Други не можат да се воздржат и пишуваат коекакви коментари за тоа кој како(читај сите) треба да живее според нив и се мешаат кај не им е место. Мојата поента беше дека сум само против тоа и да се почитува туѓиот избор и од една и од друга страна без разлика дали е тоа твој избор бидејќи во спротивно и со такви коментари се губи смислата на феминизмот и доведува до потсмев /никој веќе не го сфаќа сериозно освен фемиинистите а првобитната намера и причина му е одлична и спротивна. Како дојдовме до заклучок дека јас сум таа што треба да се повлечам а овие другиве да си продолжат со свое?
Морам вака пошто ми истече времето за редактирање Ова за тебе не е мешање и наметнување ?Ок. Да не се повторувам
Многу го дефинираат феминизмот како омраза кон машкиот пол. Но тоа е сосема погрешно. Доколку поимот претставуваше омраза кон машкиот пол, тогаш повторно би станувало збор за полова дискриминација. Феминизмот претставува 'борба' за ЕДНАКВИ права меѓу жените и мажите. Во никој случај не е потчинување на мажите. Се бараат еднакви права во поглед на секој сектор од нашето постоење и дејствување. Очигледно денес популацијата станува се' посвесна и посвесна за проблемот на дискриминација, и се стремиме кон негово намалување. За жал во некои конзервативни земји овој проблем е се' уште тешко да се реши и да се стигне до пиеделсталот на еднаквоста... Оваа појава, активност, како и да го наречете поимот, феминизмот, произлегува токму од фрустрацијата која била поттикната од нееднаквите права на жените во секторот на индустријата, домаќинствата итн. Пониските примања на жените, улогата во која била ставена жената во семејството (за жал денес се' уште се случува во одредени земји, како што веќе напоменав), дискриминација преку претпоставките со кои се ограничувале можностите на женскиот пол, потчинувањето на истиот, фактот дека жените биле и се' уште, во некои делови на земјата, се жртви на семејно насилство од физички, психички, економски и сексуален карактер, и многу други причини. Воглавно, феминизмот бара ЕДНАВКИ ПРАВА во секој поглед.
Не знам колку од вас го погледнаа видеото на српската телевизија B92, каде гостинка беше докторката Дарија Кишиќ. Врвен епидемиолог, жена која е на првите борбени редови против короната во Србија. Доаѓа да гостува во емисијата и копитово од водител и поставува прашање како тоа смее жена да оди на први борбени редови во ваква ситуација, која малтене наликува на воено поле. Ја прашува дали попаметно било можеби маж да пратат, а не неа. Еве го клипчето https://www.facebook.com/luka.licina/videos/10221710662052578 Еве ја таа мизогинија, тој проклет комплекс на мажиња што не и се до колена израснати, да и го доведуваат интегритетот во прашање и на жена која може да ги изеде со знаење и која придонесува секој ден за да се намалат жртвите да и постават вакво прашање. Кринџ ме фати само што гледав, секоја чест како остана смирена и достоинствено му врати на копитово. Телевизијава нигде ја нема да се извини, или барем да се проба да ја испегла ситуацијата. Светов не е спремен за едуцирани, културни и убави жени дефинитивно. Еј, едно вакво минорно човече се дрзнува да зборува кој треба а кој не треба да иде и да се бори против корона, оф мори мајко мила.
Па на сите тие спрски Маци Дискреции шо незнаат како ни се вика планетата и што го брукат цел женски род не за друго него заради тоа незнаење на сите жени им е ставен епитет дека се глупи чудно и е на луѓето ако видат образована жена и што работе озбилна работа. А за новинарот најголем сељак нека му ја скине некој дипломата
Имаш и еден куп Маци Дискреции од машкиот пол, па пак никој не ги смета колективно за ебани неуспеси од луѓе.
Нема никаква врска Маца Дискреција и девојките учеснички во реално шоу со оваа ситуација. Овде станува збор за еден таков низок акт кон жена која е едуцирана, и те како подобна да зборува за оваа тема, жена која учела минимум 6 години факултет и уште 4 специјализација, за да дојде некое неизделкано копито и да ја прашува како тоа таа иде да се бори против корона и не праќаат мушко наместо неа. И сега наместо да ја прашува за планови како ќе се одвива целиот процес на заштита на населението, што планира, како мисли да се намалува бројката на заболени од корона, тој ја прашува зошто таа како жена не го отстапила местото на некој свој машки колега. За ова треба отказ да попие затоа што својата медиумска моќ ја користи за сосема небитни работи. Уште за менструација дали има да ја прашаше и тамам да си го заокружеше бламот на максимум. Резил, нека земе нека се покрие со нешто.
А најјаки се овие во коментари што пишуваат нели е докторка, како може да не разбере едно едноставно прашање
Така е, али овде на Балканот за жал секогаш ке се ставаат мажите пред жените колку и жените да учеле и да се труделе, знаеш ли само колку знам жени со факултет дома што седат работата нели треба мажо да ја работе да е социјализиран да оде натам навам за жал овие работи не се од чера и мило ми е што почнаме да ги забележуваме и веке не се таму тема како порано. Ова е долга прикаска отвори пример учебник македонски или историја за историски ликови кои имале успех 99 посто се мажи ниедна жена а сигурно е имало и жени ама историјата несака да пишува за нив. Длга и широка е
Тампони и влошки: Петиција за намалување на данокот на производите за менструална хигиена http://chng.it/R6s8ZKDNxH
Па за промена можеш да пробаш да аргументираш наместо да се смееш или плачеш. Како што аргументирал членот. Се му е точно напишано. Кои факти имаш да ги посочиш за да придонесеш кон рефутирање на неговите?