Дека огромен број жени работат и се успешни на полиња кои се карактеризираат како "машки" ? Дека еднаквата плата за иста работа не смее да зависи од одредени природни разлики кои постојат меѓу половите?
Последниот дел од мислењето на Астронаутот доволно покажува колку заостанати мислења има. Грижа за семејството,родот,куќата....Ко жената да е робинка. Да не ќе му падне на мажот ако погледа деца и зачисти? Без жените ВСВ ќе имала поинаков исход. А,бе ај,заборавил од кај искочил.
Кога ќе бидеш доволно едуциран тогаш можеш да заклучиш дали напишаното на членов е точно или неточно. Само затоа што жените со години уназад се потценувани како недоволно физички и психички спремни, не значи дека тоа е вистина. Остави ја жената сама да треба да ги брани своите најблиски, ќе му се спротистави на цел свет. Ќе почне и заби да користи ако тоа е потребно. Да бевме исти пишал... СМЕ исти! Само работата е тоа што ако мажите се сметаат рамноправни со жените, тогаш кој ќе им готви или ќе им чува деца? На кој како му одговара. Ако е физичка сила во прашање, се стекнува истата. И маж да остаиш дома да храни деца и да чисти куќа, да треба да војува ќе легне болен и ќе се крие дома. Според напишаново, жената е вредна само ако му роди деца на мажот? А што ако е неплодна? Тогаш батали ја, остај ја слугинка нека биде, а мажето нека си најде друга за деца. Ме фаќа срам кога читам вакви тешко неандерталски мислења од луѓе, уште повеќе кога знам дека повеќето мажиња од Македонија вака размислуваат. Далеку сме од развиена држава, а нема ни да има некаков прогрес во брзо време. И, да, едуцирај се, те молам. За друг пат да не се брукаш и да не ти се смејат на твоето затворено мозоче. А, можеш и некое романче да прочиташ за промените што жената ги направила во општеството. Зашто нели, не била доволно психички развиена и способна. Ако ти треба препорака, пиши.
@tetanusot доста аргументи се изнесени на темава, мене ми е искрено бедно да се докажувам на такви како тебе или тој на сликата.
Кога многу членови од Кајгана барале да се приклучат во "Јавна соба" , тогаш логично е да бидат заостанати. Феминизмот и тоа како е потребен затоа што површински гледано ги имаме истите права како мажите, но на многу полиња сме дискриминирани. Жално е што феминизмот многу погрешно се сфаќа. Не, не е омраза кон мажите, мажените жени, мајките, туку е борба за еднакви права и слободи. Имаше еден твит, не можев да најдам слика, ама гласеше вака нешто: да се шета машко без маица е ОК, а ако женско малку полесно се облече, тогаш си го бара сама. Ако најдам слика, ќе ставам. Ова е само едно од тие многу нешта за кои сме дискриминирани. Ах, сега го најдов твитот!
Мене машко без маица, освен на плажа или ако е препотен од спорт па се соблекол на кратко, ми е сељачки.
Не сме природно исти , ама како и да е од тој факт не смее да произлегува нечие чувство на супериорност и имање привилегии.
И мене ми е сељачки, но ним никој ништо не им вика, а ние ако облечеме нешто кратко, веднаш ни лепат етикета.
Знаеш колку ми е веќе гајле? Јас сум девојче што се срами многу од туѓи погледи и коментари, и што од ЖЕНА во продавница на туристичко место бев максимално изругана затоа што сум била со купаќи (носев шорцеви и кратка маичка ама купаќите се гледаа). Тогаш ме фати срам и речиси не заплакав. Сега? До продавница одам со кратки шорцеви во место кај што живеат најпримитивните луѓе и ич не ме занима што зборат и гледаат. Лето е, лето. 100 степени надвор, тие се однесуваат ко кожа да не виделе.
И не треба да ти е гајле. Поентата ми беше дека и ова е едно од тие многу работи во коишто сме дискриминирани. Не се замарам ни јас, ама пред некој ден овлеков сукња што ми е малку над колената и мајка ми ми вика дека ми била прекратла и дека ќе сум била мета на манијаци. Со други зборови ми рече дека си го барам. Но, сепак си терав по свое. Сакав да кажам дека само изгледа дека сме еднакви, а вистината е дека не сме.
Семантики. А статистикиве ги извади од, ракав? Аха, стај 10 жени и 10 мажи и да градат куќа, увиди ја нивната работа која ќе биде очигледна (мажите поефикасно и побрзо ќе сработат) и кажи им дека „природните разлики не се важни, иста плата ќе имате“. И не, нема да стигнат до посакуваното ниво жените, колку сакаат нека работат. Да, така е. Затоа при семејно насилство никогаш немам слушнато муабет дека жените „се плашат да пријават“, „срам им е“, „полицијата и онака ништо нема да преземе“ итн. LAWL. Секако, особено ако е некој разбацан, ќе ти биде сељачки а нема да буљаш и да се влажниш.
Јас уште не сум вакцинирана против тетанус, ама може да кажам нешто? Еве не мора светски статистики, колкав е соодносот на високо образовани мажи наспроти жени во МК? Спојлер: Спојлер Не се жените еднакви, супериорни се
Е да, во високото образование кај нас во кое ниту еднаш немало афера за барање на сексуални услуги од страна на професори со цел студентки да положат испити, завршувањето факс може да го сметаме за релевантен фактор за супериорност.
А ти ова го сметаш како врвна карактеристика (како и се останато) кај мажите? Ептен добар пример даде
Не знаев дека освен тој дел високото образование цвета и не постојат врски и мито, од кои е исклучен машкиот род.
Мажите побрзи во некоја работа хахахха овде на балканот седнуват на 10 минути ракија да пијат и силица да наместат, значи физички се појаки тоа незначи дека се попаметни и духовно богати, а ако гледаш по физичка сила си многу површен и тоа кажува многу за твојот ај кју.
Сфаќате дека водите непродуктивна расправија во која може само време да губите и ништо да добиете, нели? Амебава нити ќа ја образувате, нити ќе ја предомислите. Среќа ништо не ебе во подрумот. Ебан инцел.
Па мажите бараат сексуални услуги и со тоа што го пишуваш повеќе си го ругаш твојот пол, машките професори уценуват за секс, јас не сум сретнала жена да траже секс од студент