Горе-доле се согласувам со ова. Но поентата уште ми стои, кога се плука по феминизмот, не си ништо поразличен од некој (читај: маж) што мисли дека женскиот род е под него, застануваш на страна на опресорот иако ти мислиш дека си поинаку. Се создава лоша слика за феминизмот иако нема потреба за тоа.
Не, баш спротивно мотивот ми е самољубие кон себе,женственоста и женскиот род додека со (радикалниот) феминизам морам вака го гледам спротивното затоа и го напаѓам Исто така да додадам , гледам како опресирината страна суптилно (мада како мине време што помалку) наместо еднаквост бара да стане опресор што исто не подржувам и напаѓам И да како што реков уште во првиот пост пре би се нарекла хуманист/еквалист затоа што сметам дека феминизмот отиде предалеку и си го изгуби првобитниот мотив да не беше ова би била горд феминист https://www.eviemagazine.com/post/what-feminists-get-wrong-about-female-empowerment/ It seems like we only celebrate women for being strong when they’re acting like men, or at least when they’re conforming to traditionally masculine traits and preferences. Ultimately, trying to turn women into men isn’t empowering them.
Грешно, грешно. Феминизам се налага за тоа да се отфрлат полови улоги, со тоа што секоја жена да си избере како да се себе си претставува. Ако некоја жена е женствена, во ред, ако друга не е, во ред. Проблемот е што секој очекува од жена да биде женствена и нежна, покорена. Женственост и нежност не е вистината за многу жени. Зошто да не е во ред некоја да е стереотипно masculine? Како една жена се претставува и однесува нема врска со нејзината силина. Ама ошштествотп нема право да и налага како да се однесува. Хуманист/еквалист се поими произлезени од мисконцепции за феминизам, а исто значат. Името феминизам е такво затоа што жените се тие кои треба да се доведат до еднаквост па така произлегло и името. Во смисла, борбата за еднаквост е за жените и секогаш била затоа што тие се опресираната група, со името се обележува тоа.
Немам никаков проблем со ова Мое мото е live and let live но исто така и сакам да бидам оставена да живеам како сакам без притисоци од општеството и омаложување поготово од оние кои што се опресирани и бараат еднаквост.. Но женственоста опфаќа многу повеќе од изгледот како и жената и нејзината улога во пред се семејството а потоа и заедницата/општеството . Да звучи супер и идеално но мислам дека се заборава дека феминизмот е и политичко движење (со агенда) и има и политичка страна како секоја политичка кампања идилата се завршува кога ќе се добијат изборите и кога започнува (не)спроведувањето на истата и ветувањата во дело и реалноста доаѓа на врата. Еве обичен пример во текстот се спомнува како жените кои се решаваат да се откажат од кариерата и се посветат на семејството /децата се гледаат како помалку од оние што се одлучуваат спротивно иако беше со феминизмот исто така ветена слобода на избор .На форумов има новоотворена слична тема по тоа прашање што и го докажува истото.Да го изоставиме фактот што истите и мораат да се вратат на работа од финансиски причини. Не мислиш дека феминизмот има некаква улога во ова?Ова порано не беше популарно мислење . За каква слобода на избор збориме?
Лош обид за спинување, пробај пак. Знам за која тема збориш и никој не постави ултиматум, дека една мајка не смее да биде full stay at home и да даде отказ. На темата се збори за платено породилно од 3 години. Бог да чува си.
Го осудуваш радикалниот феминизам, па постираш еден куп радикално феминистички тесктови Одлично, моме Патем, Канада водена од Bill C-16, во статистики за криминал веќе нема да го бележи полот на насилникот. Значи нема веродостојни статистики за силување, за убиство, за семејно насилтво, за сексуално вознемирување. Спиете ли мирно, само тоа ме интересира?
Ако ти велиш мора да е така. Кажи ми не се гледаат како нешто помалце оние кои се решаваат на првиот и потрадиционален чекор во споредба со овие другиве? Озбилно ова го тврдиш? И не немам потреба од манипулации темава ја гледам како дискусија не за наметнување мислење за разлика од некои и прифаќам поинакво гледиште
Пa today's feminism не е радикалниот феминизам. Моментално сме во трет бран - либерален феминизам. Не дека нема четврти на повидок, ама владее фино третиот. Едукација и само едукација.
Да сериозно тоа го тврдам. Јас во неколку наврати имам речено дека доколку би имала доволно финансиски средства, не би седела заглавена во фотељава 8 9 часа на ден, сонце да не видам со месеци. Би дала отказ. И пази, не се осеќам за некомпетентна или помалце вредна од друга на која приоритет ќе и е фотељава и ќе ја држи 20 години. Никој не ме погледнал како да сум чудак или да ме направи паразит и помалце човек. Сами се потценувате.
Па моме ти да си навистина едуцирано за реалноста на феминизмот немаше ова да го пишуваш бе Секој може да набуба про-феминистичка литература каде се е бајно и сјајно но не секој има желба/способност да отиде чекор понатаму , ги симне ружичастите очила и се едуцира/истражи надвор од тоа и со сопствен ум го расуди реалното стање и последиците на/од феминизмот. Абе моме кога брига кој бран е по ред јасно ми е тоа, но прашањето беше каде јас поставувам про-радикални феминистички текстови?
Мене ме интересираат овие правците во феминизмот. Знам само феминизам, и радикален феминизам.. Не знам дефиниции за нив, од прилика само си калкулирам, која активност/идеја, во кој правец би припаѓала. Тебе те цитирам, оти знам дека ти имаш најмногу знаење за ова.
Секоја чест исто и јас . Но прашањето беше дали навистина сметаш/тврдиш дека ова е денес мислење на мнозинството?
Мнозинството е одлучно само по едно прашање. На раб на општеството се само една категорија на жени, а тоа се жени кои не сакаат деца и брак, и кои цел живот се имаат посветено на кариера. Е за таквите ќе чуеш секакви погрдни епитети, меѓу кои и екстремот, мора нешто психички да им фали.
Според мене индивидуална желба за посветеност на кариера нема врска со феминизам ама океј. Од друга страна ако правиме stay at home moms да се слика на феминизмот, ништо не сме направиле затоа што многу голем број од случаевите е кога жените ја немале таа привилегија да изберат да седат туку се едноставно израснати со полови улоги. Ме потсетува на тоа кога се мисли дека секс работнички се врв на female empowerment ама уствари не може да биде така затоа што столбови на таа работа е мизогинија.
Не. Слика ... поента на феминизмот, е секоја жена да има право да одлучи како ќе го помине животот, и никој да не ја осудува за нејзинта одлука. Без разлика дали е стеј ет хоум мам, кариеристка без деца, проститутка, додајпожелба...
Феминизмот е широка расправа , сега го споменав ова како пример,не значи дека се што е постигнато со феминизмот го фрлам во вода.
Точно! Но сакав да кажам дека нема потреба да имаме „А што во врска со нив?“ став затоа што реално не е често некој да ги осуди, не е реткост на која треба да се обрне внимание (ама можеби и грешам, оправете ме). Кој е феминист си знае дека е се до лична одлука.
There's only one feminism And it is radical Се зезам, ќе ти најдам ресурси, само кажи што те интересира. Книги, видеа, статии или презентанции. Во принцип, од радикално феминистичка гледна точка има феминизам (кој е радикален) и куп чуда што се нарекуваат феминизам, ама не се Јас затоа се чудам зошто куп жени ми се лутат кога речам дека не се феминистки, ама не знаат, јбг. Ниту пак се интересираат да научат Don't be a SWERF Се зезам, да ве научам уште по некој збор во речникот