Тотално си во право да работат мажи во текстилната индустрија сигурно не би зимале 200 евра.. Секако има и жени што заработуваат многу и повеке од мажи ама се бројат на прсти. Ама вака како тргнало со образованието 80 посто на факултетите се жени мислам дека ке се смене нешто. Мажите без навреда у последно време немат ни амбиции ни ништо колку шо јас познавам мажи у мојо живот повеке жени ке придонесуваат бидејки имаат повеке образование а мажите по маркети и кафичи.
Да погодам, проблемот е што мажот си седи со весникот а жената го масира, ко што гледам. Оти мажот никако не смее да седи така и ништо да не прави, а жената да му слугува па уште и да го масира (или ко што велат, похардкор звучи, нозете да му ги мие). Од обична, нормална слика, триста чуда извадени.
Им набил комплекси "патријархалниот режим". Чекам да се дефинира феминизмот за да знаеме на што сме, дал на бесилка или на клада
Не е баш нормална слика, од мали се учат децата како треба да се понашаат. И сеа после вакви слики што ќе научат? Мажот седи увален у фотеља а жената тука позади него у улога на слугинка?
Редактирав коментар, прочитај и кажи ми. Што уствари се дешава на сликата за жената да биде претставена како слугинка?
Како што гледам? Зошто на пример жената не е прикажана како седи на двосед до сопругот и си праат муабет? Зошто мора да е прикажана со кецеља ?
Не мора. Ама не мора и параноја да пука и изигравање жртва и кога нема такво нешто. Не е прв пат вака, ни последен најверојатно. И сам кажа дека нема ништо лошо во масажа, а женава на сликава не е на колена да риба под, па да речеш слугинка. Така да, можете да смирите страсти.
И мене престилкава ми боди очи. А тоа женава што го масира мажот или ги има ставено рацете на рамената негови е единствено нешто од човечка интеракција што постои на сликава. Другите секој свој филм. Детето на компјутер изгледа како да не постои никој околу него. Повеќе ми смета што фали таа некоја интеракција и топлина, отколку некоја од типизациите што беа спомнати (освен престилката, не ми се допаѓа).
Еве ја и другата страница од истиот учебник, сосе текст, со неа е уште појасно сè. Жените и девојчињата месат, таткото си седи и чита весник, а машкото дете игра на компјутер или мести по некоја книга на полица. Ова е референтна и типична ситуација за тоа како изгледа едно семејство и кој што помага, која им се прикажува на деца уште едвај описменети. И секако дека не е во ред, со право ја споделуваат и критикуваат сликава.
Еве ај свртете ги улогите. Жената со нозе у вис и весник у рака, а мажот ја масира? Или “тато и Марко месат”. Необично ќе ви дојде, нели? Ете таму е проблемот. Што длабоко во психата на сите ни е вкоренета една ваква поделба на улогите, колку и да сме против тоа.
Не ми е гајле шо си прајте дома во поглед масажи. Ми смета кога вакви слики кружат од учебници во основно оти од мали им се кажува кај им е "место" на девојчињата. Убо кажа членката погоре, машко дете и татко да месеа или да правеа типична женска работа, на газ ќе падневте со колку грешно е, и не ме чуди да напишите и неморално дека е. Ае, можда не тука, ама во реалност свртете се и ќе видите колку е ова тоа кое се наметнува. Ова се тие суптилни пораки кои влијаат на личност и насоки во иднина. Ама неееееее ова е САМО невина слика.
Не знам колку сте забележале, ама на реклами се случува истото, мајката готви/чисти/пере (во зависност што се рекламира нели), а таткото глеа ТВ, или е излезен со децата, или си игра со кучето, или нешто слично, битно жената е таа што ги врши домашните обврски. Така се наметнуваат родови стереотипи од мали нозе, па после имаш ставови дека не е во природата на мажот да готви, или не дај боже да чисти
Јас ке ти објаснам што сака да каже сликата гледам не размислуваш толку длабоко. Детето е на компјутер тоа е ајде нормално, дедото поправа по дома, бабата му скувала кафе на синчето и го гледа како капка на дланка, мајката го масира мажето и е куварка и чистачка со пешкир околу скрук а мажот седи со весникот и не е..е жива сила со скрстени раце. Замисли на деца од 4 то оделение како ке се чуствуваат девојчињата во класот како идни куварки и масажерки додека нивниот сопруг пред него кафенце, весник и телевизија.
Ја сепак мислам дека, што е нормално а што не, детето ќе види и научи од примерот во неговото семејство, а не од книгите и телевизијата. Ако дома мајката самата се поставува како слугинка, особено ако има машко дете и никако не го остава да фати самото да запегла, да здипли и да си нареди алишта, да си зготви и слично, тогаш тоа така ќе си се научи. Ќе види дека мајка му готви, чисти, а таткото поправа нешто, цепи дрва... и ете ги поделбите на машки и женски работи. А ако си работат сите без такви поделби, нема никаков проблем, па што и да гледаат и читаат на други места.
Во право си ама во учебник не е убаво да има такви работи пред некоја година бевме на одмор и дете од 7 8 годинки што беа до нас во вилата му вика на тато спремањето е женска работа што го спремал куферот. Ме фати еден бес и затоа сликата не ми остава добар впечаток од книга. Секако децата се пола од времето во училиште и од таму се учат работи.
Поентата е да се променат на подобро работите, а не само да се следи примерот од дома. Ако сите така слепо се држеа до традицијата, уште жените ќе си седеа неписмени, ќе им договараа бракови и ќе ги враќаа дома ако не се невини. Пошо нели прабаба ти била неписмена, па баба ти го следела нејзиниот пример, па после мајка ти истото го повторува што го видела, па ти.