Oдвратно. Ама и тие што ги објавуваат клипчињава грешат. Зошто замаглена фацата на старион? Зошто не ја снимиле од оној што мастурбира фацата? Што ги штедат? Јас да имам таква фотографија ќе ја испринтам во 100 примероци, ќе го испозалепам во секоја населба, нека го видат луѓето кој е. Пак ќе повторам, сила си земаат пошто никој не ги казнува. Гледајте само во светот што се случува, Роналдо обвинет за силување, 4 жени го обвинија, никој ништо не му може. Пола Холивуд испадна дека се rapists што осакатиле стотици жени. И, што? Изгубија по некој договор, колку спонзорите да си го тргнат газот. Никој не лежи затвор. Бил Козби беше обвинет за силување, извршување на полов акт со користење на опоидни супстанции, насилство, детска порнографија и sexual misconduct. Осуден е на 3 (со зборови ТРИ) години затвор. Знаете колку жени има силувано? 33 (Со зборови, триесет и три). И тоа овие кажаа, замислете колку има што се срамат и не кажале. Кај нас знам случај каде педофил злоуопотреби средношколка, го фатија со докази со се, 5 години лежеше и го пуштија. Што очекувате? Да се плашат? Од што да се плашат? Дека правдата ќе ги снајде? Од Господ? Пошто нели ги казнува, сите си уживаат во животот и наштетуваат на други жртви. Не треба оставање на 'Госпо да ги казни', туку треба превземање на јасни и концизни постапки. Да се прекине коментирање на жртвата и нејзин психолошки профил, туку сите points да се насочат кон злосторникот. Ваљда ќе мрднеме од некоја мртва точка.
Баш ме интересира дали во тој пост ти одговори на моето прашање што ти превземаш во врска со посочениот проблем? Која црна пропаганда ве спотерала. Ај да се потсетиме како беше. @DAngel ми постави прашање: На што јас и одговорив: Каде гледаш тука пропаганда? Си одговорив конкретно на даденото прашање. А тоа што потоа на група атеисти косата им се крена и почнаа да го тупат 2 страни на темава зошто некој покрај се од наведеното, поучува и христијански вредности на млади и тоа во сфери кои се директно поврзани со посочената проблематика (депресија, самоубиства, губење смисла на живот, убиства, морални вредности итн) тоа е ваш проблем, а не мој. Во случајов вие напнувате со атеистичка пропаганда, велејќи дека во овие сфери младите треба да се поучуваат исклучиво во рамките на атеистичкиот светоглед, а никако во рамките на христијанскиот. И повторно ќе те прашам, што ти превземаш во врска со посочената проблематика? Лесно е да се критикуваат нечии туѓи заложби и да се мрчи за се и сешто. Повели кажи ти како придонесуваш за дадената проблематика.
Јас колку што знам од умрените никој не се вратил да каже дали во рај или во пекол заминал. Ама и те како знам живи кои патат секојдневно пошто другиве ги тешат со 'Госпо ќе ги казни'. Нема што на Госпо да се остава. Пак ќе повторам по десетти пат. Казни. Овде, дури се живи. И тоа обемни, долгогодишни и сурови. Нека видат сите што ќе помислат да му се сипаат на малолетно девојче во полуполн трамвај и го лепат за прозор што ги чека. Па после нека прават така. @EvAngelos ти до утре можеш да си зборуваш дека девојките треба да внимаваат во какви се затрескуваат, ама забораваш дека има луѓе кои не покажуваат такви карактери уште одма. Пола од насилството во Македонија конкретно е кај средновечни мажи кои се долги години во брак со сопругите. Убаво е да се советува да се отворат очите, ама не им пишува на чело дека се ненормални.
Нема и какви се, луѓе се менуваат. Ќе запознаеш некој, ќе бидете заедно, ќе биде супер, же ви биде убаво. Ќе додје некоја тешкотија во животот, ќе најде "тригер" и ќе видиш каков е. не од што не си пазела, од што не си мала шанса да го запознаеш во таа ситуација. И тоа е тоа. Баба ми вика: "за да запознаеш негоко треба со него да изедеш една вреќа сол". Една вреќа сол, еј
Не си компетентен ниту да пишуваш на темава со твоите гледишта, а уште помалку да ти се докажуваме и правдаме што преземаме. Никакви христијански вредности не се потребни во поглед на проблемите со кои се соочуваат жените во општеството. Напротив, типични религиски вредности можат само да ги влошуваат. Тие корисните се универзални човечки вредности кои се учат преку воспитување и секуларна, инклузивна надоградба и едукација. Толку од мене.
Не треба да се учат да внимаваат, треба да се учат и машки и женски што е насилство, за да можат и двата пола да препознаат. Со отворени разговори, со часови посветени на тоа уште од најмала возраст. Затоа што некои родители никогаш нема да им објаснат на децата што е во ред, а што не е. Затоа уште во градинкте да се посвети внимание на едукација на децата на тоа поле.
Нормално дека нема да ја гледаш пропагандата, која и тебе ти е 'продадена'... Инаку ќе мораш да си признаеш дека 'те зафркнале' и дека всушност... не си паметен колку што си мислиш... Најголемиот предизвик е овој... да се соочиш со сопственото его! Не е страшно... пробај.. Човек си.. Признај си ги грешките
Не се согласувам. Искуството покажало дека обично има многу црвени знаменца кои другарите и другарките на „затресканата“ ги гледале, но она не можела и не сакала да ги види бидејќи нели „срцето“ и кажувало дека тој е тој т.е. не успеала да си ги исконтролира емоциите и страстите и се затрескала у тип сличен на оној за кој и Бритни пее во песнава Пред некоја недела советував една девојка која е во врска со човек кој има жена со две деца (во странство живее со нив), и он као уште не е разведен од неа, ама тоа немало врска, не живееле заедно под ист кров, ама сето тоа било по нејзина вина, тој бил супер, и покрај тоа што пие, се коцка по казина, има еден куп „обожавателки“ на инстаграм, става слики со расфрлани евра околу него, се фали со колата, им става срциња на женските што му коментираат под сликите... и сите другари и кажуваат дека типот е жива превара, ама не, она е во мисија на сите да им докаже дека тој е супер човек, а тие не се у право. Ете ти црвени знамиња колку што сакаш. Девојкава има „модерна“ мајка што наместо да и посвети внимание во едукација, таа се прави тинејџерка и се слика по кафичи со duck face (за мајката сеуште зборам) и затоа и ќерката е на тоа дереџе. На 99% од случаите и тоа како на чело им пишува, ама треба некој да го изостри погледот за да види. Откако ќе се затрескаш, веќе имаш замаглени очила и не гледаш баш добро. Слушај добро Бритни што ти вели.
Што подразбираш под модерна? Либерална? Што е за тебе либералност? Ај опиши ми, како го доживуваш... баш ме интересира..
Добар ден фемина. https://tocka.com.mk/vesti/286378/70-zeni-ubieni-vo-zemjava-najcesto-od-strana-na-nivnite-partneri Немаш видливи модрици, не можеме ништо да направиме. Дома сте си семејство, ваша работа си се кавгите, ние ништо не може да направиме. Дечко ти е, нормално е да не се согласувате. Е де, период ви е, ќе ви помине. Девојче што бараш да излегуваш сама ноќе а после се жалаш дека те нападнале? Што бараш сама да шеташ? Да продолжам? Се ова слушнато низ годиниве дека им го рекле на другарки и девојки кои ги знам. Ремонт треба. И на секој неспособен што лапа пари од државата а не помага, на полиција која си седи со курот в рака, на мамички кои не си ги воспитале џукелите дома а најјаки се оти имаат синови и на жени кои напаѓаат жртви. Вие машкиве што читате, исто така ставете прст на глава. Утре ваша мајка, сестра, ќерка може да е жртва.
Po poslednive komentari gledam deka malce ste izbegale od temata, ama nema vrska moeto mislenje za feminizmot realno e deka toa e bolest na 21ot vek. Ako gledame vekje zenata ima isto prava kako i mazot, dodeka za razlika od porano sto zenata bila samo za da ragja deca i da bide domakjinka za toa mnogu odamna zenite se izborile i toa e vekje promeneto. Neznam zosto no vekje vo posledno vreme feminizmot zema tolku golem zamav shto stvarno smetam deka e too much iako sum zensko mozebi ke me raspnete poradi toa sto ke go kazam, no sepak toa e moe mislenje. Zenite se povekje stanuvaat liberalni i isfeminizirani, shto se tolku bedni i polni so zlo, shto glumat zrtva na sistsmot i go koristat vo nivna polza do toj stepen zastranuvaat sto stanuvaat najgolemiot neprijatel na mazot, za da izlezat nad nego, da go pokorat, shto na kraj rezultira i samite sebe da ne se sakaat. Jas sum za ednakvost pomegju mazot i zenata, razbiranje i pocit, nitu mazot da se izdiga nad zenata, nitu zenata nad mazot. !!!
Кај си бе Витали!! Нема да се служиме со екстремни примери на личности. Немој сега да ти постирам изјави од религиозни фанатици, кои сакаат да убиваат. https://en.wikipedia.org/wiki/Anders_Behring_Breivik Boo!
Бедно е да се восхитуваш на такви личности.... Никаде не пишува под сликата која религија бил а и да бил не му била пат низ животот сигурно. А вакви феминисти има стотици ако сакаш уште видеа ќе постирам. Има и побрутални каде група феминисти напаѓаат бремена жена меѓу кои и ''мажи'', ајде да ги наречеме мажи.....
Нема причина да се восхитувам на говори кои немаат допирна точка со феминизам. Наспроти постирање видеа каде што жени пропагираат шовинистички говор на омраза, постирај видео, линк каде жена убила маж во име на фемизмиот. Воедно не заборавај колку жени низ историјата биле убиени само затоа што се жени.
Витали, тие не се феминисти, само така се нарекуваат. Никој не им се восхитува, освен таа нивна мала групичка. Вистински феминисти би знаеле дека ако некоја жена одлучи да биде мајка и да има семејство, тоа е нејзин избор, и убаво е што има шанса да избере, а не да напаѓаат бремена жена. Мишел Обама, Рупи Каур, Лили Синг, Ема Вотсон... тие се вистинските феминистки на денешницава. Јутуберките што хејтаат мажи се без попаметна работа во животот и тие не се претставници на феминизмот.