Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Зошто се сечат во корен. Од мали се учат што е "женствена" работа, а тоа на пример не е водоинсталатер.
    Дури и некоја да се реши да е водоинсталатер, ќе се сомневаат во нејзината способност чисто поради фактот што е жена.
     
    На raww, lovestoneddd, dayla и 5 други им се допаѓа ова.
  2. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не треба да се замараме кој/а што работи. Мене ми боде очи ако на иста позиција, маж зема поголема плата без да има причина за тоа.

    На некои луѓе им е тешко да сфатат дека никогаш не може да сме исти сите, туку еднакви. Со еднакви права, обврски и можности. Да важи нешто за сите, не само за еден пол.
     
    На raww, martiiinna, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Break the rules. 21 век сме. Што има некој да те учи и усмерува што да работиш? Секој сам си ја одбира професијата.
    На капиталистичкиот газда не му е гајле дали си маж или жена, ако му покажеш дека си способна да ја работиш работата успешно, ќе те вработи. Па така имаме и жени кои возат такси, камиони, па и се водоинсталатери, ама се успешни во тоа што го работат и затоа се вработени, а не поради својот пол.
     
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.112
    Допаѓања:
    180.738
    Амин. Се ми е од твоето кажано јасно и самава дискусија е беспредметна
    Мада мојот пост беше во насока против агрументите на Тетанус, а како што спомнав, не сум вакцинирана против истиот;).
    Жртви на предрасуди, општествени, родителски|( Демек одбери си работа за женско, учителка, службеничка. Омилена професија- госпоѓа Министерка:D. Пошто инжењер ако е, одма во Церн ќе работи, изложена на опасни честици :headbang:. А ете, интересна забелешка за медицината, попосветена и позахтевна работа од тоа нема. И тн
     
    На mode-kristina, Nausicaa и Billy Idol им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Во Македонија? Озбилно? Па тука на интервју те прашуваат кога планираш да раѓаш. Ако си 25+ и не си родила, мисли му ја. Ама не можеш да разбереш, пошто мажите така не ги гледаат на интервју, па никогаш не си искусил.

    Да одам да аплицирам за возење камион, прво ќе ми се изнасмеат и потоа пак ќе вработат некој маж наместо мене.
     
    На mode-kristina, lovestoneddd, dayla и 6 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Си слушнал за феминизација на индустрии?
    Има и еден многу убав пример од „модерното време“. И тоа статистички подржан според едно истражување што излезе минатата година. И тоа тука во Македонија. Да видиш како платата магично паѓа кога една гранка полека се претвора од типично машка провесија во типично женска. Како низ река, фииииу. Од 1000 евра плата месечно на помалку од 500. Ама „имам едно девојче, за ништо пари ќе го среди тоа“. А не ни беше тоа целта на истажувањето... Никој не го ни спомна тој резултат, сите прославија што се отворил пазарот за жени.
    Текстилната индустрија е далеку од „убава и лесна“ и една од индустриите кои од кога памтам за себе е најподлежна на кршење на работничките права. И тоа не мора подалеку да идеш, без разлика што имаш и книги и филмови за Балканските и Македонските шивачки, доволно е да видиш како фабриките за текстил стануваат кластери на коронавирусот, како болни ги тераат да одат на работа, па вработената до ланецот во тебе седи со температура и кашла, а ти ќутиш и шиеш. Оти норма...
    Плата 250 евра, ама ако ја фатиш таа норма, ако не те казнат, ако ова, ако она... НА крај по 8000-9000 ако земат, сосем доволно. Уште кога се запослиле знаеле дека нема да биде повеќе.
    Ама лесно им е, нели. Лесна и убава работа.
     
    На raww, Fauhxy, mode-kristina и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.112
    Допаѓања:
    180.738
    Зависи како ќе го напишеш во ЦВ:), зависи од потребите. Може шнајдерка, може моден дизајнер;)

    Камо истражувањето?8-|
     
  8. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.229
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Машки
    Да, во Македонија. Имаше пример на жена која возеше такси, која работеше во рудник, па и на жена шофер во ЈСП.
    Неа не и се изнасмеале и не ја вратиле?

    https://skopjeinfo.mk/kako-e-da-se-bide-zhena-shofer-vo-jsp

    И нас не прашуваат за брачен статус. Бев во една државна институција на интервју и ме прашаа дали сум женет?
    Кога им реков не, ми се изнасмеаа и ми рекоа, паметен сум бил, оти не сум се оженил. Еееј, во државна!
    Ofc кај вас го има повеќе ова и треба да се бориш против истото. Од мене секогаш имало поддршка во борбата за било каква полова поделба при вработување. Нерегуларности трпиме и двата пола.


    @DAngel , па ова само го потврдува моето кажано: "капитализмот не подразбира пол туку побарувачка и понуда". Се зголемила понудата, паднала платата, не само за жените, ами и за мажите што ја работат.
    Секоја работа си носи своја тежина. Текстилните фабрики се дувло на робовласништво кај нас. Уште една причина повеќе тие жени да ја променат струката и пример да станат металостругари/заварувачи/шофери па да си ги подобрат и условите, и финансиската состојба. Зошто никоја од нив не го прави тоа?
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.112
    Допаѓања:
    180.738
    Немав појма дека металостругар е подобро платен од шнајдерка:o. За во фабрика праиме муабет, не за во слободно време
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Кој дел од „се сменила работната сила од мажи во жени“ не го разбра? Знаеш како жените дошле во центар на работната цила после првата светска војна? Знаеш дека газдите радо вработувале жени оти „треба помалку да ги платиш?“.
    Затоа што немаат ни можност да го направат тоа, ни знаење. Нити им го дал некој како опција да го работат тоа.
    И мислиш дека ако жена работи како металостругар/заварувач/шовер ќе има исти можности за вработување и иста плата како мажот? Мислам, дај порасни. Ако имаш повеќе од 30 години, срамота е тоа што го зборуваш. :D
     
    На dayla, crimson, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога наидувам на вакви мислења каде некој паметува преку генерализирање во исто време, значи обожавам. Толку е провидно и нереално. :inlove:

    Еве неколку прашања до тебе:
    ПлиЗ тел...

    И, од кога тоа кај шивачките кои цел ден дишаат прашина им е полесно на работа? На фризерКите и козметичарКите кои цел ден чепкаат секакви кожи и влакна им е почисто работното место? На сестрите во здравствените институции им е лесно оти работат со секакви пациенти од пациенти...
    Место сите други професии кои ги наброја, соодветни ЗА МАЖИ според тебе, каде човек може многу подобро да се заштити. А?

    Системот ти е крив, капитализмот, немањето желба на "женски особи" да се запишуваат на "тешки факултети", јер тие се неспособни. (fingers)
    Цитирам: "Па така на природно-научните факултети, жените се во длабок минус, освен на Медицински факултет. На Феит, Машински, Пмф, Финки, Градежен се во малцинство.
    Факултети кои произведуваат кадар кој е директно задолжен за цела индустрија и развиток на едно општество, т.е. производство. Се разбира, овие позиции носат и огромен притисок, логичко размислување и секако, повисока плата поради тоа што се во дефицит."
    Тоа си го пишал...

    Дјуд, уште ти ги памтам омаловажувачките муабети во ФМЌ, иако помина подолго време. :yawn: Така да не ми збори за феминизам овде. |-)
     
    На Fauhxy, lovestoneddd, dayla и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Истата нерегуларност, тебе те чини исмевање, а мене би ме чинела работно место.

    Кој рече дека не се бориме? Ама проблемот има подлабоки корени од "аплицирајте, ќе добиете".

    Започнува со нееднакво третирање на децата уште од најмали години. Кај нас повеќето родители сепак се под влијание на патријархатот. Следствено на тоа, така ги воспитуваат децата, со машки и женски работи.

    Ќе стигнат на училиште, повторно се сретнуваат со тие стереотипи: Мајката и ќерката готват, таткото и синот играат фудбал. Буквално тоа гледавме по учебниците пред некој месец.

    Додека стигнат да сфатат дека има некоја алтернатива да се рушат стереотипи, веќе се мажени, со деца, обврски и believe it or not забрани да се преквалификува да полага за Д категорија возачка. Наградно прашање: кој им ги дава тие забрани?

    Фактот што има исклучоци од правилото не го минимизира проблемот. Потребно е да се смени менталитетот на народот, а тоа се постигнува преку образование. Можеби ако се смени пристапот и се прикажат повеќе успешни жени во тие "машки" области, ќе поттикне повеќе девојчиња да размислат за поинаква кариера.

    И сепак ова е само еден дел од проблемот.
     
    На lovestoneddd, dayla и KateKane им се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Знам жена на која колега и рекол „Пуши курац“. Од кога реагирала на тоа утредента добила отказ затоа што „не се вклупува во тимот“.
    Трудна.
    ИТ индустрија.
    И после оти биле машки професии? Оти де...
     
    На mode-kristina и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Порано да се биде учител или професор било многу платено која биле 90 посто мажи сега откако се сменија 90 посто се жени 10 мажи платите одма се намалија, зошто женската рака помалку вреде никогаш нема да сванам дали имаат сите таков ментален склоп да жената со нејзината плата си уживка а мажот е глава на куќата и тој ке ги плаќа сметките ке издржува незнам, тешко на самохраните мајки во земја каде просечна зема највеке плата 250 евра, додека маж со основно бравар зема 500 евра
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Или па ко ќе успее некоја жена да се искачи на повисока позиција. Одма следува прогноза со кого спиела, место да заклучат дека се квалификувала за позицијата.

    Од многу аспекти дискриминирани. И после ќе дојде некој ќе рече, ете имате рамноправност. Не, немаме.
     
    На mode-kristina, lovestoneddd, dayla и 2 други им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Немојте да ме разочарате да кажете дека тој глупакот од професор на економски што терал студентки на секс е на слобода?
     
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.650
    Допаѓања:
    39.387
    Пол:
    Женски
    Тоа го прават и многу жени, една за друга зборат и си вадат муабети која со кого спиела за да стигне до повисока позиција.Сами на себе си вршат дискриминација.Љубомора + глупавост и тоа е резултатот.
     
  18. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Некоја шо спиела со 10+ повеке ке ја осудуваат отколку некој робијаш што силувал.. Имам маабети случнато од типот што се замараш ти толку машко си уживај, она треба да се сраме не ти, не вреде женско дете ако се роде.. Далеко сме од еднаквост
     
    На mode-kristina и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Знам. Ама и тоа е производ на патријархално воспитување. Нивното мислење дека жената само со спиење може да успее е вкоренето од тоа истото учење уште од мали години. Тоа треба да се искоренува.
     
    На raww, mode-kristina, lovestoneddd и 3 други им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Апсолутно. Патријархатот не е само "мажите тоа им го прават на жените". Цел еден систем е по кој се водат и политики, и односи, и семејства. Кај нас мајките се најголеми спроведувачи на патријархатот. И мамините синчиња да не им останат недогледани, и ќерките да им бидат домаќинки, и мажите да не им бидат гладни случајно. Затоа од нас зависи да одгледаме генерации кои ќе знаат дека местото и на мажот и на жената може да им е секаде, а не во кујната на едните и зад воланот на другите.
     
    На raww, mode-kristina, lovestoneddd и 10 други им се допаѓа ова.