https://www.femrevolt.com/tekstovi/...šen-ako-ga-nemamo-hrabrosti-ni-imenovati.html Машко насилство: како да се надеваме на решение на проблемот ако немаме храброст ни да го именуваме
Hmm толку од правото на избор ... https://billmuehlenberg.com/2017/03/29/feminist-war-motherhood/ -When an argument is made in public that it should be illegal for women to choose to be stay-at-home moms, we have transcended a cultural boundary that should have our attention and in a hurry. -That’s why feminists are so frustrated. They can’t get women to do what they want.(ова ме насмеа ) -If feminists don’t like this fact, that’s too bad—but they’ll have to take it up with Mother Nature. A quick note of warning, though.She always wins.
https://24.mk/details/angelovska-za...3bZxzCF29RMVemifTKcWzXiHC_UvQF_qK01RXJWHYSCfA Мислења? Јас искрено ни еден издржан аргумент не прочитав како повеќе жени на раководни позиции ќе придонесат за раст на економија. Само зашто се жени зборувам, без да се осврнеме кои се индивидуално. Сметате ли дека некогаш слични неаргументирани изјави како оваа ни прават повеќе штета отколку корист? Мене искрено не ми се допаѓаат генерализации. Мажите се вакви, жените се такви. Овие се подобри, оние се полоши за ова или она. Сепак способноста за одредено нешто за мене е строго индивидуална.
Тоа е пошто нема издржан аргумент. Идејата на денешниот феминизам е дека мора да има ист број на мажи и жени на секоја функција зашто во спротивно невидливата рака на патријархатот ги спречува жените да напредуваат. Целта е equality of outcome а не equality of opportunity. Интересно е како се интересираат за тоа да има ист број на жени на раководни позиции ама не се замараат да има ист број водоводџии жени и ѓубраџии жени и оџачари жени итн.
Не баш. Не е тоа идејата на феминизмот, барем онака јас како што го сфаќам и она за кое јас се стремам. Токму затоа и го споделив ова, зошто сметам дека вакви изјави повеќе му штетат на тоа, и вршат дефокусирање од реалните проблеми и решенија. Некако премногу популистички.
Многу ви се површни и try-hard аргументиве против феминизмот со најексплоатирачки професии во кои има повеќе мажи. Еве на повеќето огласи чистачКи бараат на пример, исто тука е и текстилната индустрија во која се експлоатираат најмногу жени. Зошто вас (образованите) мажи против феминизмот ни на момент не ве радува помислата вие да работите како чистачи или текстилни работници? Едноставно, најтешките физички работи не се цел и амбиција во животот за ниедна личност без разлика на пол, никој не ужива во нив, ги работат луѓе кои се приморани. Нормално дека никаква форма на активизам нема да ги промовира како поле на empowerment и да се бори за повеќе луѓе (од нивната целна група) да целат кон тие професии, може да ги опфатат само од друг аспект, т.е. со адресирање на нечовечките услови и експлоатацијата во истите.
И на крај пак некој на форумов ќе каже дека „не сите мажи“, и пак некој ќе напаѓа кога ќе кажам мажите ова, мажите она, затоа што нели најбитното на феминизмот е да потенцира дека Н Е С И Т Е М А Ж И, инаку не е еднаквост и инаку мажите ќе помислат ги мразиме и инаку некој што не знае ф од феминизам ќе добие погрешна слика за феминизмот без притоа да мрдне со прст да се едуцира за истиот . Демек правата им се стресоа на мажите. А се силувачи и се насилници. Прочитајте.
Па и јас сум го сфаќал феминизмот на еден начин ама сум видел дека феминизмот ДЕНЕС не е исто со мојата концепција. Ако порано феминистките се бореле, прво за право на глас, па после за еднаквост во работното место, сега се борат за ЕДНАКВОСТ НА ИСХОДОТ. Што значи тоа? Како што кажав погоре, ако нема исто број на мажи и жени доктори, CEO-a, архитекти, програмери, судии, политичари.... тоа значи дека жените се репресирани од патријархатот. Што е очигледно неточно. Мажите и жените природно се привлечени од различни работи. Не се амбиција јасно, ама феминистките денеска, поготово на запад, одма ќе се бунат ако има gender disparity во било која професија. Не бараат да им се даде слобода на луѓето, или еве ако сакаш, да бидат empowered, да го прават тоа што сакат, без разлика што ќе биде исходот, дури и исходот да биде 90% од жените да завршат во професии како: медицинска сестра, учителка, домаќинка итн. А не тоа не може, сите жени треба да бидат врвни професионалки. Што ми е муабетот? Најтингејл рече кој е аргументот да има повеќе жени на високи позиции во општеството? Аргумент нема. Треба да има способни личности без оглед на полот на тие позиции. Површно рече Па мене не ми изгледа површно. Мене ми изгледа суштински. Мене ми излгеда како денеска феминизмот да не се залага за никаква правда туку само служи за издигнување на интересите на жените во општеството. Што значи не е движење за еднаквост на половите туку движење за женска супремација во општеството. Испаѓа, на феминиските денес им смета што повеќе од 2/3 до CEO-ата во компаниите се мажи. Би сакале 2/3 да се жени. Тоа би било фер за нив. Ако е така, тогаш не сум феминист. Јас кажав каде стојам: еднаквост на половите што значи нека секој докаже колку вреди и најуспешните нека ги заземат највисоките позиции, без оглед на полот.
Што е експлоатирачки во работни позиции како -ѓубретар, водоводџија, таксист, тракторист, чистачка, текстилен работник...? Можеби не се цел и амбиција за секого но за многумина се избор и некои со мерак си ја работат својата физичка работа. Како едно општество ќе опстои без еден куп професии и занаети кои ти ги сметаш за понижувачки или деградирачки и мислиш дека секој ги прифаќа затоа што е приморан, притоа експлоатиран? Експлоатација може да постои секаде, нефункционално општество е друг муабет и за него треба посебно да се збори, не да се меша во вакви теми.
Ко Џордан Питерсон да си го слушал Јас само ќе кажам пак дека ова горе не е цел на феминизмот според мене. И да, не сум за equality of outcome, за никоја друга категорија, па ни за пол. Не гледам причина за фаворизирање ни на база на пол, ни на база на раса, ни на база на религија итн итн. А не е дека нема фаворизирање реално. И не е дека ова горе е решение. Не реков површно, реков популистички. Токму затоа што ова се смета за феминизам, постои стигма на терминот.
Ништо суштински нема конкретно во тоа што ти го цитирав, т.е. дека било нефер оти феминизмот не се бори да има повеќе жени ѓубреџии, оџачари, ѕидари и што уште не слично, на тоа си стојам. Познат муабет и тотално нерелевантен. Е сега, за останатото, ниту за мене не е реално и не сум за строго 50/50 (или уште повеќе превртување на улогите), со занемарување на квалитетите индивидуално на секоја личност при конкурирање во било што. Ама значителна разлика покажува дискриминација, во нашата земја тоа е реалност, а по истражувањата и статистиките автоматски се плука и вреѓа (еве уште едно такво) оти денес реално е многу покул и edgy да си против секој муабет за родова еднаквост. Изјавата на министерката можеби не е доволно аргументирана во поглед на користа за економскиот раст, но не може да ти се океј бројки ко 2.6% и 17% (пази, 17% жени со свој имот, а не на одредена работна позиција) и да си за еднаквост. Во политиката исто така е важно да има претставници на женските интереси посебно во одредени сектори, а огромното мнозинство на мажи и тоа стари (со типични вредности за нивното поминато време) си го зема данокот (американските стејтови со хаосот околу репродуктивни права се типичен пример).
Oва. Но ова веќе влегува во (балкански)менталитет и малоумност што и мене ме вади од такт.Единствено секој/а поединечно да зазема став и држи до себе да не дозволува вакво понашање/мислење.
Убав текст, да. Ама либералниот феминизам е тој што ја забранува употребата на терминот "машко насилтво". Текстот е напишан како реакција на протестите што се случуваа во Хрватска заради силувањата на девојчето во Задар, и како ни еден од организаторите ни организациите не се осуди да го нарече проблемот "машко насилство", туку сите вртеа одоколу како "абе и машките страдаат, и машките се силувани.", без да се осмелат да кажат дека најголем дел од силувачите се МАЖИ, без разлика на полот на жртвата. Глупости на квадрат!!! Повеќе жени на раководни позиции не е решение, нити некогаш ќе биде. Повеќе жени на раководни позиции во патријахален систем значи дека помали плати ќе има на тие раководни позиции, па фирмите повеќе ќе заработуваат. Тоа се многу убаво гледа во еден куп феминизирани професии. Чист пример за тоа е истражувањето на ИТ индустријата кое го имаат направени IT.mk. Таму многу убаво се гледа дека мажите во дигитален маркетинг земаат во просек 40% поголеми плати од жените, иако распределбата на позициите е пола/пола (има исто мажи колку и жени). Пола-пола е затоа што како што почнале да паѓаат платите - така повеќе жени ставале на позициите (во стил, абе имам едно девојче ќе го заврши ова за без пари). Исто и со жените на раководни позиции ќе биде. Неќеме жени на раководни позиции во патријахален систем!!! Не е тоа решение на проблемот. Прашањето не е дали ќе јадеш јаболка или потрокали во кафезот, проблемот е кафезот!!!
Од кај да знам, во текстот пишува дека си го криела ликот во маркетот. Плус, можно е своеволно да заминала а против нејзина волја да е снимана. Не сакав со прашањето да ја оцрнам.