Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па луѓе мои парите те праат рамноправен и да си маж и жена без разлика да не се вараме. Патување се мисли за преку работа такво патување се мисли како шо разбрав, дека жена неможе преку работа да патува никаде сама преку работа а мажо може.
     
  2. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    #Equality :D
    https://sitel.com.mk/vo-makedonija-40-procenti-od-slobodnoto-vreme-se-minuva-pred-televizor
    Податоците од анкетата на Државниот завод за статистика ја прикажуваат традиционалната поделба на работите меѓу мажите и жените. Мажите поголем дел од времето го поминуваат на платена работа, додека кај жените, домашните активности одземаат најголем дел од времето.

    И кога се вработени повторно жените предводат во домашните активности со голем процент. Вработените жени учествуваат со 14 проценти за разлика од вработените мажи кои учествуваат со само пет отсто во тие активности.

    Од времето кое жените го поминуваат на домашни активности дури 37 проценти е на подготвување храна, додека мажите за подготвување храна трошат 12 проценти од времето. Миењето садови кај жените зазема 16 проценти од домашните активности, додека кај мажите два проценти.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    Пак НЕ. Поради овакви мислења и омаловажувања и феминизмот се здоби со bad rep и е прифатен од мнозинството така како што (не) е прифатен. Рамноправна е со самото тоа што е човек подеднаков како мажот,подеднакво (дури и повеќе) битна за создавање нов живот и семејство/заедница и учествување во општеството. Ја добивме реалноста жената да може (акцент на може не мора) да оди на работа ако сака нема потреба да се уништува/омаловажува се што е традиционално ( и нејзиното право на избор и тенденции кон исто) до патот на нејзино ослободување од третман како граѓанин/суштество од втор ред.
     
    Последна измена: 15 ноември 2019
    На Zavisnaodblago и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Не мора да оди на работа?
    Ако платата на мажот не е доволна (а најчесто не е), пак нема да оди на работа?
    А мажот исто ли не мора да оди на работа?

    Инаку мислењето што си го цитирала држи вода, ти можеш да се филмаш дека си рамноправна и без да придонесуваш во домот, ама во реалноста не е така.
    Милион примери имаш каде жени трпат се и сешто затоа што немаат свој денар во џебот и зависат од мажот. а ти слободно оди и убедувај ги дека не е така.
     
    На Joi, KateKane, Srckata28 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    Никој не го негира ова само реалноста е дека не сите се вакви случаи (ниту имаат потреба ниту желба туку сакаат да си се посветат на семејството) како што феминизмот има тенденција да генерализира и оди од екстреми до екстреми смири страсти live and let live baby ;)
     
  6. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Рече форумџиката што го цитира секое мислење во темава.
     
  7. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    Сите? Ај па провери да не си грешка :?: Како и сите останати на темава што дискутираат/изнесуваат мислење во тема/форум на дискусија. Во повеќе наврати имам напишано дека немам проблем ни со едниот ни со другиот случај(се додека се почитува правото на избор и од една и од друга страна) значи па нешто погрешно си поврзала.Или само ти боде во очи тоа што не сум во склад со типични феминистички shananigans од а до ш и не го пишувам тоа што тебе ти одговара ?Смешен и тотално неповрзан аргумент уствари не е ни аргумент :rofl:
     
    Последна измена: 15 ноември 2019
  8. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Гајле ми е мене со што си во склад а со што не си.

    Мислењата ти немаат врска со реалноста.
    Пази жената не морала да оди на работа, па супер еве коа ќе ти стигнат сметките ти иди објаснувај се во ЕВН дека ти не мораш да одиш на работа и дека е тоа уште еден феминистички shananigan.

    Ајде ќе пораснеш и ќе сфатиш како функционира светот, вака дури те издржуваат мама и тато лесно е.
     
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    Па она овие што морале па морале. Да јасно ми е тоа но дали ти е тебе јасно дека постојат и оние случаи каде што она не мора/нити сака/нити треба?Ако е нејзин избор(акцент на избор) да биде stay at home mom и има можности за исто нејзино право не твое ни на феминистите да и објаснуваат како е тоа деградирачки и уназадувачки за неа. Тоа е целосната слика и реалност.
     
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Повеќе у денешно време има жени на факултетите и зашо да учат ако според тебе не мораат да одат на работа? Ај да е инвалид оправдано ама здрава права индивидуа мора да оде на работа ако сака да е еднаква.
     
  11. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    Ајде ве молам смешно е више ова нерегистрирање на она што не ви одговара,извртување на збоорови/поента, генералзиирање и одење од еден екстрем до друг ко да баланс и трета опција не постои..Kаде ме виде да напишам дека треба/мора сите да седат дома и не работат /не се едуцираат/ или па овие што избрале да бидат stay at home moms се неедуцирани или треба да останат неедуцирани? Па прва јас имам мозок што е постојано гладен за нови знаења.Уште една смешна генерализација и покушај на омаловажување Баш спротивна ми е поентата да не се повторувам тоа што не секој може/сака да ја разбере не е мој проблем.Одговорот веќе го имаш во последните неколку мои постови но не сакаш да го регистрираш

    Еве интересен текст со интересни поенти
    https://www.mothermag.com/stay-at-home-mom-feminist/
    -Having a “successful career” does not make you more of a feminist.
    -Slamming any woman for her specific choices or situation in itself is anti-feminist.
     
    Последна измена: 15 ноември 2019
  12. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па ваљда факултет запишувам од две причини да бидеме уки и да имаме работно место убаво никој не се запишува факултет за цел живот дома да седе. Секој мора да оде на работа според мене секој физички и психички здрав утре ако сопруго донесе друга кај без пари ке одеме?.. Секој има право на свое мислење има секако и жени антифеминистки
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    Од сите можни недајбоже-опции, ја избрала опцијата сопругот друга ќе донел...
     
  14. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    Mожеш ти за тебе да си сметаш така тоа си е твое право и избор ако тоа те прави среќна но не си ти king of the universe и не ти е место ни тебе ни на феминизмот во туѓи животи и одлуки да одлучуваш/омаловажуваш/форсираш кој како мора. И јас сум за тоа да се има свој приход на пари но тоа не значи дека ги сметам овие што се одлучиле поинаку за нешто помалце или утре ако се одлучам за таков чекор кога ќе дојде време да стварам семејство.
     
    Последна измена: 16 ноември 2019
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Амн више со тебе и твоите домаќинки, што си се толку запнала за нив? Кој рече дека сите домаќинки се принудени да седат дома?
    Со ова твоево не сите па не сите (десет милиони пати го кажа истово) ги повредуваш жените кои _се_ во принудни ситуации затоа што мажот ги малтретира, не им дава да работат или пак понеинтезивно, кога не сака да се вклучи во домашните работи и улогата родител па жената се жртвува и рмба по дома за доброто на семејството. И ај сега ти кажи ми, дали е побитно да се бориме за нивните права и подобрување на живот или да им удоволуваме на ох-леле-доброволните домаќинки и на тебе затоа што барате влакно маана во феминизмот?

    Домаќинки па домаќинки. Ништо друго не збориш. Аман седи дома никој не ти брани.
     
    На Lella, hellocity, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 можда затоа што сум моментално во дискусија со @hellocity која го тврди тоа незнам ?
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.831
    Допаѓања:
    23.488
    Пол:
    Женски
    Таа вели дека без разлика дали сакаш или не, ако зависиш од некого финансиски тој има контрола врз тебе без разлика дали ја искористува таа контрола или не. Што сосема држи вода, како може некој од чија волја зависи целото твое постоење, да не е над тебе?

    Инаку пред којзнае колку време јас и ти дискутиравме за истово и цело време тоа го збориш, како да ти кажам дека не се најзагрозени твоите до ма ќин ки
     
    На hellocity и KateKane им се допаѓа ова.
  18. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.498
    Допаѓања:
    5.572
    Пол:
    Женски
    @Srckata28 Сама си одговори нa прашањето зошто морам се по 10 пати да напишам , затоа што не се сфаќа/извртува поентата вклучуваќи те и тебе. Од тие 10 пати повторно не ја разбра поентата? Проследена со типични феминистички патетики/генерализации и екстреми јер нема простор за баланс само или или во феминистичкиот mindset:Да погоди браво тоа ми е поентата да си останат овие во мизерни бракови и услови, непочитувани никако не ми беше поентата само да се почитува правото / не се омаловажуваат овие кои сакаат да си го изберат семејството наместо кариерата и да не се форсираат на нешто што не ги исполнува/прави среќни само за да му удоволат на феминистичкото сестринство ;) И да она напиша и дека според неа секој мора да работи тоа го коментирав меѓу другото.
     
    Последна измена: 16 ноември 2019
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Секогаш биди спремен на се
     
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Па не пишувај у темата никој не се меша на тие шо го одбрале семејството. Не пишуваме у такви теми и не вреѓаме ти пишуваш тука