@Tan4ence, се обидувам да те следам. Не секој маж е силувач и предатор, но доволен број се па затоа ноќе се враќаме со такси. На никого на чело не му пишува каков е па затоа внимаваме. И пак ќе кажам, феминизмот не ги прикажува сите мажи како предатори. Но, статистиката покажува дека во светот жените се соочуваат со страшно висока стапка на сексуално насилство. Живееме во свет каде мажи сметаат дека жената буквално им должи секс. Ја извел на состанок? За возврат заслужува секс. И тоа ќе го добие, на овој или на оној начин. До пред некоја година не постоеше силување во брак како кривично дело. Жената МОРА да му „даде“ на мажот, повторно, на овој или на оној начин. И мора да се зборува за ова, и мора да се превземе нешто, и мора да се најде решение. И сметам дека секој нормален и еманципиран маж е свесен колку е суров и ризичен овој свет за жената па место да се вреѓа од генерализирањето дека мажите се предатори, самиот ќе стане дел од борбата утрешнината да стане побезбедно и поубаво место за живеење, не само за нас жените, туку за сите.
Точно од збор до збор! Имаше една девојка, модераторка, на еден форум од македонски сајт. Сѐ што е машко ѝ пречи... Сакам да се задружи со тебе Треба да се знае дека, многу од нас мажите се прекрасни, фини, разбрани, мили, интересни, смешни, забавно-глупави, неуки, смирени, итн... И да, тие (ние) се на прв фронт кога станува збор права на жената. Лично јас сакам нашетана, едуцирана жена, не затворена, не затуцана, и лично јас, сакам да ѝ биде како што ѝ е волја не како што ми е волја. Оти е човек. Оти утре дечиња треба да воспитуваме (и тоа за дечиња - ако ѝ е волја).
Jас нигде не го негирав сето тоа. Она што упорно пробувам да го сфатам е ставот на феминизмот кон мажите. Во ред е да го гледам сопствениот дечко како силувач и да се плашам да бидам сама? Во ред е да го обвинувам за работи кои не ги направил а може да ги направи зошто е машко? Нели веројатноста е голема. Во ред е да го удрам? Да го силувам евентуално може? Зашто кој ќе ме осуди? Прво никој нема да му верува, второ јас ќе бидам прикажана како жртва иако сум спротивното зашто веројатноста е таа. Ете, тие Во ред е или не е, пробувам да си ги одговорам.
И поради тоа што си добила погрден збор сега имаш криза и не можеш да се одлучиш дали треба мажите да ги глеаш како зло или да се понашаш како пештерски човек према нив? Мора да се иде у екстреми и ме може да се размислува со своја глава?
Леле не. Се надевам дека ова е само пример а дека не се осеќаш навистина така. НЕ! Не и не. Леле, НЕ!!!! Така е. Двоен стандард. И за ова е крив патријархатот, не феминизмот. Кондиционирани сме да ги гледаме жените како нежни, грижливи, мајчински ликови а мажите како силни, моќни, агресивни воини па затоа ни е тешко да прифатиме дека жена може да биде подеднакво стока и кретен, како и маж. На страна дискусијата што е општествено прифатливо маж да се понаша како стока, се додека не премине определена граница. Пример- океј е машко да свирка и да довикува по девојки (не, не е!), може и по `гз да удри, ама битно да не силува.
@Tan4ence, уште ова. Еве што се појави на една од феминистичките страни што ги следам. Феминизмот е многу, многу повеќе од „мажите се предатори“. Најискрено се надевам дека ќе се заинтересираш да истражиш малку повеќе па ќе увидиш колку различни работи опфаќа. Феминизмот е интерсекционален.
Океј, нека биде тогаш не, ми одговара. На крај може ќе се одлучам дека е не. Секако и за ова ќе ме осудуваат, нема крај. И се трудам верувај да истражам повеќе. Ама никогаш не наидов на верувај му и почитувај го туку сосем спротивното. Или требаше да кажам дека сум била кретен па тек тогаш некој да се сети. Еве ја читам и темата и сум следела неколку профили. На тие профили знаеш што видов?Слики со среден прст кон мажи, вадење пиштол на маж и секакви ствари кои насочуваат кон одмазда и дури закани и сето тоа сфатено као зезанција. Што да мислам кажи ми после ова? Не е нормално да сум збунета? Да не барам ни сега мислења па ни од други кои ми велеа дека многу си го бранам мажето додека верував дека мажите можат да бидат океј. Факт е дека на темава не можам никогаш да сум во право и нема да одлучам која страна е океј.
@Tan4ence, најпрво. Форумов е забава, начин на тепање вишок време. Не велам дека не е информативен, ама имало моменти кога сум го гасела поради грди постови со хистерична енергија. Не знам која е спорната дискусија ама треба да се има во предвид дека напишаното не секогаш е со намера да повреди и навреди, туку едноставно резонира така со нас и го доживуваме посилно од што (можеби) била намерата. А можеби па тој што го напишал тоа едноставно сака да се кара и си нашол издувен вентил за негативната енергија преку конкретната тема. Не викам слушај ме мене, батали го тој член, никој од нас не е авторитет по феминизам едноставно читај различни текстови и створи си своја слика за движењето. Форумов...Некогаш џабе информацијата ако поради начинот на кој е пренесена ти дојде да го баталиш и самиот форим. Следно. Феминаци постојат, но се озбилно малку. Дури читав дека голем дел од феминаци мемињата што циркулираат се всушност пишани од лажни профили креирани од инцели за да „докажуваат“ дека феминистките вистина мразат мажи. А за вистинските мразачки на мажи? Епа место да ги мразиме нив, треба да размислиме низ што поминале за да дојдат то тоа дереџе. Сигурно не мразат мажи од што имале убави искуства. А тие страни што си ги гледала, тоа не се феминистички страни. Штом е на зезанција, значи еднакво се глупави како вицот за „модерната жена“, што всушност не е модерна, само не е тепана. И последно, за ставот на феминизмот кон мажите Тоа нема да го најдеш. Знаеме каде живееме, знаеме за опасностите. Здрав памет е кога одиш прв пат, па и втор и трет, на состанок со нов момак, да излезете на место каде што има луѓе и каде е осветлено. Да не ја оставаш пијачката на маса ако станеш да одиш до тоалет. Да не дозволиш да те убеди да пиеш алкохол ако ти не сакаш. Да не влегуваш во кола со дечко што едвај го знаеш. Да не одиш дома кај некој што не ти е близок. Се ова е самозачувување. Од дома ни е кажано, од постари другарки и другари ни е кажано. Феминизмот ќе ти каже да внимаваш, ќе ти даде совети како да бидеш безбедна. И порано се ова се знаело и се коментирало, ама дискретно. Денеска? Се кажува јавно! Се дискутира, се труби на сите страни како да се постапува во критични ситуации, се дига свеста. Нормалните машки знаат и свесни се зошто девојките немаат доверба на почетокот, и не се вреѓаат. И самите се свесни какви се мажи постојат, зошто тие истите им се роднини, пријатели, колеги. Знаат на што се спремни дел од мажите. А тие останатите што се увреѓени ако девојка одбие да пие коктели со нив на искачанка, или не сака да ја вратат до дома со кола, или се прават наудрени при дискусиите зошто девојките се плашат, е од тие да бегаш што подалеку.
Добро, значи оправдано е да мразам мажи зашто сигурно нешто ме натерало на тоа. Оправдано е да го удрам или клеветам дечко ми зашѕо сигурно си го барал. Не е без причина нели? Или не ме воспитале да почитувам машко туку повеќе обрнале внимание на тоа да сум безбедна и да повредам макар и кога нма потреба, за секој случај. Мислам претходно рече зад дечкото кој е жртва ќе застане феминизмот а сега ќе му рече па чим таа девојка така те мразела сигурно има причина. Лицемерие малце не е? И не мислев за тазе дечко, туку за некој со кој си во убава врска неколку години дека никој не ми рекол сакај го и почитувај го зашто сепак тоа звучи толку деградирачко да го кажеш на девојка. Зашто да, ќе ти признаам и ден денес не знам како да се однесувам према него а да не бидам осудена од негова или друга страна. Зашто и ден денес го гледам како силувач и убиец само зашто е машко и истото во лице му го кажувам. А он навреден. Па и она алат за силување не гледам зошто би било навреда кога најголем дел од машките за тоа им служи. Ако не и на сите. Ама ете, не требало да го бранам и верувам зашто он бил во таа сорта ама не треба ни да го повредувам зашто...не знам, не ми кажа причина никој. Кој ќе ме научи што е праилно? Кој ќе ме осуди? Зашто ќе ти признаам не знам, стварно. Затоа што можеби ми е задоволство да го повредувам и си барам оправдување да продолжам или осуда да престанам. Да го почитувам? Да го повредувам? Да го клеветам? Да го удрам? Еднаш ми олеснува што таквите постапки ми се оправдани зашто сепак има причина, од друга ми олеснува и што навистина ми кажува дека грешам. Ама пак сум на средина. И тоа дека никој не ме гледа мене како потенцијален насилник а него како потенцијална жртва е барем добро зашто ќе биде во моја корист вака или така. Ако го повредам, нема никој да му верува или помогне, напротив, ќе го исмејуваат, а јас ќе бидам во право. Тие страни што ги гледав беа сите прифатени како баш феминистички, со ваму таму некој пост во корист за мажите а останатото вперување оружје.
@Tan4ence, екстремно генерализираш, и како да не сакаш да ме разбереш. Ја окупиравме темава па ако сакаш, ајде во лп да продолжиме. Ако дечко каже дека девојка го силувала, треба да му се дозволи да каже за тоа. Не да му се смееме. Ако девојка каже дека дечко ја силувал, треба да и се дозволи да каже за тоа. Не да и викаме дека лаже. Има жени кои имале страшни искуства со мажите од нивниот живот, силувани уште од деца, тепани, мачени. Толку лоши искуства имале со машкиот род, што сосема ја изгубиле добербата во мажите како целост. И што сега, за да не се навредат нечии нежни машки чувства, тие ќе мора да молчат? Имаше ситуација сега, силувана девојка отишла да пријави силување и полицаецот ја силувал. Знаеш кога повторно ќе им верува на мажите? Пак ќе речам. Не знам што толку не е јасно во се ова. На мажите целото општество им е во корист. Ти гледај си за себе. Ич немој да се вреѓаш во име на мажите поради глупави постови, има цел систем кој ќе реагира ако им треба заштита. Гледај да не ти го забранат абортусот и контрацептивните средства, битка што мислевме дека е добиена уште пред 40 години. Мажите? Законот, системот, институциите се на нивна страна.
Не мора да ја напаѓаме веднаш. Девојката постави прашање и бара повеќе мислења да слушне за да оформи заклучок, а тоа покажува зрелост и големина од нејзина страна. Исто така не знам колку ја имаш читано, но има причини поради кои нема доверба во луѓето. Не велам дека е во право, но барем се труди да го пронајде правилното. @Tan4ence Танче немој толку сериозно да ги сфаќаш навредите од виртуелни ликови. Мислам дека знам за која личност зборуваш кога велиш дека си била нападната, но понекогаш желбата да се докажеме на форум колку го застапуваме феминизмот нè тера да одиме дури и во крајности. Немаш потреба да ја намалуваш почитта и љубовта која ја имаш кон дечко ти само затоа што некоја небитна особа ти рекла дека сите мажи се ѓубриња. Ти го знаеш најдобро каков е тој кон тебе и зошто вреди да му веруваш и да бидеш со него.
Пробав еднаш на форумот да започнам феминистички book club. Тотално неуспешно, само јас си читав. Многу е без веза што се што знаете за феминизмот го влечете од мејнстрим американски веб сајтови, од твитер и од инфлуенсери. Тотално погрешен поглед имате на феминизмот, на тоа за што се бори, што сака, и со кои проблематики се занимава. Читајте, луѓе. Фејсбук нема да ве образова и освести. Ајт...
@Tan4ence Мене стварно не ми е јасна поентата на твоите постови Тане, али едно сигурно заклучив, успеа да ги направиш мажите жртви на феминизмот а и на патријархатот, а не се . Ги уживаат сите можни привилегии под таа капа.
Ако досега не сфати, не се објаснувам повеќе. Си кажав какво мислење имам за нив. Кажав како ги гледам и признав дека сум била кретен заради тоа гледиште. Да ги мислев за жртви, кретен немаше да бидам. А само прашав какви се. Али океј, ми стана јасно.