Навредите и оф топиците се избришани. Доколку сакате да дискутирате сторете го тоа без навреди. Доколку сметате дека со некој нема поента да се дискутира едноставно воздржете се, а не да се навредувате. Благодарам.
Ќе прекопирам мал дел од текстот на сајтот сдк.мк „Мена Спировска, позната како Менче, е сопруга на еден од основоположниците на македонската модерна уметност, сликарот и графичар Драгутин Аврамовски-Гуте, и има огромно влијание за истата таа модерност и еманципација на македонското општество, во периодот по Втората светска војна. Таа од Прилеп, Гуте од Куманово, се нашле во Средно уметничко училиште во Скопје, и заедно заминале на Академија во Загреб, каде што во иста класа биле и со Ордан Петлески. Гуте и Менче како посебно талентирани веднаш биле примени во втора година, без да ја посетуваат првата година на Академијата. Се вратиле во Скопје во 1955 година, и биле дел од една интелектуална атмосфера наклонета кон промени, кон современи перспективи во уметноста, а и во сите останати области од живеењето.“ Менче била за пример, сосе дела сосе сѐ, за разлика од....
Сериозно? Личен вкус е мерило за бенефитите од феминизмот? И ја виде ли Менче во текстот? Прочита ли како се облекувала? Не била, ама ич како Степфорд вајфот од лево.
Личен вкус е само вајфот од лево што ми е симпатична. Вајфот од десно не ми е, само личен вкус, ништо лично.
Абе ти да не мешаш феминизам со феминизација? Мислам, верувај, за твојот личен вкус може само на оние што се убија од пазење да не увредат некое машко да им е гајле #толеранцијаКонМашкиотПол #офКутритеМажи
Цитат од текстот: „Менче кога се вратила од Загреб имала тифус фризура и немала сукњи, а бидејќи работела во школо, секогаш се поставувала така што на состаноците директорката не можела да ја забележи како е облечена. Служителите не ѝ верувале дека е наставничка, па морала да влгува од вратата за ученици“. @Keanu_R.Wick, знаеш што е тифус фризура, така? Само што повеќе наликувала на девојката од десно, отколку што ти мислиш И да, благодарам до феминизмот што можам да се облечам како што јас сакам, а не како што општеството сака јас да изгледам
Најсмешно е што девојкава лево не е од 1950, туку живее и работи денес, има 29 години, и е босанска винтиџ блогерка (гуглај Аида Ѓапо ака Idda Van Munster) Јас ја следам и поради тоа ми имаат излезено и други девојки блогерки што негуваат ваков стил, замисли во денешно време при овој „модерен феминизам“, и замисли ги следи широка публика меѓу кои сигурно и многу девојки со спротивен став од твојот. Не сум видела некаде да изрази било каков политички став, ама придобивки од феминизмот дефинитивно ужива, креира и патува насекаде низ светот, не се држи до балканско-муслиманскиот патријархат во секој случај Ениуеј, делење на жени според физички изглед и почитување само на жените кои тебе ти се привлечни - не е вистинско почитување на женскиот род
@Keanu_R.Wick, а каква врска има феминизмот со твоите лични преференции за физички привлечна девојка? Ти не мора да мислиш дека девојката од десно е убава или секси, ама од тебе се бара да не се потсмеваш со неа како „неженствена“.
Ахам, ноуп. Женственоста е збир од родови стереотипи што им се препишуваат на жените. Женскоста е самото тоа што е женско
И зошто за модни стилови и личен изглед дискутираме во тема „Феминизам“? Можеби зошто за тебе жената е вредна за внимание и почит само ако е конвенционално привлечна и убава? Еве не знам, појасни ми зошто дојде во ваква тема да дискутираш мода и стил. Односно, што и мислиш дека е убаво да се види кај една девојка. Односно, полошо- што ти мислиш дека е убаво кај една жена. Во тема феминизам.
Не сме од вчера Кијану, знаеме што е целта на споредбата во вакви мемиња, демотивација постерчиња или како сакаш наречи ги... Машки кои се шминкаат ти беа срам за твојот род, па што може да мислиш и за вакви жени?
@Keanu_R.Wick, можеше едноставно да го споделиш текстот за Менка, таканаречената прва феминистка во Мк, и се ќе беше во ред. Ќе го прочитавме, ќе и ги прогуглавме сликите, и на тоа ќе останеше. Ама не, ти сакаше преку текстот за уметницата да протнеш осуда кон денешните слободни девојки, без притоа самиот да го прочиташ текстот и да увидиш колку Менка, родена 1928, била прогресивна и уште тогаш блиска до денешните современи сваќања.
@John Snow, од една страна да, можно е да си во право и на ваков начин го добива вниманието кое му недостасува во вистинскиот живот. Ама па од друга страна, на феминистичките страни кои ги следам на фб, во секоја дискусија обавезно мора да се појави некој Киану да ни каже дека грешиме, дека врска немаме од живот, дека феминизмот е отров, дека жените лажат за силување и дека сме психотични што се плашиме. Се досега што има пишано на форумов, секој коментар веќе ми е одлично познат од претходно. Како добро извежбана кореографија.
Има еден што у своја земја има закон како жените а како мажите треба да се шишаат. Вакви Хитлеровски, пардон Ким Јонг-овски ставови те прават една мизерија од човек, али ај коа веќе се фативме на орото да го изиграме. На форумов ги имаш секакви жени и тетовирани и со кратки коси и метал што слушаат и undercut што имаат. Така самите си се свиѓаат, така си се убави и нема што тебе да ти полагаат сметки како со свои пари одлучиле да си се носат. Ако толку ти се сака 'ред' иди пресели се у Северна Кореја кај истомисленикот твој и не не поти тука секој ебан ден у секоја тема како треба да изгледаме или да се однесуваме.