1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.079
    Пол:
    Женски
    Какви статистики треба да ти изнесам?Не живееш на планетава, не си сведок на жени успешни во своите професии?

    Ајде де, за физички работи мажите се поспремни.Океј.А за работа која бара интелектуален напор, која функција ја игра полот?
    За исто извршена работа треба да следи и ист надомест, не знам што има спорно тука.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Јас кога читам дека мажите биле природно физички посилни од жената, а шишето оцет што баба ми со еден потег го отвара, јас со триста маки не можам.
    [​IMG]
     
    На sparklie, Celltica, dayla и 18 други им се допаѓа ова.
  3. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.552
    Пред да треснете глупости дека мажот е посилен од жената нека ви текне кој ве родил и каква мака поминал.
     
    На raww, KateKane, mode-kristina и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.897
    На KateKane, mode-kristina, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Ама Швеѓанките :mm:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.079
    Пол:
    Женски
    Е зошто глупост?Физичката сила е биолошка разлика колешке.
     
  7. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Кој мисле дека е некој по битен и паметен оти е физички посилен е уствари со таква мисла и свест е најголем глупак и нема што да покаже со мозокот туку само може со мускулите
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.897
    Шо швеѓанките?

    Ќе родат дете, после мажот на готово на породилно оди.
    Море имаш право, таму бетер е(facepalm) :rofl:
     
  9. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.552
    Силата има врска од полот?
    Прв пат слушам. Да, хормоните имаат улога. Ама, моето секојдневие не го кажува баш тоа. Има жени што може да ти исцепат 3 кубика дрва и мажи што не може да фрлат 5 лопати цемент. Така да, муабетот со генерализација нема врска.
    Не сум ти колешка, нема да станувам доктор :)
     
    На raww и martiiinna им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Е тука да си ми жива :clap:
     
  11. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Вака со поголеми малце.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    А вие што тврдите дека мажот и жената се физички еднакви, биологија сте учеле?
    И черепот им се разликува, скелетот цел, структурата на коските, мускулната распределба, распределбата на мастите, хормоните. Се тоа има свое и на јачина и на издржливост и на подвижност.
    Во некои нешта се подобри жените - во некои мажите. Дека се еднакви, сигурно не се.
    Затоа постои поделбата на машки и женски спортови, на пример. За да им се дадат еднакви можности и на мажите и на жените.
     
    На Celltica, tetanusot, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.079
    Пол:
    Женски
    Да, има жени што цепат дрва и мажи што со прст ништо не фаќаат ама збориме генерално, де :).Пример, во која физичка работа, се доминантни жените?Не ми текнува на таква.
    Ова не ни треба да биде спорно, природни разлики, хормони, глупости, ништо страшно, не знам кај се фативте баш за тоа.
     
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Џабе колку и да сте физички силни со 2 куршума умират и мажите и жените е тука има само еднаквост....
     
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.552
    Зборам за толеранција на болка. Ваљда прочитала си некоја статија и за тоа. Ако ти е убаво да ти викат „остај, женско си“ океј. Ова ако не е директно понижување не знам што е. Кога го кажуваат тоа им текнува на биологија, да.
    Се е поврзано со синдром мачо мен во поголем дел, за тоа зборам. Добро сум запознаена со биологија, фала.
    @Angie1432 кажи ми пример во која интелектуална гранка жените се подобри од мажите? :)

    Се бориме за еднаквост. А, тоа нели подразбира дека ако жена сака да носи цигли, нека носи. А, не мажи да и се потсмеваат на работата пошто е жена.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јазици, уметности, работа директно со луѓе.
    Пази, ова ти го збори жена во машка професија на која отсекогаш и оделе „машки“ работи.
    За сила збориш :D
    Да, жените имаат поголем праг на толеранција на болка. Пак е биологијата крива за тоа.
    Жените имаат и поголема кондиција исто така, и поголема подвижност/флексибилност. Исто е природно, биологија, физика, хемија, еволуција.
    Жените се супериорен пол над мажите, ама пред да побараме еднаквост по секој основ, треба да знаеме и што бараме. Замисли укинување на женските спортови затоа што „мажите и жените се физички еднакви“. Тоа би значело дека ретко која жена би можела да се занимава професионално со спорт и да постигне значителни и забележливи резултати. Буквално контрапродуктивно.
    Замисли спојување на машките и женските затвори затоа што „мажите и жените се физички еднакви и онака се криминалци во прашање“. Тогаш силувањата на жени во затворите би биле секојдневие.
    Еднаквост е дефинитивно злоупотребуван поим.
     
    На Nausicaa, candy.cane и Biljarkata им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.032
    Допаѓања:
    26.552
    Може мислев на психичка сила Ангел :D
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не знаев дека цепење дрва спаѓа под психичка сила :D
     
    На Biljarkata и candy.cane им се допаѓа ова.
  19. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Шовинистичко лајно искомплексирано.^_^
     
    На raww, dayla, Nausicaa и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    36.807
    Пол:
    Машки
    Бројките може да кажуваат многу, а сепак да значат малку.
    Во Македонија, а и општо во светот, жени што се без факултет се осудени на финансиски пропаст. Зошто е тоа така?
    Ајде да ги погледнеме позициите без факултет кои носат најголем профит, а сепак не се физички толку захтевни и можат да ги работат жени:
    - Возач на камиони, трактори и било какви машини.
    - Автомеханичар и дијагностичар на автомобили.
    - Водоинсталатер.
    - Заварувач, работник на Дребунг и останати металостругарски позиции.
    - Столар и дрвена индустрија.

    Во сите овие горенаведени индустрии женската застапеност е повеќе статистичкa грешка од колку што е присутна...
    Од друга страна, во кои подрачја работат мнозинство жени?

    - Прехрамбена индустрија.
    - Текстилна индустрија.
    - Фризерски салони и педикир.
    - Бутици, Ресторани и останати угостителски дејности.
    - Административни/шалтерски работнички.
    - Медицински сестри, негувателки.

    Сите овие позиции се далеку полесни за работа од погорните, почисти, поубави. Но, исто така и далеку пониско платени, баш поради тоа што се полесни, и што пазарот нема побарувачка поголема од што има заинтересираност за работа.
    Така функционира капитализмот, ако може да најде лесно замена за тебе, нема да бидеш доволно платен.
    Поради ова, според мене мислам дека поголемиот број од женскиот пол се одлучуваат да одат на високо образование.
    Но, и таму имаме длабока сегрегација.
    Па така на природно-научните факултети, жените се во длабок минус, освен на Медицински факултет. На Феит, Машински, Пмф, Финки, Градежен се во малцинство.
    Факултети кои произведуваат кадар кој е директно задолжен за цела индустрија и развиток на едно општество, т.е. производство. Се разбира, овие позиции носат и огромен притисок, логичко размислување и секако, повисока плата поради тоа што се во дефицит.
    Од друга страна, жените се мнозинство на општествените и јазичните факултети кои воглавно се задолжени за креативна, канцелариска работа. Подрачје во кое имаме повеќе кадар, од побарувачка, што и платите се повторно пониски.
    Мене ме радува фактот што во последно време се повеќе жени се одлучуваат за природни науки и се одлични во својата струка, но, ете, поради некоја причина поголемиот број сеуште не е ниту најмалку заинтересиран за ова подрачје.

    Дали жените свесно одбираат работи кои се генерално полесни за работење не само од физички аспект, туку и со помал притисок отколку мажите? Зошто не се заинтересирани за тие работни позиции кои носат поголеми примања? Не можат да ги работат? Не сакаат?
    Зошто сеуште во 2020 постојат машки и женски работи кога се има избор и секој може сам да одлучи?

    Дали сме сепак различни?
    Јас би рекол да. Но, не го прави тоа ниту еден пол инфериорен спрема другиот, напротив, не прави комплементарни, надополнувајќи се меѓу себе и искористувајќи ги своите предности.
    Така да, јас не би рекол дека жените се супериорни зошто повеќе се запишувале на факултет, ниту мажите затоа што работат на генерално потешки и финансиски подобри позиции. Еднакви сме, ама не на начин да сме исти, туку на начин на комплементарност.
    Секој кој го тврди спротивното во 21 век и го издигнува едниот пол, над другиот, е во голема заблуда и дели исто мислење, само од спротивен спектар, на кое не му е место во ова модерно општество. ;)
     
    На Angie1432, theowndemon, smile:) и 2 други им се допаѓа ова.