Јас мислам дека и во светов и на форумов некои се во голема заблуда. Да ти е срам да кажеш дека си феминистка денес од такви. Мене искрено ме нервираат кога жените се обидуваат да станат мажи. Која е поентата. Феминизмот не вели дека мажите и жените се исти. Вели дека се еднакви. Тие се два различни поими. Различни сме од раѓање. Едни се подобри во едни функции, другите во други. Се навредуваат зошто им викаат дека мажите се посилни физички од нас. А зошто да се навредувам? Тука нема его игри, тука е тестостеронот во прашање. Жените имаат поизразена емотивна функција. Тоа не значи дека жените се да гледаат деца цел живот а мажите да носат пари дома и успат швалерајот кај жените е осуден ама мажот може да има харем.Не е за тоа. Се работи за тоа дека некои жени толку не си ја знаат вредноста па се обидуваат да станат мажи. Па тоа не се феминистки. Тие буквално велат мажите се вредни жените не па чекај морам да бидам маж за да ме вреднуваат и мене. Друг пример ми беше кога гледав една епизода од оние безвеза реалити шоуа што се српски, па водителката ја прашува каква си во врска ти си доминантна или мажот, а бе на секоја учесничка што ја праша јаки феминистки мислат се викат, јас сум шефица мене мора да ме слуша ако треба со штикла ќе го згазам. За греота си се чувствуваат како да станале еднакви. Работата е никој да не биде доминантен над никого. Вистинска феминистка на такво прашање би одговорила не сакам да сум доминантна и не дозволувам доминантност туку еднаквост. Зато што маж да речи на таква емисија јас сум доминантен ако не слуша жената ке ја згазам, партали ќе го направат сите феминистки. Феминистки осврнете се кон вистинските вредности на феминизмот. Тие се иста плата за иста професија, донесување на одлуките за децата заедно, борба да не се силуваат жените по светот, да не се малтретираат физички и психички, да се избориме да се забранат дефинитивно малолетничките бракови низ Индија, да не се каменуваат жени затоа што така мажот посакал е тоа феминизам. Сите мажени феминисти кажете ми колку од вас дошле да "ве бараат" родителите од мажот кај вашите родители? Стока ли сме ние крави на пазар ли сме едни да не даваат други да не земаат? Знам дека ќе речете дека тоа не е важно тоа е само традиција, ама таа традиција има корени од времиња кога жените навистина биле давани и земани како крави на пазар и немале никакво право на збор и таткото го одбирал идниот маж на девојката. Во име на вашите прабаби од почит кон нив треба да се заборават тие традиции. А не да се трескаме од земја дека сме феминистки, а после ко ќе згрешат нешто ќерките тогаш викаме по нив, а синовите ко ќе згрешат, е тоа е машки деца што можеш да им правиш... Џастин Трудо канадскиот премиер кога го носеа законот ЗА абортус дозволен конкретно за случаи за силување и некои дебилни што велат абе сама си е крива што ја силувале кој ја терал да ги истај цицките, е тој Џастин Трудо рече и јас сум погледнал во жена која е провокативно облечена или секси, и секогаш секогаш сум пазел 1000 проценти да не направам да се почувствуват непријатно заради моето гледање. А не некој ќе ми каже сама си го барала...ќерка ти ко ќе ја силуваат ќе те прашам како ќе се осеќаш ко ќе некој ти речи, ехх си заслужила, што барала да шета а не била покриена со чаршав од глава до пети, епа сама си го барала. Секако дека има и закони за голотија, али верувајте во арапските земји на исток, гол глужд на ногата долу е доволна причина за силување и таму им велат ех глужд покажа сама си го барала, прстот на умот и да размислиме малку
Фали информираност и акција за вакви личности. Вакви случаи треба да бидат во сите популарни светски медиуми. Хиџабот не може да биде никаков феминистички симбол, токму спротивното е сѐ додека биде задолжителен за жените макар и во една држава, сѐ додека макар и една жена страда оти не сака да го носи.
Па феминизам не подразбира овде да чукаш у гради дека жената може се а у живо да видат жена како возе такси ке се смеат и нема да се качат или пак од љубомора секакви погрдни зборови да се упатуват на успешните жени дека тој успех им е од маж и тоа бидејки имале секс.
Секоја подршка за убавите жени од Мексико што се дигнаа вчера на протест, после 2 пријавени случаи на силување на малолетнички од страна на полицијата.
Или ожени се сине, стара сум да имам одмена. Пошо на жената и е обврска да му ја олесни староста на свекорот и свекрвата. Колку сме затупени а бе тоа е неверојатно
Го поддржувам феминизмот но во последниве години како да стана проформа и помодарство. Па кога ќе видам секоја втора жена со презиме во машки род..
Се уште има за што да се бориме, тек сме на почеток. Сликата е искривена од многу, многу одамна. Дури ми се ствара и револт против мажите, но не кон секој маж. Им аплаудирам на оние кои ја знаат вредноста на жената. Тоа се приметува и на нејзе. Уште колку борба ни претстои... живееме на страшно место. Од жената се очекуваат надчовечки напори и жртва, а мажот дека е маж како да е доволен самиот тој факт. Епа не е така. Свака част на исклучоци.
А знаете дека и во литературата, посебно во класиците што ги читам, некако жените се почесто (не секогаш, само почесто) се damsels in distress а мажот е генијот, со тежина во карактерот, со длабочина? Жените се идеализирани на еден сосем нездрав начин, во смисла само како музи, нежни, тивки, добри. Како ние да не умееме да сме со тежок збор, или со негативна емоција (да не сме тогаш грди случајно, ние мора да сме стално убави!!!) или интелигентни? Кога во литературата е така, замислете ја реалноста пак каква е. ПС И на жените им треба муза, замислете!!
Само идиот од маж ја напаѓа или критикува секоја жена и само идиот од жена го напаѓа или критикува секој маж.
Па не, секој тргнува од она што го гледа наоколу. Не може да си опкружен со сребро, а да мечтаеш дека таму некаде МОРА да се наоѓа злато затоа што читаш за тоа, знаеш можеби само дека постои, но не ти е пристапно.
Да дополнам. Од муза, ако не и се допаѓа мажот од некоја причина или му сврти грб, автоматски тој е под влијание на вештерка.
Не, не сте феминисти ако користите фрази како ,,Да бидам жена е мојата супермоќ” или ,,Иднината е женска”. Не заборавајте дека половите се еднакви. Не е супермоќ што си се родил со одредена гениталија, ниту пак во иднината само жени ќе владеат. ,,Супермоќ” е да се бориш против дуплите стандарди, кога ќе видиш било каков вид на насилство да реагираш, да не потпаѓаш под влијание на социјалните норми кои општеството ги наметнува. Тогаш бидете горди. Не само затоа што сте се родиле со матка. ,,Иднината” не се жените. Иднината се сите полови соработувајќи, поддржувајќи се, знаејќи дека се имаат еднакви можности и не се потценуваат едни со други.
Зошто едноставно пресериозно ги сфаќате изразите со кои феминистот ја величи жената? Grl power, the future is female и сл. Наместо да анализираш, прифати го нештото за да се почувствуваш поубаво во својот одреден род. Затоа што нема женско што не рекло: "Камо да не се родев женско". Ако нешто е полошо од ова што им го правите на жено-сакачите на женски форум, не знам... Кој ќе владее со светот не знам, ама во државата еве не владееле многу жени, во историјата и денес. Па и во наука, техника, спорт... It's a men's men's men's world. Баш е океј вака да се надокнади сѐ што се изгубило. И додека сме ние океј со супериорноста на мажите, кажи му го овај муабет на мажите, одма како тоа сме се бунеле, сме барале нешто... Сфатливо ми е до негде од машко ваква реакција, ама женско? Ако половите се еднакви немаше да постојат митови и стереотипи дека жените се слаби со ориентација, не се добри возачи и сл. Немаше да бидат строги околу партнерите родителите на девојчињата и немаше машките да се фраери со повеќе девојки, а женските курви. Да, дефинитивно родовите не се еднакви и нема да бидат. Ќе постојат женски што цепат дрва, што возат коли, играат фудбал ама секогаш ќе има поделба на работите како "машки" и "женски". Не збориме за работи што нѝ ги одредил родот како носење штикли, иако транс лицата не би се согласиле со ова. Така да... остајте ја работава и прифатете дека жените треба да сакаат други жени. Тоа треба денес да е улогата на феминистот, воедно да ве направи да се чувствувате поубави како жени. А, под поубави мислам и посамоуверени и погорди. Зашто денес апсурдно е да се бориме за некоја еднаквост, жените сами си се избориле за глас, образование и работа. Сторено е.
Феминизам за мене претставува достигнување еднаквост меѓу два пола.Да престане да се величи едиот од половите и да се претставува како посилен.Еве работи кои сум ги чула а ме извадиле од кожа.Зборови кажани од жени кои се потчинуваат и мажи кои мислат дека го водат светот: 1.Ако жената го изневери мажот тогаш тој може да ја здроби од ќотек.Ако тој ја изневери неа тогаш ништо,мажите изневеруваат треба да се навикнеме на тоа. 2.Ќерко земи научи да правиш јадење бидејќи мажот ќе те исфрли од куќата(иако куќата сте ја граделе двајцата и иако ти не си предмет) 3.Жена ја личи секогаш да биде средена,дотерана,шминка,ова она(Зошто?Да бидам кукла за мажите коге ќе решат да прошетаат низ град да им биде сликата по нивен ќејф?) 4.Жената мора да чека мажот да го направи првиот чекор во една врска(за врската се потребни двајца.Зошто едниот да ја води врската а другиот да пати и чека во неизвесност?) 5.Еве ти како девојка ќе си имаш своја куќа а оваа ќе ја оставиме на брат ти(можеби нема да имам.Можеби нема да се омажам.Ќе спијам на улица?Така си ги сакате децата?) 6.Кога ќе видам како мајка на ќерката и кажува сине(каков син бре жено,слепа да не си?) Секако дека има уште овие се неколку кои мене ми паднаа на памет Ајде чао
И јас си ја викам фразава во некои ситуации. Ама знам одвратна случка во која токму машко беше жртвата. Ама секако не е будала да покаже дека е жртва зашо машко не паѓа у депресија, не плаче, он е јак и мора да издржи. Е кога дознав за него низ што минел, малце и подразмислив. Зад мене ќе застане феминизмот, зад него никој. На крај побара помош од асално стручно лице и успеа да преброди. Не бев блиска со него, иначе не знам дали навистина и јас ќе мислев како сите други тогаш. Знам знам, треба да игнорираме вакви случаи зашто статистики се битни.