1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    |( Немам радикално мислење за sex workers, а уште помалку сум радикален феминист.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    мислев да не знаеш некоја кратка дефиниција и поделба..
    Ќе расталкам сама :muscle:
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па кога се кажуваат slurs не се прашува какво мислење имаш, се знае што им е целта ;)
    :D Боље, да.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.239
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Ок се сложувам секој(а жена) има право да работи /прави што сака со себе но зошто е погрешно ако се рече дека проституцијата е мизогинија? И да повторувам нека прави кој што сака но еве да речеме се легализира проституцијата не би повлекло тоа негативни последици на трговијата со луѓе ?
     
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Сакам да мислам дека ако е регулирана со закон, повеќе би биле заштитени сексуалните работници.
    Иако, и во Ред Лајт Дистрикт, во Амстердам, има случаи на трговија со луѓе... за жал.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Апсолутно. Не е погрешно. Проституцијата е мизогинија и потребно е да се бориме за нејзина аболиција, а не легализирање.
    Тоа ти е радикално феминистичко мислење :P
    Пак не сфаќаш?
     
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.551
    Допаѓања:
    21.642
    Пол:
    Женски
    Најискрена да бидам, пред ти да ми рециплираш пред некое време, мислев дека е шега дега TERFs го сметаат зборот за slur ама вистина било. :D
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ама не можеш да ја искорениш проституцијата...
    Како?
    Треба да има вработување, и пристојни плати за секој еден... па да има некаква минимална шанса за аболицирање..
    Вака, била легална, или не... проституцијата ќе постои.
     
  9. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Само би сакала да додадам дека ова е една од главните причини зошто постојат толку многу критики околу поимот "Feminist stripper", односно дека стриптизерките не се и не треба да се сметаат за феминисти.

    Од друга страна, контра-аргументот на стриптизерките и sex workers се сведува на тоа дека автономијата на феминистичките стриптизерки се гледа преку нивната способност да изберат за кого ќе настапат, кога ќе настапат, содржината на нивната изведба и колку долго ќе трае. Тие ја практикуваат нивната слобода на сексуалноста, односно нивната слодоба и право да одлучат како да ги користат нивните тела, но и сумата на исплатената плата може да ги постави стриптизерките во економска положба на супериорност над жените кои се занимаваат со други професии.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Се зезав малку :D8) ноу хард филингс. Да, slur е, само што таман работа такви неуки изрази да ме навредуваат.
    Легализација/декриминализација на проституцијата им одговара само на спроводниците, пимповите, купувачите на сексуални услуги.
    Точно дека моменталниот законски модел е огромна катастрофа и не нуди никаква заштита за жените во проституцијата, но постојат законски модели кои се тотална спротивност од овој, кај што казната се свртува кон плаќачот, а не давачот. Кај што се спроведува рехабилитација и нормален повраток во општеството на жените што сакаат да излезат од проституцијата, наместо само да им се вика "ајде, што се секираш, легално е".
    Добар чланак на тематиката https://www.tportal.hr/vijesti/clan...it-cete-cijelu-jednu-generaciju-foto-20181208
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Feminist stripper, feminist sex worker, feminist porn.
    Само еден куп заблуди. Кога некој зад кулиси ти рече "или прифати или ќе си ги сносиш последиците" и ќе прифатиш и ќе се правиш дека ти си избрала.
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Кога живееме во времето на #MeToo, заедно со засилувањето на моќта на феминизмот, една од последиците е изумирањето на стриптиз клубовите. Всушност, ова моментално се случува во Канада, каде за разлика од порано, стриптиз-клубовите постојано се затвораат. На пример, претходно само во Торонто имаше над 60 клубови, но сега поради massive development of properties, само дузина од нив stayed in business.

    Се согласувам дека најчесто таа самоидентификација претставува само една илузија, особено кога ќе се соочиш со реалноста на работата во стриптиз клубовите, но од друга страна, самите работнички го испревртуваат значењето на истото - се контрадикторни на самите себеси.

    Сум запознала одредени стриптизерки кои на почетокот се декларираа како "feminist strippers", но од друга страна кога во мојот стејт се воведе законот за "ban of sexual touching" со цел за да се намали ризикот од сексуално вознемирување, истите тие стриптизерки се жалеа дека дотичниот закон бил "bad for business" бидејќи сметаа дека го ограничува нивниот перформанс и колку пари можат да земат од муштериите.

    Тоа што ти го опиша како заблуди, најверојатно се однесува на тоа дека стриптизерките имаат барем некаков избор, односно слобода кога станува збор за нивниот перформанс, но сепак кога од подалеку ќе ја погледнеме ситуацијата, сфаќаме дека не се важни условите или слободата на избор, туку самата природа на "професијата", ако можам така да ја наречам.

    Меѓутоа, од искуство, не би можела да негирам дека дури и тие слободи/права на избор претставуваат субјективна илузија, сепак на објективен начин имаат улога на олеснителни околности. На пример, имаш опција за тоа дали според степенот на разголеноста, ќе настапуваш во прва, втора или трета категорија, дали ќе даваш lap dances и приватен танц во т.н. champagne room итн.

    Додека во Канада стриптиз клубовите се легални, секоја индивидуална провинција и град има право да одлучи како да ги регулира.
    Така, и во мојот стејт, постоеја низа законски одредби за секс индустријата кои влегуваа во сила со текот на годините. Истите тие закони иако од објективен аспект им одеа во полза на стриптизерките за да се подобри нивната заштита, како што веќе го наведов примерот за "ban of sexual touching" заради намалување на ризикот од сексуално вонземирување од страна на муштериите, сепак контрадикторно е како стриптизерките, меѓу кои одредени мои колешки, им се спротиставуваа само поради стравот од заработување помалку пари.

    Слично нешто се случи и во Saskatchewan, каде стриптизерките тврдеа дека со тоа што не им е дозволено да танцуваат на места каде се служи алкохол, се ставени во лоша, нискобезбедна и непрофитабилна положба. Со оваа забрана, тие би морале да настапуваат дома или на јавни места, што истовремено ја зголемува опасноста од сексуално вознемирување.

    Кога Канадската влада го призна Bill C-38, кој забрануваше привремени working visas за жени/девојки од странство да доаѓаат во Канада за да работаат како exotic dancers, стриптиз клубовите беа приморани да регрутираат само Канаѓанки.
    Поради ова, мнозинството од менаџерите на стриптиз клубови ги злоупотребуваат овие закони заради профитабилни цели. Всушност таков беше и мојот поранешен менаџер кој им нудеше на привлечните студентки од градскиот универзитет да им плати за tuition payments, travel expenses и други слични трошоци, секако ако тие дојдат да танцуваат во неговите клубови.

    Најлошото нешто беше што во јавноста менаџерот го претставуваше сето ова како добра кауза, велејќи дека се надева дека работата во неговите стриптиз клубови на студентките ќе им служи како stepping stone за да се вратат на факултет, да го довршат образованието и да не продолжат со кариера во секс индустријата.
     
    На WildMk и nightingale им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Да, токму тоа ми беше поентата. Дека не можеме да зборуваме за феминистичко прилагодување на по природа мизогина средина. Како што не можеме да зборуваме за еднаквост во систем кој е по природа мизогин (сегашното општествено уредување).
    Оваа реторика исто се користи воглавно само од активисти (а по мое искуство, активистите се или мажи или жени кои се во раководни функции во стриптиз барови или бордели). Никој не им забранува да отварата стриптиз клуови без алкохол, нели? Ама знаат дека интересот за такви ќе биде помал, а дека многу често алкохолот и насилството се поврзани - тоа и те како е факт.
    Да, да, одвратна реторика. Затоа е битно да се удри по таквите "менаџери" и по клиентите, а не по жените "давачи на услуги". Тие се оние на кои им е потребна заштита, а не клиентите.
    Моменталниот закон тука ги казнува проститутките и макроата, а не оние што праќаат за секс. Така полицајци си добиваат сила да уценуваат, секој може да те застане на улица и да ти побара, ама тој е заштитен пред законот. Знам за една свиња од нашава јавност што беше побарал на едно девојче додека ме чекаше на улица. Мене ми се слоши кога ми кажа, добив нагон за повраќање. Не сакам ни една жена да биде приморана да има секс со некој таков за да има за основна егзистенција.
     
    На WildMk, nightingale и Briar Rose им се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Точно, но од друга страна што можеш да очекуваш кога одредени девојки (во овој случај стриптизерки) своеволно ја прифаќаат таа мизогона средина само поради поголем профит, наместо да ги почитуваат и ценат законите кои се трудат да ги заштитат?

    Тие на ваков начин само ја погазуваат својата природа, своето еднакво место во човековото општество, како и правата кои им припаѓаат...

    Се сеќавам дека кога се воведе законот за "ban of sexual touching", оние муштерии кои ги допираа стриптизерките на непристоен начин, во мојот клуб беа веднаш избркани од security, но одредени девојки во клубот мислеа дека таквото допирање треба да биде дозволено доколку стриптизерките се согласуваат со тоа, односно ако изразат consent. Мислам, и самата можеш да согледаш за каков mindfuck станува збор...

    Да постои и да се применува закон кој те штити од сексуално вознемирување, а ти намерно да сакаш да го дозволиш тоа само за да не ги пропуштиш парите од муштериите (facepalm)

    Она што е исто така факт е дека менаџерите на стриптиз клубовите не го добиваат профитот само од Канаѓани, туку и од Американци, особено младите поради разликите во дозволеноста за пиење алкохол од аспект на возраста.
    Кога во клубовите не би се служело алкохол, би се изгубил значаен дел од профитот од Американците кои навечер ја поминуваа границата и доаѓаа во Канада. Ова е вообичаена практика во мојот град, не само во стриптиз клубот, туку во било кој објект каде се нуди алкохол.

    Иронично е како менаџерот ги злоупотребуваше законите на ваков начин, а потоа во интервјуата се претставуваше како да им е втор татко на девојките кои им мисли најдобро. Да беше така, како прво, немаше воопшто ни да помисли да заработи од нивните тела.

    Очигледно дека заборава на ризикот од сексуално вонземирување, зависноста од алкохол/дрога, пренасочување кон проституција како и општествената стигма која ќе ги следи тие девојки за цел живот...

    Додека Bill C-38 на некој начин ги штитеше жените/девојките од странство од Канадската секс индустрија во стриптиз клубовите, сепак тоа имаше контра-ефект врз Канаѓанките на кои алчните менаџери одеднаш го свртеа вниманието. Со други зборови, овој закон не успеа да обезбеди заштита за сите припаднички на женскиот пол во зависност од нивната националност и потекло.
     
    На WildMk, nightingale и DAngel им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ама сеуште ќе постои проституцијата.... каква и да е мерката.
    Од корен како може да се смени?
    Не верувам дека има некоја мерка, или мерки... кои би биле толку ефикасни.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Hence радикален феминизам. Од латинското radicalis што значи од корен, а не екстрем, како што многу мислат.
    Факт е дека не може целосно да се искорени во мизогини општество, ама токму тоа е и поентата, промена на целиот систем, а не само прилагодување закони во постојниот. Оти само со закони, ништо не правиме.
    Точно дека со казнување на побарувачката нема целосно да се реши проблемот, ама нема да се реши затоа што е корумпиран системот. Да не смеат да бараат, кому би продавале секс проститутките?
     
    На WildMk и Briar Rose им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Мислам дека е паметна мерка да плаќа конзумирачот, ама и во земји каде е така, сеуште постои проституција.. И трговија со луѓе, и насилство... и се'.

    Пишав претходно, дека и едукација, социјална помош (не само парична), јака економија, можност сите да работат, пристојни плати, пристојни услови за работа... - сето е потребно за од корен да се смени... Ама ќе поминат уште стотици години за да се види ефектот, во држави кои се способни да овозможат услови.. За нискоразвиените... не прам муабет..
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    @Briar Rose

    Читајќи го постот не можам а да не се запрашам како и покрај низата недоследности ти работеше во клубот и ги толерираше ваквите непристојности? Знам спомена дека ти си танцувала со облека, но сепак правилата не се поинакви за вас кога е во прашање било каков облик на ,,sexual harassment" или се лажам?
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor тоа е навистина добро прашање...

    Додека сум споменала и претходно дека припаѓав во третата категорија: танчарки кои не мора да се соблекуваат воопшто (остануваат со долната облека на нив), како и фактот дека никогаш не давав lap dances, ниту пак приватен танц во т.н. champagne room, танцувањето ми беше како occasional side job, бидејќи оригинално во клубот работев како cocktail waitress (служење алкохол на шанкот).

    Сепак, сите стриптизерки кои танцуваат, без разлика во која категорија припаѓаат, во клубот наводно се заштитени од законот за "ban of sexual touching", што значи дека муштеријата не смее да ги допира танчарките, инаку ќе биде избркан/баниран од страна на security кое стоеше до вратите.
    Инаку, бев многу блиска со DJ-ot и обезбедувањето и тоа пријателство особено ти служи во случај да има некој муштерија кој ќе стане обседнат со тебе и ќе почне да те следи каде и да одиш, и овој екстремен случај ми се има случено еднаш.

    Што се однесува до муштериите, и покрај тоа што има пристојни и културни луѓе со манири кои се мирни и најчесто само гледаат, порачуваат нешто за јадење/пиење и понекогаш ќе фрлат по неколку долари кај танчарките, имало и доста мажи кои би ги опишала како животни и мислат дека ако платиле за lap dance, дека стриптизерката е во нивна сопственост и дека можат да ја допираат или да и зборуваат што сакаат. И покрај тоа што веќе бев навикната на флертувањето, изјавите за "вистинска" љубов, како и обседнатоста со мене, односно мојот физички изглед, сето тоа сум успевала успешно да го игнорирам.

    Најчесто имаше муштерии кои беа толку "хипнотизирани" што почнуваа со раката да посегнуваат по мене за да се обидат да ме допрат додека танцував. Но од друга страна, бидејќи поретко настапував, немав толку чест контакт со муштериите, па претпоставувам дека поради тоа сум имала поголем праг на толеранција.

    Секако, сум имала добри и не толку добри моменти таму и всушност мило ми е што тоа поглавје од мојот живот е завршено. Иако сеуште можам, секако не би работела повторно во стриптиз клубот...
     
    На candy.cane и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Како можат проститутките да бидат феминистки незнам со кое лице, тоа е најникското ниво за една жена да биде проститутка, мажот под да брише со неа ад и праве шо сака односно да има таа цена, За мене феминистки се врвни политичарки, писателки, режисерки..
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.