Апсолутно не, баш такви сакам да се женските. Т.е да се сѐ, само да не се како од пусти пусти моду песната.
Изгледајте го клипчево, многу ме воодушеви тоа што во разговоров има обострана почит. Си имаат двете страни добри аргументи. Кажете после што мислите.
Според мене, девојката што беше лево е феминист, само има недоразбирање во врска со движењето. Мажите на левата страна, баш убаво ја истакнаа поентата на феминизам. "Then why do women choose those kind of jobs?", "Culture." Па, duh, културата што пробуваат феминистките да ја сменат. Двајцата имаа многу сексистички размислувања. Девојката во жолто има многу хејт во коментарите затоа што рече дека феминизмот не треба да де менува само за да стане прифатлив за мажите како него... Абе ајде.
Се зачитав една статија за данокот кој го плаќаат жените кон државата само за хигиенски производи за менструација Груба пресметка за Македонија: Влошките и тампоните подложат на 18% данок. Во Македонија месечно се фрлаат 6 000 000 влошки и тампони. Да ставиме дека секое пакување има по 10 и цената на едно пакување е 80 денари (што не е секогаш точно, ама ајде, груба пресметка) и годината има 12 месеци, државата добива ДДВ од повеќе од милион ипол евра годишно. Многу држави и феминистички организации во државите превземаат нешто за да се барем намали тој данок (кај нас може да е 5%, како на пример за храна) или целосно да се елиминира, со оглед на тоа што овие производи ни се реално неопходни. Во држава кај што 90% од ученичките во руралните средини не одат во училиште во "оние денови", а 15% од жените кои имаат менструација не користат никакви хигиенски производи, повеќе од битно е да се подигне свеста и кај населението и кај власта. Нема поента од само пишување за тоа, мора да се превземе нешто. Државава нема феминистички организации кои се занимаваат со женските права Над милион ипол евра даваме годишно на државата само затоа што крвариме секој месец, што добиваме за возврат?
https://m.off.net.mk/off-cafe/leto-dve-iljadi-i-devetnaesetto И после некој ќе каже не ни требало феминизам.
Гадни, гадни суштества чекорат по планетава. Директор на школо, човече еј Па тој ни за затвореник не е достоен, ни за човек не може да се нарече а не пак да биде директор во образовна институција и да има контрола над истата. Жално за девојчето