1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Феминизмот и те како е заслужен за конечно мрднување од мртвата точка на: како тоа да плачеш; машко си; биди маж, итн. итн. Најголемите гласноговорници за дупливе аршини се феминистки.

    Не за тебе конктетно, туку општо: феминизам и 'биди маж' не одат заедно. Под рака со 'не биди жена' или па 'типично за женско', во конотација на слабост, да летаат во канта.
     
    На DAngel, crimson, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Не знам, јас на такви профили дури и овде на форумот во соодветната никогаш ама никогаш не читам било какви постови за тоа, туку секогаш тие се само и само предатори.
    Па еве и јас почнав да ги гледам така.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Па баш зад него и застанува феминизмот :)

    Феминизмот не е мразење мажи, не е омаловажување мажи, туку напротив, во ова време на фаворизирање на токсичната машкост, феминизмот ја дига свеста за проблемите со кои се соочувааат и мажите. Депресијата кај мажи, силувањето кај машките, учењето дека „момчињата не плачат“... Феминизот е движењето кое се заминава и со таа проблематика, како дел од борбата против патријатхатот.

    А за слоганите “Иднината е женска“ и сличните, океј си се. Укажуваат дека е океј што си женско, дека не си со помала вредност. Како беше онаа нашата народна поговорка? И стреата плаче кога ќе се роди женско.
    Далеку сме ние од еднаквост, и тука и во светот, па да ги сваќаме како наметнување на едниот пол. Исто како коментарите зошто се одржуваат геј паради. Зошто има потреба! Епа така и ова. Мал гест на охрабрување во една огромна борба.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
    На Lella, KateKane, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Јасно ми е дека е така. Јас реков дека никогаш во темава феминизам или на такви профили кои сум ги нашла не сум видела пост околу тоа.
    А и крај крајова нели на мажите ништо не им е ускратено? Нели ги имаат сите права? Зошто нешто како феминизмот да се бори за нив кога тие имаат сe'? Или сепак немаат?
     
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Tan4ence,

    Кој е тој кој не им дозволува на мажите да плачат? Да се играат со кукли како деца, да зборат за своите емоции? Менталитетот. Од каде потекнува ваквиот менталитет? Од патријатхатот. Кој денеска највеќе има корист од патријархатот? Мажите :) И така магичен круг.

    И на крај ние жените ќе треба да ги биеме и битките на мажите. Од нашата борба, и тие ќе имаат корист.

    Исто,

    Види, секој си почнува од себе. Женски форум е ова, повеќето што пишуваме сме женски. Нормално дека ќе ги дискутираме аспектите што нас лично не засегаат. И нормално дека ќе ги коментираме тие кои не силуваат, не тепаат, ни ги ограничуваат репродуктивните права.

    Еве, ти пишувај за мажи кои се залагаат за феминизам и за правата на жената па ќе ги фалиме и нив.
     
    На Lella, KateKane, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Океј, значи сепак е во ред што сексот го гледам како искористување оти половите органи им се само алати за силување зашто нели гледам од женски аспект.
    Исто така и тоа што едно време лошо се однесував со машко е во ред, затоа што почнувам од себе и правам како мене ми одговара. И мене ме засега мојата безбедност а не неговата ако така гледаме. Али па бев и за тоа осудувана. Епа не знам еве, збунета сум на чија страна да бидам.
    Едит- пишував едно време дека и мажите се жртви, ама и за тоа да бев нападната. Значи не бива ни вака ни онака.
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Тоа што ти лично имаш проблем со сексот нема директна врска ни со феминизам, ни со патријархат. Со таа разлика што феминизмот ќе ти дозволи да избереш што сакаш да превземеш околу тоа, додека патријархатот ќе ти каже да не го тупиш многу, да му “дадеш“ на дечко ти (греотка тој пустиот) и земи роди дете што поскоро.

    Епа, или ќе бидеш на страната која те толчи или на страната која ти дозволува да бидеш своја. Избери мудро.
     
    На smooch, theowndemon, Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Токму така.
    А страната да бидам своја вклучува малтретирање на некого од машки пол.

    А мојот став кон сексот е токму тоа дека мажите се силувачи што статистички го потврдува и феминизмот нели? Па не би сакала да му угодувам на нешто со кое може и да ме повреди.
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Tan4ence,
    тоа што лошо си се однесувала кон дечко ти значи дека си (била) кретен (во тој период). Ти не си движењето феминизам. Јас, ти, како индивидуи сме виртуелно небитни ама заедно ја правиме разликата.

    Инаку, сите сме биле кретени кон некого во еден момент од животот.
     
    На Lella, Bender Rodriguez, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  10. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    084.png

    Нејсе, не е тоа темата ама и онака свашта има, па ај и нашево. Нит знам со кој си дискутирала, ниту кој бил контекстот. И јас и @Nausicaa одговоривме на тоа што беше напишано тука. Кога дискутираме за феминизмот, вклучени се многу единки, некогаш стварно ми се чини ги третирате дискусииве како обединето феминистичко тело да ви враќа од другата страна за да се навраќаме на форумски дискусии од 2015, што actually никој не ги памти, зашто не знам... можда дискутирате со посебни единки?

    Едит:
    084.png
     

    Прикачени фајлови:

    • 084.png
      084.png
      Големина на фајлот:
      101,8 KB
      Прегледи:
      0
    На lovestoneddd и Nausicaa им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Па ти рече овде пишуваме како женски, гледано од наш аспект. И јас тоа што го правам гледано од мој аспект е во ред. Не реков дали сум или не феминист или сум тоа движење. Рече да изберам страна која ќе ме прави да се осеќам најсигурна. И јас ја одбрав. А и нема кој да ме осуди, феминизмот е премногу зафатен со вистинските проблеми, отколку да се занимава со некое малтретирано маже.
    Инаку фала за комплиментот.
    Си кажав што имав. Не знам што ти е чудно. Не сакам да сум предмет за задоволување алати за силување. Патем не значи дека ако сакам да уживам, дека сакам и да возвратам.
     
    Последна измена: 13 септември 2019
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Преточно. И на моите скоро 40 години уште нерва ме фаќа кај што читам.
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Пред некое време имав пишувано
    Прво никој нема се.И двата пола се справуваат со потешкотии.Феминизмот не е тука за да ги огорчи мажите.Жал ми е што така си го сватила сето тоа.Феминизмот е овде за еднаквоста.Тоа значи да можат мажите да плачат без да мислат на тоа дека тие треба да бидат силни и жените да не бидат ограничени со зборовите ти неможеш да го направиш тоа,тоа е за посилниот пол.Ете тоа е целата финта околу феминизмот кој не си го разбрала.Не треба да има посилен и послаб пол.Сите сме еднакви.Ниту ние не треба да бидеме "слабите"ниту тие да се присилуваат да бидат "силни".
     
    На Tokyo. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    И јас едно време го тврдев истото.
    Ама добив одговор дека статистиките покажуваат дека мажите се небитни. Ако има силувани мажи небитни се, зашто повеќе жртви се жени. Истото важи и за другите форми на сексизам или обесправеност кон мажи. Дека дур не решиме проблеми кои ги мачат жениве, другово да не го спомнуваме воопшто.
     
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Каде ги прочита тие статистики?Види вака...Феминистите се обичните девојки кое се борат за еднаквоста.Не треба да специјализираш за феминизам.И јас сум феминист и ти.Не дозволувај нечии зборови да ти сменат мислење.Иднината зависи од секој од нас.Не од нечии статистики.Мој совет продолжиси со мислењето од порано од односно продолжи да се бориш.Ти си феминизмот.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    @Tan4ence, те читам и не можам да разберам што точно сакаш да кажеш. Имаш нешто против феминизмот? Ептен си загрижена за правата на мажите? mra, red pill? Еве, објасни се.

    Звучи сурово, ама тоа со статистиката е точно. Дај боже да не е така, ама жените се статистички многу, многу почести жртви на силување. Следно, статистички, кај мажите жртви на силување знаеш кој е агресорот? Повторно силувачот е маж.

    Маж жртва, маж силувач и пак жените некако криви и за ова. А гледам мажите сите се собраа на едно место и бараат поголеми казни за силувачите. Ептен се потресоа. А знаеш зошто? Зошто се безбедни, зошто шансите да бидат силувани се практично минимални. Силувањето на маж од страна на маж е најчесто застапено кај геј популацијата. Голем дел од хетеро мажите буквално ги заболе за „педерите“, а и за жените кои се силувани. Кој им е крив што носеле кратко, пиеле или флертувале? Сами си го барале. А сите сме ги чуле вицовите за „педерите“.

    Не ти е крив феминизмот за тиња менталитетот во кој живееме. Ќе да е до општественото уредување, владеењето на мажите...

    Феминист(к)ите се тие кои се обидуваат да најдат решение за оваа пандемија на сексуално насилство. Мажите, зошто нив не ги засега, си кулираат. Ама не, продолжи да се бориш за нивните права.
     
    Последна измена: 14 септември 2019
    На Bender Rodriguez, KateKane и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Епа ете, токму за тоа и зборев. Од една страна феминизмот ги штити и нив, од друга страна кој ги е*е зашто се мал процент.. Ако ги напаѓаме, зашто ги напаѓаме, ако ги браниме зошто ги браниме. Одлучете се што е правилно, што не, оти и јас не знам веќе кого да напаѓам, кого да бранам. И јас не знам дали да мразам све машко околу мене или не.
    Сепак феминизмот нели ги прикажува мажите како предатори баш ради тој процент? А од друга страна наводно се бори и против сексизмот кон нив. Епа не знам веќе. Затоа прашувам.
    И примерот кој го спомнав кога реков дека зад него нема да застане феминизмот беше заради ова. Ќе му рече ти си дел од многуте кои се предатори.
    Ако се предатори тогаш и моето кретенство е оправдано нели? Возвраќам на предатор, ништо повеќе.

    Не се борам за нивни права и никогаш нема да се борам. Целта ми е да сфатам што е правилно, што не. Односно дали некој (поконкретно маж) заслужува да биде почитуван со оглед на алатот за силување меѓу нозе или мојата почит ќе биде осудувана зашто секако сум била напаѓана и во двете ситуации. Па еве, кажете ми дали еден мУж е за почит или не. Јас сум во средина а сакам да се одлучам за една страна, не знам која.
    Ако генерализирање е во ред, зошто лошо однесување кон поединец кој е дел од таа група не е?
     
  18. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Не ти треба многу за да сфатиш... Вистинскиот феминизам никогаш не ги прикажувал мажите како предатори. Ниту пак генерализирал.
    Нема тука завземање страни. Нема потреба да бидеш од оние feminazis и да мразиш сè што е машко на светов, но има потреба сите да бидеме свесни дека мажите можат да бидат жртва на сексуално и било какво насилство, сум била сведок, на повеќе наврати. Тоа нема да те направи ниту грам помалку феминист.
    А нарекување на машкиот полов орган алат за силување... немам коментар. Се надевам иронично е кажано.
     
    На mileystar, KateKane, smooch и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Не е иронично. Чим тие се главните предатори и поголемиот дел силувачи, како да го наречам?
    Навреда да не е можеби за некого?
     
  20. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.788
    Пол:
    Женски
    Навреда е. Го генерализираш и навредуваш цел машки род.
     
    На smooch, theowndemon, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.