1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Egypt

    Egypt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    [​IMG] :evil:
     
    На ariela09 и Kalija им се допаѓа ова.
  2. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Под феминизам т.е феминистки подразбирам една огромна група на жени кои се борат да имаат исти права со мажите.Понекогаш не се задоволни од она што го имаат, и даденото секогаш им е малку па кривицата ја бараат кај спротивниот пол.

    Само јас мислам дека малце има и претерување овдека. Живееме во општество каде што веќе се` е нормално и дел од групава на феминистки мисли дека жените се дискриминирани, во што јас воопшто не се согласувам.. Тоа можда некаде во Муслиманските земји се дешава, ама не и кај нас. Барем јас така мислам.. така ги имам согледано работите. Па сега колку сум во право...
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Мое мислење е дека феминизмот во денешни услови е левичарски даунлодиран софтвер, кој е исто демек трендовски како хипстеризмот, вегетаријанството, метросексуалноста, возењето велосипеди во насока за одржување чиста околина итн. итн. со мал број чесни исклучоци кои од вистински мотиви и потреби, вградуваат вакви програми, кај најголемиот дел е обичен аздис и уште еден начин за докажување дека се неколку скалила над плебсот. Као какао, ова не, како револуционерни поборници за доброто и сеопштата благосостојба на човештвото, а-хам, да.

    Мислам дека реално нема потреба од борба за изедначување меѓу половите на денешно ниво на развој на поголемиот број општества на Земјината топка. Бидејќи сосема е возможно жените во денешниот свет (барем во голем дел од него), по сопствена волја и убедување, да бидат возачки на трактори или трамваи, механичарки или ѕидарки, менаџерки на моќни корпорации од автомобилската или било која друга индустриска гранка итн. значи нема забрани за влез на професионално ниво во било која гранка, ако за некаде нема никаков интерес, или е мал, не може да се рече дека не е пружена шанса, туку ако таа е неприфатена сценариото е веќе сосема различно.

    Во голема мера сеуште се вршат и свесни или несвесни заобиколувања, на колку толку присутната изедначеност. Бидејќи додека сеуште огромен број жени мислат дека е ок да бидат сметани за секс објекти, па потоа истите ќе цмиздрат како не се цени нивниот памет, факт е дека сами се довеле во положбата во која се наоѓаат.

    Оние примитивци од машки род, кои сакаат да имаат во домот робовладетелски услови, нема ни да ги коментирам, ама поголемиот број машки личности, со избалансирано его на прашањето од типот - дали имаме подеднакви права, ќе ви одговорат со - правата никој не ви ги брани, ваше е само да си ги земете. И во ова е целата вистина. Според тоа, феминизмот според мене, за оние кои веќе си ги уживаат правата, е целосно излишен. Другите кои сакаат покорност нека си одат по тој пат, не би да ги коментирам и нив, тие се во пакет со машките од првата категорија. Па, и оние некои хардкор феминистки ако веруваат во некоја кауза, нека вреват и натаму и онака светот е премногу гласен во желбите, ама тивок во реализацијата, да не речам заспан...
     
    На Lolo5, Bright, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Женско сум, не смееш рака да крениш на мене!
    Жените треба да бидат еднакви со мажите!!
     
  6. Kalija

    Kalija Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Се сметам за себе за една од страсните подржувачи на феминизмот. Едноставно нешто во мене пламти кога ќе почувствувам деградирање на женскиот пол или кога ќе чујам провинцијалски, патријархални, закоравени размислувања.. алооо, жени, разбудете се! Како ќе се поставиме, така ќе не гледаат!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Јас вчера земав една книга за Феминизам, иако има учено за Феминистичките движења сега на факултет. Се сметам да подржувач на феминизмот и сметам дека жените треба да се еднакви со мажите, да не постои дискриминација и предрасуди, но сето тоа да си има и свои граници.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Мажите се рамноправни со жените !!!
    Сите ние сме рамноправни !
    Жената може се што може и еден маж.
    Не сум феминистка бидејќи сметам дека ние жените си ги имаме своите права исто колку и мажите и сме рамноправни.Ако ние дозволиме некој да не гази тогаш добро.Сметам дека во денешно време сите сме еднакви , жените имаат потполно право на се и не се дискриминирани! Никој неможе да не спречи да си правиме се што ќе посакаме ~ Не ги потценувам мажите и сметам дека се потребни на планетава исто колку и жените.
    рамноправност
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    потпис на ова,
    сметам дека секоја жена треба да биде така настроена.
    Но тоа што сме рамноправни незначи дека пак маж може да крене рака на жена,или пак спротивно.
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Препорачливо да го погледнат сите оние кои упорно фрлаат дрва и камења по феминизмот и неговите приврзанички, зборувајќи за нив како за неприродни суштества.

    http://www.youtube.com/watch?v=qYleXcpbzKY
     
    На teddi и angelche16 им се допаѓа ова.
  11. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Значи, жените не се рамноправни со мажите насекаде низ светов. Незнам колку сте слушнале како на пример за видеото над мене или за таквите случаи низ светот во кои на жената и се отсекува клиторисот и и се шие отворот долу (вагината) само за цел за да не и биде убаво додека мажот го искористува неговото најголемо задоволство во неа. Тоа го прават за таа да не може да го изневерува. Има случаи каде го користат овој метод и пошто се неписмени, кога ќе и дојде периодот на менструација на жената, таа пошто е зашиена доле, крвта не и излегува туку се собира внатре и по некое време стомакот и се полни и луѓето мислат дека таа е трудна и дека била со некој друг па затоа ја дискриминираат или имаат некои посебни мерки.
    Но за среќа кај нас не е така и овој податок беше малку битен во муабетов погоре. Не сум феминистка ниту пак сум против тоа. Ние жените сме рамноправни со мажите во денешницава. Но за жал постојат други дискриминации за жените од страна на мажите.
    Како што некои жени се курви што го прават тоа некои заради пари а некои за задоволство, така постојат и мажи сељаци кои на пример се по женствени и си го дискриминираат сопствениот род да не речам го брукаат, а сепак не се педери.Тоа е за секој посебно. Ние зборуваме за сите општо.
    Значи жената е сметана за: машина за раѓање деца, секс машина, храна - кујна, поубавиот или понежниот пол и сл. Жената не смеела да оди во кафана со други жени...Де бе? :^) А мажот може да оди и да се пијанчи наоколу, да се коцка а дома само финансиски да ги поткрепува. Многумина мажи ги сметаат жените како "едноставно жена" што треба да готви, да задоволува во кревет, да го сака мажот повеќе од самата себеси,не мора да носи пари но пожелно е, да одгледува деца, да чисти и да се грижи за куќата и луѓето што живеат во неа.
    Повеќето работи ги разбирам што ги велат мажите за жените но има некои што стварно не држат вода. Мажот е глава во семејството. Добро ајде да прифатиме ама зошто? :o Он пере, он пегла, он знае како се децата на училиште, он го има тој мајчински инстинкт? НЕ. Он носи пари и знае нешто од тие работи. Али добро сепак можам некако да го прифатам тоа глава на семејството ама со граници. Што всушност значи тоа глава на семејството? Многумина го сфаќаат како: како ќе каже мажот така ќе биде, неговиот збор е последен. Зошто? :?: Не постои компромис на светов?
    Сепак се зависи од жената како ќе се постави со мажот и каков тип на маж ќарила :lol:
     
    На Lolo5 и Gosh им се допаѓа ова.
  12. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Феминизам, со еден збор Правда. Јас сум голема феминистка, ги бранам правата на жената... :) И да, мислам дека жените можат исто како и мажите и дури и повеќе...! Во секоја дискусија знам да ги надвивам сите што имаат погрешно мислење. И ги убедувам дека жените се еднакви со мажите. :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Cтојам зад тоа дека мора да постои родова рамноправност. Некои го поврзуваат со некаков си натпревар со мажите за супериорност, а јас го признавам единствено како натпревар за рамноправност. Факт е дека од одредени аспекти имаме различни улоги, но правдата и правата се оние коишто треба да бидат загарантирани подеднакво за сите.

    Интересното е тоа што во некои верувања и уредувања, се осудува феминизмот како појава, а ретко сум сретнала да се посочи вистинскиот мотив за истото. Со други зборови, не ретко, во одреден дел, искривеното гледање и злоупотребување и вадење од контекст на верските учења, не ретко им дозволувало на мажите да си земаат премногу за право.

    Од еден став дека жената треба да биде послушна на мажот, некои на коишто тоа им одговараа, знаеле да направат атмосфера во којашто ќе им е дозволено секакво изживување врз истата, па блудница била, па вештерка била... Тоа прераснало во одлика на општествени уредувања во коишто жената има поразително ниско место, правдата и правата се нешто што ретко се споменувало. И децата мора да ги слушаат и почитуваат родителите, па тоа ним не им дава никакво право да се изживуваат врз нив.

    Jaс на пример, се сметам и за феминист и за верник. Според моето познавање од верата, сите сме и треба да сме исти пред очите на Бога и да бидеме еднакво понизни, добронамерни и воздржани.
     
    На Lolo5 и ariela09 им се допаѓа ова.
  14. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Проблемот е кај тоа што луѓето често ги мешаат жените што ги мразат мажите со феминистките. Затоа сите плукаат по феминистите као демек мразиме мажи.
    Јас не мразам мажи, напротив, ги почитувам исто колку што ги почитувам и жените. Феминистките се залагаат за родова еднаквост. И можеби денес, во повеќе држави сме еднакви по права и закони но не сме еднакви социјално.

    Не биди пи*ка - наспроти - Немаш та*аци тоа да го направиш

    Hit like a girl, Throw like a girl...

    Жените се исто така многу сексуализирани овие денови. Женското тело е станато предмет и основна работа во една реклама, спот, насловна страна... Опкружени сме со женското тело околу нас. Малите девојчиња се безгрижни кон ова затоа што се уште не ги разбираат овие работи се додека не стигнат до онаа возраст каде сфаќаат дека нивна главна цел кон општеството е нивниот изглед. Се стремат кон совршен изглед од филмовите, спотовите, сликите итн. И кога нема да успеат, затоа што никој човек не е совршен, чувствуваат пораз и вина. Настрана од тоа што трошат време, енергија и најбитно од се - пари, за својот изглед.

    Исто така некои малоумници ги обвинуваат девојките кои биле жртви на силување затоа што провоцирале ????
    I'm 18 and I sometimes wear a short skirt. If you sexualize me it's your problem, not mine.

    Денес се случува се што им одговара на машкиот пол. Се додека хомосексуалецот е жена, немаат проблем со тоа, дури би го гледале тој чин со задоволство.

    Проблемот е што како доаѓаат генерациите се повеќе жени го прифаќаат овој принцип на живот и размислување како нормален. Се повеќе жени се интересираат за својот изглед повеќе отколку од своето образование и разум. Се повеќе жени повеќе би сакале да слушнат, колку се убави, отколку, колку се паметни.

    Јас сум горд феминист.
    Jaс се грижам за мојот изглед ни случајно повеќе отколку што се грижам за мојот разум.
    Јас и да излезам на улица облечена во најкратко здолниште со најкратко блузиче не предизвикувам никого да ме силува и да го земе моето тело без моја дозвола.
    Јас ги гледам хомосексуалците како еднакви, не ги осудувам според она што мене ми одговара да го гледам.
     
    На Lolo5, CameliaMiller, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Феминизмот е движење за еднакви права на мажите и жените во светот. Сите феминистки и сите лидери на ова движење се кои се жени најчесто се обраќаат на мажите. Сепак најголеми непријатели на феминизмот не се мажите туку се жените. Можеби кога ќе се види големата слика најголеми непријатели се мажите бидејќи тие се на сите важни лидерски позиции во светот, сепак во Македонија најголеми непријатели на феминизмот се жените.

    Најпрво најголеми непријатели на феминизмот се сите мајки и сестри кои ги третираат машките деца дома како скраја да е , да се ретардирани. Тие им поставуваат за јадење тие им мијат им перат тие не треба ништо да прават. Не дај Боже никој да нема дома една чаша вода нема да знаат да се напијат оти не знаат каде стојат чашите во кујната. Од друга страна непријатели се сите жени кои јавно или несвесно со своите дела и однесување се против феминизмот. Иако имаат и машко и женско дете не се еднакво третирани. Жените се со став јас сум шефица дома, мажот е шев на работа. Посебно во помалите градови и останати населени места. Жените се главни дома тие перат, чистат, готват и никој освен ако имаат женски деца не смее да им се меша во тоа и како капак не се вработени. Истите тие жени се толку амбициозни што ќерките дури и ги запишуваат на магистерски. Како очекуваат нивните разгалени синчиња да живеат со жени слични на нивните ќерки, кои ќе се со магистратури и ќе работат по 8 ако не и повеќе часа во денот. Како во свет на еманципирани девојки тие ги воспитуваат синовите како пред 50 години и очекуваат да има успешни бракови и раст на наталитет?

    Како очекувате со феминистички настроени и еманципирани девојки и момци вопитани во стилот ти сине само учи или работи или оди в теретана или в кладилница или по кафиња, мама и дада ќе се грижат за останатите работи во домот. Или ги праќаат машките деца на студии во друг град да живеат со цимери да се грижат за соптвена хигиена и хигиена на местото каде што живеат, а дома пак се однесувате како со мали деца. КАКО ОЧЕКУВАТЕ КОГА МАШКИТЕ И ЖЕНСКИТЕ ДЕЦА ВО ЕДНО СЕМЕЈСТВО НЕ СЕ ЕДНАКВО ТРЕТИРАНИ ДА БИДАТ ЕДНАКВО ТРЕТИРАНИ И ПЛАТЕНИ НА РАБОТНОТО МЕСТО?? КАКО?!

    Исто голем проблем е што женските не ги ценат машките кои се со современи и феминистички сфаќања тие ги третираат како поттрчковци будали, ги искористуваат ги манипулираат, ги повредуваат и исмеваат. После очекувате жените да бидат почитувани и третирани како еднакви?

    Или можеби татковците се проблем? Татковците им се смеат и ги понижуваат синовите ако помогнат околу домаќински задачи низ дома? Татковците се против синот сам да си ги измие приборот и садовите после ручек, татковците се против синот да избрише прашина или да ги спростре алиштата после перење? И тоа наместо да е наградено со пофалба е укорено со навреда, дека е папучар или потрчко или педер...?

    П.С. НЕ МЕШАЈТЕ МАШКИ СО ВИШОК НА ЖЕНСКИ ХОРМОНИ СО МАШКИ СО СОВРЕМЕНИ СФАЌАЊА ЗА РАБОТИТЕ. ТИЕ НЕ СЕ ФЕМИНИЗИРАНИ ТИЕ СЕ ФЕМИНИСТИ!
     
    На tina2018, Lolo5, teddi и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Idealista

    Idealista Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2013
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    551
    Пол:
    Женски
    До сите оние што се бунат зошто се вика Феминизам а се работи за еднаквост меѓу двата пола
    tumblr_np6fv5tpf01rn5vflo1_540.jpg
     
    На Lolo5, teddi, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Феминизмот јас лично го разбирам како борба и став на жените дека тие се еднакви како мажите, дека не треба да бидат потчинети, омаловажени или дискриминирани во однос на тоа дека има работи кои треба или не треба да ги прават само затоа што се жени. Јас не се сметам за феминистка, според мене има разлики меѓу мажите и жените и дека не може да постои еднаквост меѓу нив. Не сакам да кажам дека жената е нешто подолу од мажот, туку дека има некои работи за кои навистина се женски работи и кои се машки работи и тука не може да постои еднаквост.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Феминизмот се залага за еднакви ПРАВА, не за тоа дека жените се исти со мажите.

    Јас сум феминистка, и сметам дека феминизмот е потребен во светот. Зошто жените да земаат помалку плата од мажите, кога една жена може да изврши задача која 5 мажи не можат да ја извршат? Секако, не зборам за цела женска попуација, туку за поединци (исто како и за машката популација). Има ептен талентирани и ептен антиталенти на двете страни. Но, еве во земји како Канада, не се толку вреднувани жените на работа, односно не им даваат толку голема плата како на мажите. И сега, кога една жена се утепува од работа и успешно ја извршува работата, да зема мала плата, додека маж што не мрда со прст и не ја извршува правилно задачата да зема повеќе плата од жената, само затоа што е маж?
     
    На Lolo5, kim.k, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    34.120
    Најголем спин е ,, ФемиНАЦИ ,, - као демек ние жените ги собираме мажите со возови, ги носиме во логори, ги убиваме во гасни комори и правиме сапун од нив ! :@

    Жал ми е што жените се оградуваат од феминизмот, затоа што патријахалното општесво им го пере мозокот.

    Феминизмот е борба за еднакви права на жените со мажите. Најчесто оние против феминизмот се бунат зашто се викало феминизам , а не ,, човечност ,, и зашто жените се борат само за своите права.
    Кој се борел за правата на жените пред феминистките? Така е - никој ! Со самата борба за изаднечување на правата меѓу половите, се бориме за човечност! Кога еднаквоста ќе се постигне на локални нивоа, заедно ќе бидеме посилни и ќе можеме да се бориме за човековите права на глобално ниво. Затоа што само на оној кој му е грижа за правата на сите општесвени групи, всушност му е грижа за целото човештво.

    Инаку, порано луѓето се делеле на ЧОВЕЦИ и ЖЕНИ - тоа кажува се.

    Самото општество ги прави мажите неспособни за живот, за да жените да немаат попаметна работа освен да ги издржуваат и да раѓаат деца, а овие пак да робуваат на капитализмот и да бидат слободни да војни да војуваат за туѓи интереси - и така во круг.
    Исто така, се забранува покажување на емоции , со цел исфустрираност и потреба за докажување на ,, машкоста ,, ( да ми извините - со ку*от ) , и емоционална недозреаност.

    Жените пак се учат дека се само крави за расплод и робинки на мажите, со цел да сметаат дека се неспособни сами да делуваат, и исто емоционално да бидат недозреани.

    Во Македонија, феминизмот е тука, само нема жени кои сметаат дека треба да се употреби - скоро и на цел Балкан е така. Жените сами себе, и меѓусебно се пдкопуваат. (facepalm)

    Додека пак борбата за жените продолжува на Истокот, каде жени секој ден ги жртвуваат животите само од дома да излезат, да кажат еден збор,на школо да одат , да не ги силува цело маало.
    Тие се тие вистински жени, а не овие девојки кои сметаат дека феминизам е тоа што никој не им забранува да се пијанчат, да шетаат голи по улица, да не учат школо.

    Dont-Group-All-of-Us-into-the-Same-Category.jpg
     
    На Lolo5, theowndemon, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.740
    Пол:
    Женски
    Феминизам — хетероген поим од социјални теории, политички движења и морална философија што се занимаваат со културните, политичките и економските аспекти на нерамноправноста на жените во однос на мажите. Додека генерално даваат критика на општествените односи, многу застапници на феминизмот се фокусираат и на анализа на половите нееднаквости и унапредувањето на правата и интересите на жените.
    Радикалниот феминизам — перспектива во рамките на феминизмот, која се фокусира на хипотезата за патријархатот како систем на моќ, кој го организира општеството во комплекс на односи врз основа на машката надмоќ над жените. Радикалниот феминизам има за цел да го собори патријархатот со соборување на половите стереотипи и улоги, и повикува на радикални преуредувања на општеството.

    Покрај ова, мислам дека секој човек би застанал зад феминизмот, половата еднаквост. Радикалниот феминизам е на едно друго ниво кое не го почитувам или како шо на интернет им се обраќаат со феминази. Мое мислење е дека треба да има човекова еднаквост безразлика дали полова, етничка итн, т.е. во секој поглед секој човек да биди еднаков. Да биди вреднуван како човечко битие, а не како етикетирано суштество од типот: македонка, к*рва, турчинка, феминист, геј, лезбејка, бисексуалец итн.
    Како што кажа една членка погоре, се согласувам со фактот дека најголем непријател на жените, не е мажот, туку самата жена од основна причина: таа самата се покорува на фактот да биди домаќинка, да седи дома, да не оди на работа, да биди покорена и го учи детето дека е исправно така. Колку повеќе се менува овој факт, толку поуспешна ќе биди оваа борба за рамноправност.
    Често кога зборувам за оваа рамноправност со пријатели, кога дискутирам, ми велат „Ама не е исто кога ќе удриш маж и не е исто кога ќе удриш жена.“, колку и реално да е така (на маж обично му се смее, на жена ѝ се помага во повеќето ситуации, за жал), одбивав да одговорам на ова поради примерот, нели, насилството не е решение. Сепак го споменав овој проблем зошто сепак феминизмот е за полова нееднаквост и било каква притисок врз двата пола. Тоа кажува дека како што не смее да му се врши притисок и да се осудува жената, не смее да му се врши притисок и да се осудува мажот. Примерот (во заградата погоре), укажува дека мажот е исмејуван заради својата „машкост“ доколку пример го удри жена, а ако жена е удрена од маж е насилство. Тоа се двојни стандарди и би требало да биди тоа еднакво и за едниот и за другиот, ама пак ќе речам примерот ми е малку глуп, зошто насилството не е решение во никој случај.

    И на прашањето дали сум феминист, само ќе речам: „Само сакам човекот да се гледа прво како човек, а не со тон етикети и лепенки за тоа што тој е и да ги има сите права и еднаквости кои му следуваат како човек.“, покрај ова мислам дека да, веројатно сум.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.