1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    :)

    [​IMG]
     
    На WildMk, AnotherLiar, Gosh и 12 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    [​IMG]
     
    На WildMk, AnotherLiar, CaraMia и 13 други им се допаѓа ова.
  3. PurpleMind

    PurpleMind Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    3.605
    Тоа и се обидувам да ти го објаснам, не застапуваш ништо од тоа затоа што не ти се случува лично тебе или на некој околу тебе. Кога би се случило, би правеле друг муабет. Тоа не значи дека не си феминистка. Верувам дека ниедна жена не ужива во инфериорност.


    Тоа е тоа.
     
    На WildMk, CaraMia, Ketchup и 6 други им се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    А на тие на кои им се случува, едни феминистки, што ќе ти објаснувам, не знаат каде им е главата. И не можеш ти да знаеш што им се случува на оние околу мене, исто како што не можеш да ми кажуваш што сум јас по убедување.
    Нема вистинска корист од современиот феминизам, не гледам феминистките да променија нешто во светот по однос жените кои се дискриминирани или злоставувани, мизогините мажи и т.н.
     
    На Anon и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    52.405
    Пол:
    Женски
    @sjdgo
    Не верувам да постои жена што сака да биде инфериорна и потчинета на мажот во однос на секој аспект од животот. Феминизмот е токму тоа - жените да сме еднакви со мажите и да не сме дискриминирани (на пр. кога жена ќе посака да работи "машка" работа). Мене ми се гади од мажи (па и од жени) што се со ставот од 1900тите: "Жените припаѓаат во кујната", дека треба да сме само машини што раѓаат и чуваат деца и што работат по дома. Не е тоа тоа. А има и радикални феминистки што ја ставаат жената над мажот, и тоа не е во ред. Вистинскиот феминизам се залага за еднаквост, никој пол да не е над другиот, и не гледам причина зошто тоа би било лоша работа.
     
    На WildMk, CaraMia, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Феминизмот е остаток од минатото. Самото негово постоење е знак на нееднаквост и женска инфериорност. Зошто мажите не се групираат врз основа на полова припадност и не се солидаризираат едни со други, без оглед на се останато, ете, ист пол биле?
     
    На Anon му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Само привилигирана жена или жена што нема доволно почит кон себе може да каже дека феминизмот не е потребен денеска. Или пак едноставно е погрешно / не доволно информирана за самиот поим.

    Феминизмот се дефинира како еднаквост меѓу мажите и жените. Да им бидат пружени истите прилики и третман од страна на општеството.

    За среќа, многу е повеќе од тоа.

    Феминистичките организации се грижат за нееднаквата плата меѓу мажите и жените, за жените кои преживеале полов напад, жени врз кои се извршува (семејно) насилство, се грижи да ја скине сликата направена од општеството за тоа каква треба да биде една жена т.е. да ги уништи „половите улоги“ кои многу наназад се креирани.

    И најбитното: интерсекционален феминизам.

    Ако мислиш дека сите права ти се пружени и немаш потреба никој да се бори за истите, тоа е супер за тебе. Но, не сите жени во светот ги имаат привилегиите како тебе. На некои луѓе им е ужасно потребен феминизмот, некој да се бори за нивните права и да имаат организации во кои можат да се вклучат за самите да си ги бараат.

    Факт е дека ЛГБТ жените, инвалидите, жените кои не се од бела раса се значително повеќе загрозени. Оди у фаца кажи им дека феминизмот е остаток од минатото.
    Феминизмот нема да е остаток од минатото се додека секоја форма на дискриминација против жените не е остаток на минатото.

    Тоа е феминизам. Да се помага во жените, особено оние во потреба. Нит значи дека жените се над мажите, ниту пак е вистина било која друга слика на феминизам освен горенаведенава.

    Така наречениот „бел феминизам“ и јас сакам да ми се мане од пред очи и секоја друга форма на феминизам чиј претставник е слика од женски полов орган. Ке залепат влошки на ѕид на јавно место и мислат помагаат некому. Мрш, заедно со радикален феминизам и оној што ги исклучува транс жените.

    А мило би ми било мажите да имаат организации за нивните права доколку тоа вклучува дигање свесност за машките жртви на силување, кршење на стереотипната слика за „машкост“ која им е исфорсирана, штитење на не толку привилегираните мажи како и прифаќање на мажите трансџендери. Штета што било кој обид за правење на организација за мажи е за да се исмејуваат жените и „нивниот феминизам“. :)
     
    На WildMk, КикиМаус, CaraMia и 14 други им се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Индоктринација лeвл црнци вс. белци и шлагот на сите десерти - гејови и трансвестити.

    Законите се тука за секого подеднакво, секој што се чувствува обесправено е слободен тоа да го решава институционално, дури и да ги употреби таквите разно-разни здруженија во своја корист, само кој колку има во главата. Во секој случај, нема потреба од театри и патетики, добро е познато какви се позадински интереси застапуваат феминистките.

    И? Што ако им кажам у фаца? Знае ли просечна Африканка воопшто што е феминизам и дали ја интересира? Уште еднаш, каква работа им завршил феминизмот, ја прекина дискриминацијата со која се соочуваат како група?

    Друг пат кога употребуваш туѓи зборови, гледај да цитираш или да означиш.
     
    На Anon и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Не знам како поубаво да се изразам, ама срам да ти е за ова. Нема понатаму да дискутирам.
     
    На КикиМаус, Gosh, Ketchup и 7 други им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Од што да ми биде срам? :^) Па не дискутирај ако не знаеш да се изразиш, најдобро е така.
     
  11. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Препорачувам да ја слушнете Lorde како зборува за феминизам. Браво. :clap:

    0:49 секунди почнува.

     
    На КикиМаус, AnotherLiar, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.536
    Допаѓања:
    155.429
    Пол:
    Женски
    А зошто мажите да си формираат "своја" група или движење, кога на крајот на денот сите сме луѓе и треба да бидеме еднакви? Застанувам зад феминизам зошто зборува за еднаквост ама каде што не гледам еднаквост на жени, не гледам на други места и еднаквост на мажи. Треба исти правила и исти права да важат и за двата пола, а не едното да го потиснува другото.
    Кога одбираме низ кандидатите да вработиме на пример, треба прво на сите да им е понудена иста плата, па после да се одбери најдобриот без разлика на полот. Имало места кои сакале да се прикажат како "прогресивни" одбирајќи еднаков број на мажи и жени вработени. Се надевам нема да аплаудирате на таква одлука, туку ќе ја видите глупоста. Можеби три мажи беа подобри од трите жени одбрани ама не се одбрани ради полот и обратно, три жени не се одбрани ради полот, само за да бидат еднаков број на мажи и жени во фирмата па подобрите жени ги примиле и немало место за повеќе и ги примиле подобрите мажи кои не биле доволно добри колку неодбраните жени. Факт е дека, низ историјата, жените не биле одбрани заради својот пол, ама нели, не сакаме да креираме спротивен темен век, туку да бидеме прогресивни во вистинска смисла на зборот.
    Гледам сте зборувале и за насилство. Не оправдувам насилство врз жена, ни пак врз маж. Зошто како секое свесно човечко битие, не поддржувам насилство, без назнака врз кој. Ама, маж удира жена на улица. Жена удира маж на улица. Кои се реакциите? Ситуацијата е, каде што оној кој мава секогаш е физички поспремен. Сите знаеме дека ќе се тркни да се помогни на жената, а ќе се смее на мажот без разлика што штетата можи да е реална и еднаква, сепак постојат и физички послаби мажи и жени и обратно, физички посилни мажи и жени. Поентата ми е, насилството е грешно врз кој и да е, така да не би рекла дека поддржувам само насилство врз жена зошто во сите човечки суштества, спаѓа и жената.
    Вистина е дека неправдата врз жената е почеста и поголема ама тоа не значи сосем да се запостави и мажот. Така да мислењево ми е повеќе да прикажам и машка страна зошто има страни, ли страни со кои се согласувам за жената.
    Никогаш, ама баш никогаш не би поддржала некој/а само ради полот кој го има, туку за тоа што застапува и прави. Нема да поддржам жена зошто е жена, туку ако веќе ја поддржувам ќе биди за тоа што го прави.
    Погоре беше споменато дека црна жена има полош живот од бела жена. Па и црн маж има полош живот од бел маж. Расизам се вика тоа.
    Се надевам ми ја гледате поентата, зошто феминизмот е еднаквост и треба да остани како таков.
     
    На WildMk, КикиМаус, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  13. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Ја батка, не е*ам жива сила кога станува збор за еднаквост на жени : мажи. Еднаква сум со сите за се, се додека не го кажам спротивното. А тоа се случува: за чистење сифони, за носење дрва, за „е*аање“ со мајстори (што би рекла комшиката), за стануење касно навечер ако некој заѕвони на врата, за преместување мебел (што веќе ми се смачил да го гледам со години на исто место) и сл.
    За се ова, а и за други моменти што не трпат еднаквост, јас го впрегнувам маж ми зошто ситуацијата налага тој да биде „поеднаков“ од мене тогаш. А ако мрчи, ќе му ги ископам очите.
    Дали е ова симптоматологија на феминизам? :worried:
     
  14. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Не, туку твоиве и слични аргументи се симптоматологија на немање поим што е уствари феминизам и празно контрање против истиот :)

    Иначе, зошто би се создало во минатото посебно движење за машкиот пол, што ќе опстојува и досега?
    Каде тоа мажите биле тие што треба да се борат за право на глас на пример? Еве и денес во статистики има дека сѐ уште мажи земаат поголеми плати од жените и во развиена земја како Германија тек лани била донесена законска регулатива против тоа, исто статистики потврдуваат и дека големо мнозинство од жртвите на семејно насилство се жени.

    И за мажите има токсични норми и стереотипни очекувања кои на некои од нив им го отежнуваат животот – а тоа се дека во нивната физичка сила е вистинската мажественост, дека не им е место во кујна и покрај бебе, дека треба у секој момент да бидат психофизички спремни и предодредени да фатат пушка во рака и да идат во евентуална војна.
    But, oh wait... баш и рушењето на тие глупави норми е дел од идеалите на феминист(к)ите. И секако, на тие што плукаат против феминизмот им пречи и отфрлањето на овие стереотипи, сликаат дотерани машки во автобуси и се смеат како зелени на истово, алармираат дека треба да се врати воен рок и сл.
    Pretty much logical. :)
    Ех, каков срам бе срцка, сите знаеме што стои зад феминизмот, да не се правиме сеа на три ипол... :devil: :D
    *се шалам, секако... Трагедија е вакви работи да се читаат од жени. :|
     
    На WildMk, КикиМаус, CaraMia и 12 други им се допаѓа ова.
  15. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    Едно ќе ти кажам - стереотипите ги наброја ги создаваат невоспитани и необразовани луѓе. Што значи, проблемот е системски и ќе постои се додека општеството не најде модел како да вгради вистинските вредности кај сите свои граѓани. Ако успее и ако сака тоа да го направи, проблемот со било која дискриминација ќе отиде во заборав. А ако им се остави битката само на жените, т.е. на феминистките, тоа ќе ми простиш е играње дрндупки со жените токму од тие што ги поттикнуваат на ваков тип здружено феминистичко војување против дискриминаторите. Таков тип на битка е однапред изгубен и носи уште поголем јаз и фрустрации.
     
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Знаеш што уште е систематски? Сексизмот. Колку сакаш вели дека ги имаш сите права, светот е веќе развиен на норма што ги дискриминира жените. И за разлика од пред некоја деценија, неколку чекори сме поблиску од искоренувањето на истата.

    Општеството нема да ги вметне вистинските вредности со плукање врз феминизам.

    Не се само жените феминисти. Секоја едуцирана личност е феминист без разлика на пол.

    Замисли жените во минатото да останале дома наместо да одат на протест само да за да не "предизвикаат фрустрации". Нема смисла.
     
    На WildMk, CaraMia, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не сум знаел за ова. Некое ново правило? 8-|
     
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.540
    Допаѓања:
    21.518
    Пол:
    Женски
    Да, секоја едуцирана личност без разлика на пол е феминист, Витали.
     
    На WildMk, Lella, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тоа во твојот свет само, неможеш да генерализираш бидејќи нема никаква логика ниту смисол тоа што го кажуваш. Има луѓе кои се против феминизам тоест сексизам и истите се едуцирани само што не им е испран мозокот.
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Јаз затоа секое сабајле се качувам на метлата, и правец на работа :D
     
    На Biljarkata, kikkki, crimson и 5 други им се допаѓа ова.