Една феминистка е репер за останатите но за жал има и искомплексирани неизживеани жени. За проститутките, секоја проститутка може да биде феминистка но ниту една феминистка не може да биде проститутка.
Секоја, проститутка, може да се нарече феминистка (нешто почитувано и вреднувано), но, ниту една, феминистка не може (да падне ниско) да дозволи да биде етикетирана како, проститутка.
Ахам се разбравме. Но само затоа што пуста се нарекла/смета не значи и дека Е ко што чичковци у штикли и фустани не се жени само затоа што си го наполниле градниот кош со силикони,исекле машкоста и се нарекуваат жени но тоа е за друга тема .
Што, мислиш филозоф си сега? Проституција има патријахални корени и мажите придобиваат од истата. И на крај ги понижуваме жените што се проститутки.
Направив споредба едното со другото со она што он го напиша иако погрешно се изрази се сложив со него дека иако се сметаат дека се - не се затоа што се контрадикторни поради нивната професија. А што треба да ги фалиме и да им се дивиме на проститутките?
Се согласувам со тебе и исто така би сакала да додадам дека човековото општество има тенденција секогаш да ги осудува и критикува девојките кои работаат како стриптизерки, но од друга страна не ги осудува мажите како муштерии кои ги посетуваат стриптиз клубовите и со тоа всушност ја креираат побарувачката за тој вид на пазар. Со други зборови, постојат двојни стандарди кои го оспоруваат феминизмот со тоа што жената не е еднакво третирана како мажот и од општествен аспект, се наоѓа во многу полоша состојба. Со ова не сакам да кажам дека професијата на стриптизерките и други сексуални работнички треба да биде оправдана или прифатена од феминизмот, туку дека и во таа сфера жената е секогаш обесправена за разлика од мажот.
Па тоа и сакам да кажам, феминизмот и да ја осудува проституцијата никогаш не ги понижува секс работничките. Се извинувам за мислење по мислење.
Нив ги понижува индустријата, не треба ние да го правиме тоа. Треба да работиме за нив, а не против нив. Цел на феминисмот е да ги заштити, не да ги понижи.
Каде и како се понижувани не ми е јасно во горенаведени постови мојот став по ова е веќе напишан- нека прави кој што сака но сулудно и небулозно е онда да се залага за феминизам и ослободување на жената од патријахатот и мизогинија(зборувам за овие што се доброволно во професијата) ?
Оваа феминистичка цел треба да биде дополнително поддржувана со оглед на фактот дека постои уште еден вид на двојни стандарди ако направиме споредба меѓу машкиот стриптиз и женскиот стриптиз. Имено, постои драстична разлика од аспект на occupational hazard - навистина не е фер женските стриптизерки при работењето да постои ризик да бидат сексуално малтретирани, следени дома, силувани, максимално експлоатирани или во најлошото сценарио брутално убиени, додека за машките стриптизери, најголемата повреда што тие можат да ја добијат е некоја да ги допре или посилно да ги фати или да ги изгребаат по грбот. Со ова не велам дека машките стриптизери никогаш не се соочиле со вакви случаи, меѓутоа тоа се случува многу поретко. Дури и на неформален начин, општо е познато дека машките стриптизери од општеството не се толку строго осудувани од општеството, бидејќи како прво, и самата нивна професија е перцепирана како да е од забавен, па дури и комичен карактер. Тоа е сосема доволно за да се создадат тие двојни стандарди каде се согледува сериозноста на обесправената положба на жената, како и дека нејзината заштита треба да биде неопходна и примарна цел.
Не ми се допаднаа повеќето од размислувањата во видеово ама го праќам само да видите колку има разлика меѓу искуствата на машки и женски стриптизети.
За жал таква ни е природата колку и да има феминизам секаде ке бидат жени силувани, напаѓани и слично од манијаци болни во мозокот. Јас реков за проституки што по своја желба си го продаваат телото има и такви ама повекето стојат мажи на челото што ги продаваат и притоа имаат милиони од тоа и ретко затвор да одат...Повекето проститутки се убивани во такви сличаи кога имаат макро.