Имаме и блиску такви случаи. А Бога ми и кај нас. Наставник во Белград уапсен за малолетничка порнографија. http://mondo.rs/a1180375/Info/Crna-...profesor-muzicke-skole-zbog-pornografije.html
Нешто за детската проституција во Гана. Не отварајте ако немате желудник за тоа. https://www.spiegel.de/internationa...itution-in-ghana-hell-on-earth-a-1262055.html
Статистика од ЈО на Република Србија за последните два месеци од 2018 покажува дека фразата "ама има и мажи жртви на семејно насилство" не држи вода затоа што дури и кога маж е жртвата, поголема е веројатноста дека и напаѓачот е маж (татко или син) отколку партнерката. Ова практично го сведува семејното насилство на машко насилство. "Не сите мажи" и "не мојот маж" не се оправдувања, кога верувам дека не постои жена која не познава ни една жртва на семејно насилство. Тоа е буквално оправдување на семејното насилство, се додека не се случува кај тебе.
Стигна и извештајот од истражувањето предводено од ОСЦЕ за насилство врз жените во државава. Статистиките, поразителни. 44% од жените доживеале физичко или психолошко насилство од партнер. Ова не е ни секоја трета. Ова е буквално секоја втора. Од друга страна само 2% од жените го пријавиле насилството во полиција. Повеќе за извештајот подоцна. Во секој случај статистиката е загрижувачка, а уште позагрижувачки е тоа што ќе остане само тоа: статистика, завршено истражување, и ништо повеќе. Јас не сакам да бидам само бројка.
Кај нас проблемот е во тоа што жените се плашат или не сакаат да кажат за тоа,дури некои кои мислат дека тоа е нормално незнам со кој памет. А еве и истражувањето од ОСЦЕ за насилство врз жените сосема го докажува тоа.Зошто од 44% само 2% да го пријават тоа нека ми објасни некој?
Драги lepotitsi. Поканета сум да се приклучам на Life Stream на кој ќе се разговара за состојбата на жените на Балканот, законите, феминизмот и од се по нешто. Имате ли вие некоја локална тема, вест или приказна која сметате дека треба да и се даде внимание на една таква безобразна збиркуштина, кај што ќе се зборува за жените и само за жените?
Имам. Како се влијае на генерален менталитет која е улогата на жената во општеството? Како се бориме против наметнатите улоги, очекувања? Дали постои некаква едукација или чекаме да "ни текне"? Зошто владата е пасивна и во вакви екстремно топли периоди не донесува одлука за скратено работно време на бремените? И не само во државен сектор, не само "препорака" до приватниот? Зошто плаќаме данок на тампони, улошки? Нели тие ни се неопходни?
https://www.facebook.com/100009646032956/videos/950999305231595/ На возраст што едвај научило да чита, на девојчево му е веќе испран мозокот со мизогинија и контрола на женското облекување во име на религијата. И ова не се случува некаде на Блискиот Исток, туку на Балканот. Потсетник дека религијата никогаш нема да биде компатибилна со феминизмот, и дека политички коректниот наратив кон исламот како догма треба да се напушти. Ова е ужасно на многу нивоа, ваква индоктринација (па може да се рече и злоупотреба на деца) треба да е казнива со закон.
Ова во исто време е и тажно, и морничаво, и страшно за гледање. Буквално звучи како сцена од хорор филм. Толку мало дете треба да трча, да се смее, да игра, а не целата покриена да пее песни за Алах. Да беше свесна и да знаеше што сака ај нека прави како мисли, ама за ваква злоупотреба и тоа како треба казна. На Балканот жената никогаш нема да биде рамноправна со мажот. Буквално никогаш. Се додека синот останува дома да создава семејство, а ќерката ја гледаат ко товар, ќе си се пеат такви песни и ќерките ќе ги шиткаат на 15 години. Ете и линкот на Џон е сличен Жено покриј се и оди во кујна, што да ти речам, за тоа си родена.
За сексуалното насилство врз жените во војни, за хиџабот дали е злоупотреба на жената да се облекува од глава до пети кај муслиманите....
Случајно налетав на овој есеј. Феноменално дело за како жените се контролирани со истите техники кои се користат за одгледување на животни. Буквално подводење и дресирање да се конформираат на одредени улоги во животот, сѐ во корист на мажот. https://medium.com/@janicewilliams_41375/women-are-farmed-7638e1a8997 credits: https://www.facebook.com/nedomakjinki/posts/1264727437041644