1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Витали, оди прочитај по темите за сексуално вознемирување, силување, осуди од родители кон девојчиња, цел имот на синот - на ќерката ништо, жената треба да раѓа - друга цел нема, жени во насилни бракови кои нема каде да одат, правна - финансиска заштита нема за лек...

    И не ме интересира за што може да се користи пиштол, не сакам оружје.
     
    На Alisa22, Nausicaa, Lolo5 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.348
    Пол:
    Женски
    Леле,бе....
    Јас сум женско,ама покрај куклите си играв и со пиштоли и со коцки.Браќата делеа играчки со мене.
    Уште од мала повеќе сакав да гледам крими драми и акциони филмови.Поинтересни ми се.
    И сега некој ќе ми каже дека не сум смеела сето тоа да го правам затоа што сум женско.
    Ма,немојте...
    Јас сум личност растена во конзервативна средина,но не затуцана.Колку и да се тешки луѓе,моите не ми поставувале ограничувања на политичко и образовно поле.Ми дадоа можност да си бирам.
    Колку и да не сака некој да прифати,има насилство врз жените во земјава,и вербално(психичко) и физичко.А,полицијата мува не ја лази.На вести еднаш кажаа дека имало 2-3 манијаци кои се шетале ноќе по градов,а полицијата била незаинтересирана да ги фати.
    Демек,се додека не дојде до најлошото нема потреба да се реагира. :|
    Мажот не требало да плаче,а жената требало да ќути кога мажот ја тепа.Некои луѓе уште ги имаат овие сфаќања,што е бедно и трагично.
    И зошто да не се воведе рамноправност?
    Да се биде жена не значи да се биде и неспособна личност.
    Она посилен пол и понежен пол веќе е глупост.
    Кај мене во фамилија има жени кои цепат дрва и поправаат работи подобро од мажите.
    Одамна гледав емисија во која еден кажа дека единствена разлика меѓу маж и жена е и треба да биде тоа што жената може да раѓа деца,а мажот не.На другите полиња можат да постигнат исти резултати и успеси.
    Ако им се забранува нешто на двата пола,треба да им се забранува врз основа на реални пресметки и факти,а не врз основа на полова припадност.
    А,сега со технологијата која напредува,многу луѓе можат да направат нешта што не можеле да ги направат порано.Ама,треба разумно да се користи.
    Мал,здрав напредок на општеството нема да штети.
     
    На Nausicaa, Lolo5, Snowflake97 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @nextredstyle ко што те имам читано со конзервативните мислења, ова од тебе не го очекував :D
    Апсолутно си во право, мал, зрав напредок во општеството е повеќе од потребен.
     
    На Nausicaa, Lolo5, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Рече девојката која во пост во СДК напиша дека на сите жени би требало да им се забрани да возат и да им се земе возачката.
    :)
     
    На Alisa22, Lolo5, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.348
    Пол:
    Женски
    Повеќе е кажано во афект поради нервоза.
    Па,не сум ни екстремист,ни фанатик,ни hardcore конзервативка.
    Имам остри погледи и мислења за некои работи кои се во спротивност со конзервативните гледишта,ама критикувам и нешта кои не ми се допаѓаат кај конзервативизмот.
     
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.653
    Пол:
    Женски
    Не знаев каде да го напишам постот, дали во силување или феминизам, ама мислам дека за овде поадекватно е.

    Еве зошто на светот му треба феминизам

    https://m.huffpost.com/us/entry/us_5bec642be4b057089767d51d

    Ирска, 2018. 27 годишен тиквар силувал 17 годишно невино девојче. Девојката пријавува, типот го апсат и го носат на судење. Неговата адвокатка (жена!) го брани со тоа дека девојката носела чипкани гаќи што значи дека таа барала да запознае некој и дека типот не е крив.
    е со овие зборови се пробува да го испере неговото дело. Ја обвинува жртвата дека штом си носи чипкани гаќи, значи автомстски на секс повикува. А тоа како овој тиквар видел дека носи чипкани без претходно да ја соблече е прашање кое го скокаат. Адвокатот на девојчето кажува дека тој ја стегнал за врат и дека во сексот немало никаков консензус. Да е работата уште посекси, поротата едногласно одлучува дека типот е невин. Говедото не е одудено.

    Колку ми се преврти желудникот кога го исчитав ова е една работа. Ми се ежи секое влакно кога ќе видам како жени како овие (си ги имаме и на форумов) се спремни на онакви гадотии да направат за пари и како во поротата гласале дека типот е невин.

    Светла точка е што феминистичката група ROSA прави масивни протести и изваде парола хаштаг #ThisIsNotConsent
    https://m.huffpost.com/us/entry/us_5bec642be4b057089767d51d
    Упорно бараат затвор за говедото и викаат дека нема да прекинат дури не си добие казна каква што треба.

    И? Сега јасно ви е на тие неколку души зошто треба феминизам? Јасно ви е какви се законите за вакви болни теми? Секој пат ко ќе помислите да го плукате феминизмот, нека ви текне дека тие се тие што се борат за да си добијаат казни ваквите говеда.
     
    На Lolo5, Someonespecial, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Doryana

    Doryana Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Според мене имаШЕ феминизам.
    Денес има BULLSHIT!
    Ова денес што се нарекува феминизам е срање у боја, повеќето се неиживеани будалетинки со набилдани комплекси против мажите, наместо да бидат жени за пример.
    Не си феминистка ако се дереш на улица без маица со цицките у полицаецот пред тебе.
    Феминистка си ако се однесуваш социјализирано, префинето, делуваш независно и декствуваш самостојно. Со тоа стоиш за пример и мотив пред другите да ги речам угнетени жени. Твојата интелегенција, снаодливост, контрола, реализам се пример за другите бре. Биди ЖЕНА до тој степен што машкото до тебе ќе ти се восхитува ко спрема жена.

    И на што личи бре ова омаловажување кон машкиот пол?! "Сите машки се исти" срањето? На што личи да се измислуваат "факти" наместо да се приложат основани докази од веродостојни извори кога се зборува за маж-жена ситуираност во општеството. Ако сакаш да кажеш нешто, кажи го ко што си е, не хиперболизирај со невистини. Не го потценуват мажот до тебе со изговор "само објаснувам како ние женските сме потценети". Сериозно? Тоа ќе те одведе некаде у живот?
    На што личи да провоцираш машко за да после "види го што направи на жена срамота"
    На што личи намерно да ставам зборови у уста и да испревртуваш исказ на еден маж за ти да испаднеш жртва?

    Со обвинување на мажите жените нема да се подобри од нив. Всушност жените нема НИКОГАШ да бидат ништо подобро од мажите. Затоа што се искомплексирани, уста сто на саат-мозок 3, зависни инаетчики.
    Мразам т.н феминистки

    Со исклучок на вистинските фемимистки кои се трудат да ги покажат квалитетите на жените кои му се потребни на општеството, исклучок на жените кои не' ставаат сите нас у добро светло, градат добра силна слика, ни го гарантираат гласот и правото во заедницата.
    Феминистка е онаа што на светот му ја покажува вистинската важност и потреба од жената, не онаа што се труди да е подобра од мажот у поле на кое може и не може.
    Не терајте инает онаму кај што не ве бива, баш напротив, покажете солидарност и подготвеност за адаптирање.



    --набацани мисли у бес при самиот збор "феминизам" кок е толку вон контекст последниве 10години --
     
    На ku4ence, candy.cane, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Како го 'провоцираш'?
     
    На Alisa22, staycalm, Ketchup и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Doryana

    Doryana Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Кружат доста видеа на кои жени кои ротестираат за женски права му се дерат у фаца на маж-новинар/обичен минувач на улица
     
    На ku4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doryana

    Doryana Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Зборот ми е повеќето од денешниве феминистки повеќе се фокусирани мажите да ги исфорсираат у лошо светло одколку да ги представат жените у добро
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Doryana
    Ај читни малку наназад низ 19-те страни на какви поенти се обрнува внимание и какви сексистички случаи од денешницата се споделуваат. Ако најдеш еден пост со пофалба за голи жени на протести, оправдување за лажни обвинувања кон мажи, „сите мажи се исти“ и такви тврдења - те частам што сакаш.
    Сериозно? Нема потреба девојче ни вистинските феминистки да ги почитуваш (ниту пак според зборовиве реално ги почитуваш), не им треба признание од такви како тебе.

    Феминизмот можеби во екстремна (феминаци) форма е bullshit, ама антифеминизмот - секогаш, без исклучок е тоа.
     
    На candy.cane, staycalm, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Doryana

    Doryana Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Мојот одговор ВООПШТО не беше заснован на предходните постови . Поздрав
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не ги претставуваме во 'лошо светло', само кажуваме какви се.
     
  14. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Doryana Или си маж одбиен од жена или си во помлади години па сигурно оној што го симпатизираш ти ги всадил овие басни што веќе подолго време се вртат како песна на расипана лента :D

    Само неупатени, потпалени и сл., мажи одбиени од жени или од Среден Век или пак, жени да импресионираат мажи или огорчени од истите, во 21-от век сеуште се трескаат од земја дека феминизмот е движење за жените да имаат повеќе права од мажите, да ги имаме сите права на овој свет или општо е движење против истите :D
     
    На Alisa22, Someonespecial и Nausicaa им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    И јас можам да си се наречам сама себе комунист, ама ако моите ставови и акции се спротиставуваат на силната левица, не сум. Според иста логика, мажомразачки можат колку сакаат да се нарекуваат феминистки, ама не можат да бидат тоа, бидејќи феминизмот не е таква идеологија.

    Феминизмот не е само уште еден калап за однесување на жените (самостојни независни бизнисменки според твоите кажувања), туку движење кое покрај другото, промовира секој да биде тоа што сака и што ќе си одлучи да биде (жена научничка, домаќинка или рударка, маж фризер, директор или бејбиситер), сè додека тоа е нивна желба. Тоа е целта и вредноста на феминизмот. Она што не е цел на феминизмот е жената да биде успешна само за да предизвика восхит кај маж. :)

    Тие што кажуваат такви работи не се феминистки, не ги ставај во ист кош со нас. Феминистите сметаат дека мажите и жените се еднакви и нема никаква супериорност еден во однос на друг, а исто така и не гледаат цел еден пол како целина, туку како збир од индивидуи.

    Па за одведување не знам, ама има доста примери каде жени биле спречени да се одведат себеси некаде во животот од мажи. На пример, Розалинд Франклин, која го развила моделот на ДНК, но Вотсон и Крик го презедоа кредитот и добија Нобелова награда. Оди па кажувај како не се жените потценети и како не треба да потенцираат дека се потценети.

    Повторно, овие работи не ги прават феминистите, туку само некои кои се нарекуваат така. Нерелеванти се вакви примери за дискусијава.

    Ми изгледа како да мразиш многу работи, не само феминистки. :) Изјави како ,,жените нема никогаш да бидат подобри од мажите" се генерализирачки и анти-полова-еднаквост. Тоа всушност се јавува во целиот твој пост, додека во исто време ги обвинуваш феминистките дека го прават тоа. Двоен стандард.

    Па кога ќе престанеш да генерализираш, да пишуваш дезинформации и да фрлаш обвинувања на цела една група за дејства на поединци кои не ни припаѓаат на таа група, можеби и ти ќе бидеш дел од тие жени.

    Не постои поле во кое цел еден пол е подобар од цел друг пол. Затоа, не треба да се скратуваат можностите на секоја жена да го прави тоа што сака. Тоа е една од основните вредности на феминизмот.

    За крај, те советувам да не му пристапуваш на феминизмот со мажомразачки по протести на ум, и да се придржуваш до неговите основни начела како што се ценење на двата пола еднакво, без генерализирање и скокање со заклучоци и генерално со позитивно мислење за жените околу тебе кои се трудат да успеат во овој свет доминиран од мажи. Во спротивно, не си ништо поразлична од сексистите кои ги опишуваш.
     
    На TheBibliophagist, Briar Rose, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  16. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Феминизмот е и тоа како потребен.Не поддржувам феминацизам,таа радикална форма не е добра.Ама дека сме достигнале еднаквост,ама ајде ви се молам.Да,формално-правно речиси опфатено е се,еднакви сме на хартија.И тоа уште од 1945 :D Како податок само дека до 70-тите години во Германија се барало од мажите да потпишат дека се сложуваат жената да работи,или во Швајцарија дека жените добиле право на глас во 70-тите.Малку неверојатно,ама така било.Ниче,толку голем фиозоф,бил женомразец,позната е неговата изрека: „Ако одиш кај жена,понеси камшик“ :puke: Не дека овде од кога ги добиле правата цветале рози.Па најголемиот процент од населението,си терало по истиот терк.Сепак,во тоа време и значело конечно добивање можност,барем на хартија,да се достигнат некои работи,кои претходно биле забранети.Некаде прочитав дека во Стара Југославија на пописите не се евидентирале жени,ниту дека имале право да наследуваат имот,не можеле да бидат судии,адвокатки да (ама гледале на нив како од марс паднати) за жал со многу мала клиентела.Оној мал процент на жени кои се охрабриле да бараат еднкавост,заслужни се за ова ниво до кое сме денес.Ама тоа не значи дека денес сме еднакви,фактички.Во некои делови од светот,жената се уште е сведена на нула.За жал,ги убиваат,ги продаваат,ги мажат без право на избор.Европа и Америка,Австралија,генерално се во подобра состојба.Но кога ќе видам дека дури и во земји,во кои свеста за правата на жената е развиена на високо ниво,се случуваат апсурдни повреди на истите,ми се гади :puke: Тоа значи дека темелно не е се уште достигната еднаквоста.Конкретно за Македонија и Балканот.Во голем дел од македонските семејства,се уште,женското од мало се учи дека треба да биде послушно :@ Па тука се стереотипите домаќинка,мајка,женски работи,машки работи, мажот е глава на семејството :@ И кога девојчињата од мали ќе заземат уллога на подреденост,после е многу тешко да се исправи тоа.Како растат се соочуваат со многу осуди од општеството,ако не се по нивен калап.Јас многу пати сум се згрозила во какви ситуации сум се нашла,и какви апсурдни изјави сум слушала,за тоа како јас како жена т.е. девојка треба да се однесувам.Не треба ништо повеќе од конкретниов пример...Јас мразам готвење,ама буквално.Можеби некогаш некоја ситна работа,ама генерално не се гледам во улогата на кувар.Кога ова ќе го кажам пред луѓето,за жал и жени,и пријателки,одма добивам реторичко прашање: Ами кога ќе се омажиш,кој ќе ти готви? И се наоѓам помеѓу ова :@ и ова :rofl: Зошто би пробала врска со Албанец или било кој,кој не Македонец или христијанин,женското требало порано да се омажи (ова од машки познаници,млади луѓе :(),женското не може да биде електричар |( И ако продолжам да набројувам,на баналностите крај им нема.
    Од еден колега Албанец слушав кога кажуваше дека во населбата каде што живее,на жените не им давале мажите дозвола да положат возачки испит.Ми ги профилираше жените генерално како домаќинки,финансиски зависни од мажите.Сега да не се сфатиме погрешно,не мислам да ги навредувам Албанците.Ова го дадов како пример,дека и во нивната заедница не е ништо поразлично.И генерално гледано,и во македонската,и во останатите заедници кои се во Македонија,најчесто жената е во подредена положба.Некаде повеќе,некаде помалку.
    Од друга колешка слушам како родителите-правници,со жалење констатирале дека во Кривичен суд,и општо на полето на кривично право,не им доделуваат функции на жени,ретко било.Колешката не може да се охрабри да се насочи кон Казненото право понатаму,од страв дека ќе остане невработена.
    А да,пред го кажам најфрапантно нешто,да не заборавам дека се уште се смета оти мажот треба да „помага“ во домашните обврски.Никако да ги извршува :@
    И сега...Пред некое време,роднина на близок пријател беше жртва на фемицид ;( Колку беше страшно,тоа е незамисливо.Целото семејство се скрши од болка :u: Сега убиецот ќе се бори да добие што помала казна,правдајќи се дека го извршил тоа во афект :@ Нема да откривам повеќе детали,за да ја заштитам приватноста на луѓето.Ќе кажам само дека беше многу поужасно,отколку што сум во состојба да напишам.
    И сега,рамноправни сме? Ќе славиме 8-ми Март? Подобро е на тој симболичн ден за борба за правата на жената,да протестираме,изнесувајќи факти кои докажуваат нееднаквост.И не само тој ден,туку секојдневно треба да се бориме против подредувањето на жената.
    Според Светскиот економски форум,родовиот јаз нема да се затвори до 2133.Ужасно и поразително е ;( Секој ден осознаваме нови работи,ја достигнавме вселената,техниката се развива со енормна брзина,се пронаоѓаат секакви откритија,ама не сме ја достигале родовата еднаквост во вистинска смисла на зборот.
    Епа затоа треба феминизам.Да се стави крај на небулозата дека жената е понежниот пол :puke:
    Некаде прочитав,и се сложувам целосно со тоа,дека: „единствената биолошка улога на жената,е да биде мајка.Сите други улоги,и ги доделило општеството.“
     
    Последна измена: 1 февруари 2019
    На Alisa22, candy.cane, ray-man и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    @SeaMermaid , многу добар пост (y)

    Само имам забелешка за тоа што не ставаш нови редови, и мачно ми е да читам.. се губам до кај сум :$
     
    На SeaMermaid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам :hug:
    Маана ми е тоа,ќе се запишувам и после гледам колку многу излегло :lol: Ќе оставам нареден пат :D
     
    На WildMk и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Добро утро FB_IMG_1553586122642.jpg
     
    На Gosh, Nausicaa, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    По симпатично нешто од феминистка нема :) џентлменот секогаш ќе ја почитува, сељакот од кафана и од кладилница секогаш ќе ја критикува.

    Феминистка - обична девојка или жена со обични барања. Еднаквост.