржано низ животот (кај нормални индивидуи), или станува збор за проблеми за кои треба да функционираат казни (уште при обиди за вознемирување) и принудно барање помош од стручно лице. Жртвата, дури и на насилство во врска/брак, не мора да значи дека е емоционално незрела, неинтелигентна и била наивна во почетокот со изборот, па така „си го барала“. Па и во друг случај, кога некому му е потребна таква едукација за квалитетни врски и емоционална интелигенција - имате отворени организации неповрзани ни со верска, ни со било која друга определба, имате стручни лица на денешно време достапни со предавања, туторијали, совети и сешто преку видеа на интернет... Сè е подобар избор од Секој Студент, Еклесиа и слични... да не речам што. Посебно за девојки што досега имаат некаква свесност за женската слобода, права и феминизмот. Оти млади девојки да наведуваат секојдневно читање Библија (од пример на познаничка зборувам) како едно од главните хобија во слободно време, е жално и е сè само не феминизам. Срам за темава е да се спомнуваат организацииве како решение за сериозни, реални проблеми на жените. Го избришав претходниот пост зашто постовите на дотичниот, како и секогаш, трујат од километар на тролање, спам и промовирање на својата позната пропаганда. Ама ова со статистичката потенцијална поделба на насилниците и злоставувачите на атеисти и верници, и претпоставки во сопствена корист... е врв на тролачкиов стил. Не постојат случаи на било каков вид насилници кои тоа го прават во името на атеизмот и поради таквите гледишта. Но затоа во секој втор случај конкретно на семејно насилство од маж кон жена и тоа во балканскава средина, го има како позадина патријархалното гледиште на светот, кое пак е потхрането со „правилните христијански вредности“ кои многу лесно се вадат од контекст.
И што пробуваш со тоа да кажеш? Ако одиме по таа логика, ни твојот community service нема да ги најде сите жени. Ад хоминем би имало кога би ти кажала твоите предавања не се во ред бидејќи си глуп/дебел/имаш крив нос. Кај виде да сум ти ја нападнала личноста во тоа што го напишав те молам посочи ми. Не знам колку примети, ама во првото мислење ти се обратив најдобронамерно наговестувајќи дека тоа што ставаш толкав фокус на христијанството во твоите предавања не е најдобар начин да им се пристапи на млади луѓе (или пак на секакви for that matter) ако навистина си заинтересиран да им помогнеш. И муслиманките и атеистките се жртви на насилство. Колку до нив би допрела твојата едукативна намера ако им ја предаваш во ,,христијански" облик? А може многу лесно да се изостави тој дел и да се проповеда ненихилистички поглед на светот и сето тоа комотно без да се вмешуваат религии. Затоа ти велам, фактот што си одбрал да ги правиш предавањава рака под рака со религија ми укажува каде лежат твоите интереси т.е. дали всушност предавањата ти се за здрави врски или или само уште еден начин за привлекување симпатизери.