Ако сакаш да си жена значи се чувствуваш како жена. Не е тоа пазар па да одбираш што ти се свиѓа па ќе станувам тоа.
Ок темава е преместена. Да, се согласувам со ова. Но, не зборам јас за тоа. Прашањето е дали секоја транс личност е дисфорична? Ова го сметам за клучно прашање на целата дебата за Rowling. Gender and sex би биле род и пол кај нас, поправи ме ако грешам. Транс луѓето се еден род, а друг пол. Родот е нивното чувство за определба, како се чувствуваат. Ама полот е биолошки определен. Жена заробена во машко тело или обратно, маж заробен во женско тело. Значи биолошки има разлика во маж и жена. Значи ако некое транс лице се чувствува како жена, јас немам никаков проблем така да и се обраќам со "таа" и без транзицијата. Но ете како што е пишано веќе неколку пати, не би ги ставила во женската категорија во спорт, затоа што сепак има биолошка разлика.
Врска нема што пишуваш дека жената се поврзува со посебна карактеристика да раѓа. Пази како и што пишуваш, форумов го користат и читаат многу жени на кои од различни индикации им е извадена матката и повозрасни госпоѓи, вистински дами, кои веќе не можат да остварат репродуктивна функција. Никогаш женскиот пол не би го доминантно поврзала преку репродукцијата. Жена не ме прави можноста да раѓам. Не се ли жени и тие кои не сакаат да раѓаат а? Престанете да пишувате навредливи глупости.
Тука веќе навлегуваме во зона на нагаѓање и шпекулации. Дури и да се научени како што велиш, останува фактот дека кај некои луѓе мозоците на нивните биолошки машки тела со тек на време поминале низ истото обликување низ кое поминале мозоците на цис девојчиња. И дале ист (женски) резултат. Да, пасивно потсвесно вродено внатрешно чувство. И да се разбудев со пенис еден ден, уште во себе ќе знаев дека сум жена. ... и за тоа се криви силувачите и останатите монструми, а не транс жените. Транс жените имаат привилегија во однос на цис жените (еден пример: обрежувањето). Од друга страна цис жените имаат друг вид привилегија во однос на транс жените (еден пример: непримање хормонска терапија). Наместо да мериме на кој му е потешко во светов и да се обвинуваме едни со други, треба да работиме на тоа светот да го направиме попријатно место за сите жени, и да ги отстраниме сите видови хорори со кои можат да се соочат. Океј. Нека биде така. Јас не би ти ја инвалидирала твојата перцепција за себе, ниту нечија друга. Само важно е да се потенцира дека исклучувањето на транс жените од феминизмот ја поддржува идејата дека постои вистински начин да се биде жена, а тоа не е во ред. Да, дисфоријата впрочем е она што дефинира транс личност. Ама мислам дека не и' е тоа главната поента на Ролинг во твитовите, а и на другите радикални феминсти. Тие се на став дека транс жени се мажи кои ги сквернаваат женските простори, а транс мажи се само жени кои паднале под влијание на патријархатот да си го замразат сопствениот род. Сигурна сум дека самата сфаќаш дека ваквиот резон нема смисла. Инаку за категориите во спорт, тоа е сосема друга тема. Моментално муабетот беше за тоа дали искуствата на транс жените треба да се прифатат како женски искуства. И мислам дека треба, тоа ни е должност кон нив како луѓе од женски род.
Па и транс жените она што го чуствуваат е биолошки. Се согласувам со некои од горенапишаните работи, но тоа се сведува на тоа дека родот е social construct. Ама, на некои транс луѓе им е битна таа родова определба, да се идентификуваат како жени/мажи во име на дисфоријата. И тоа нема врска со женственост и маженственост затоа што милион геј мажишта уживаат во женственоста ама дисфоријата е клуч. Искуствата на секоја жена се различни, на лезбејка, на црнкиња, на лезбејка која е црнкиња... па така и трансродноста е уникатно искуство на одредени жени. Што е поентата на тврдењето дека менструацијата е исклучиво на жените освен да се инвалидираат транс личностите?
Како? Поентата е да прекинат да ни се наметнуваат небулози кои ја потценуваат интелигенцијата и основната биологија.Немам проблем со тоа што некој ќе подлегне на операција и хормонски третман, имам проблем што за тој мал процент од популацијата сите треба да се правиме наудрени и да ја извртуваме реалноста само за да не им ги повредиме чувствата.
Транссексуална личност, да. Трансродова личност, не. Бидејќи овде станува збор за трансродови луѓе, следствено и сите твитови од celebrities со Transgender women are women. Од тоа што читав, мислам дека баш тоа и е поентата. Не знам што твитови конкретно лајкувала, ама така го сфатив ова. Според мене, доколку имаат транзиција да, бидејќи можат да искусат како се перцепирани жените. Доколку немаат, не. Бидејќи ги немале тие искуства. Ќе повторам, во општеството се дискриминираат жени, буквално поради фактот што имаат женски полов орган, а не нивното однесување. Значи се дискриминирани чисто заради полот, а не родот.
Тоа се само поими. Првиот го користат трансфоби кои се бунат и не знаат што е сексуалност, што е род, а што пол. Генерално луѓето кога велат трансџендер мислат на дисфорични луѓе, тоа се подразбира. Епа тогаш не знам што е проблемот. Сите транс жени или транзитираат или планираат, тоа е поентата на бидувањето транс. Не гледам поента во тоа упорно да им се кажува во фаца ,,ама ти никогаш нема да осетиш ова она...". Многу жени никогаш нема да осетат многу работи, тоа не ги прави помалку жени. Сите си имаат посебни искуства, и ничие не треба да се инвалидира.
Секако, тоа не ни за дебата. И тие жени можат да бидат мајки, доколку не сакаш, нема проблем но сепак ја имаш можноста. Доколку ги немаш тие биолошки функции, сеуште ја имаш мајчинската љубов, некои доколку несакаат деца, ја изразуваат преку миленичиња. Поентата ме е дека маж неможе тоа да го почуствува/изрази
Да, исто како твојот научен труд. Nature vs. nurture е една од најстарите дебати, нема јас и ти на Фемина форумот да ја решиме. Да тврдиш дека тоа како решаваш задачи и како реагираш на одредени слики те прави машко или женско е да тврдиш дека жените се полоши возачи заради тоа што на друг начин ја обработуваат информацијата при возење, дека ако некоја жена е во одредена професија или е маж или е далеку полоша од нејзините колеги затоа што мозокот не и е програмиран за таква работа... Едноставно, на крај пак се сведува на чист сексизам. А постојат многу начини да се биде жена? Ако феминизмот е движење за женско ослободување, движење за женски права, зошто е проблем да биде женско движење? Нели е вклучување на мажите во феминизмот men invading women's spaces? Да не се прави срање во образованието? Час по биологија и анатомија кој не разликува машко од женско тело? Гинеколог кој треба да каже дека матка може да е и машки и женски репродуктивен орган? Укинување на женски тоалети, женски групи, женски организации, женски шелтери? Не гледаш како тоа уназадува години напредок на борбата за женски права?
Па многу нормално дека му се пали црвено светло кога ќе види дека некоја е шетана и едуцирана си ги знае правата а не ваква глупоќа да поддржуе и да му се тресе на мажот. 21век а сеуште вакви омаловаживачки мислење и шовинистички ставиви.
Готово кога грижа и љубов кон милениче ги поистоветуваш со грижата и љубовта кон дете нема дискусија понатаму со тебе, излишна е , не се разбираме. А за љубовта кон миленичето и грижата подеднакво можат да пружаат и маж и жена, се бре вие мажите не можете да почувствувате и изразите, ама први сте секаде да се умешате и коментирате а врска си немате ни што мислите, ни што чувствувате и како тоа делува кога го читаат жени, а на толку примитивно ниво е изразено. Боже ме сачувај со кого и за што се објаснувам, ај имај убав ден, пријатно
Не е исто. Да тврдиш дека е исто е да тврдиш дека еволуцијата ти ја одредува улогата во општеството, а тоа е веќе сексистичко. Вклучување на транс жени не е вклучување на мажи. Напротив, исклучувањето на транс жените е во полза на патријархатот, а со тоа претставува уназадување на борбата за женски права.
Исто е, затоа што е неоспорно дека постојат жени кои извршуваат задачи на "машки начин". Самата дефиниција на машки или женски начин е целосно сексистичка. Како што реков, не е докажано дали разликите во мозокот доаѓаат од nature или nurture. Од друга страна, биолошките разлики се тука и нема потреба да ги негираме. Со нивно негирање се уназадуваат правата на жената затоа што се брише дискусијата за потребите на женски простори, посебна заштита на жените, и сегрегација на мажите и жените во одредени простори заради заштита на едниот пол од другиот (затвори, воени кампови, кампови на мигранти, центри за заштита на жртвите на семејно насилство). Транс жените не се жени. Апсолутно е вклучување на мажи и е рушење на сѐ она за што се бореле жените. На крај краева, кој е проблем да има движење кое се бори за биолошките жени? Дали black lives matter е движење кое го поддржува расизмот затоа што не се бори за права на белците? Постои движење за транс права, слободно може да си бараат сѐ што мислат дека им фали. Феминизмот е движење за женски права, и апсолутно нема потреба да биде поинклузивно од ова. И да Лела, со оглед на тоа што ги сведе жените или на "чувство" или на стереотипни родови улоги, слободно може да ја сметам дискусијата за добиена. Доста беше, ништо корисно не излезе од ова. Циклични дефиниции како "жена е секој што се чувствува како жена" се пресмешни и не дефинираат ништо. Жена е возрасна личност од женски пол. Полот е она што ја дефинира жената, нити тоа во што е добра, нити тоа како изгледа. Трансжените слободно може да си бидат трансжени, ама тоа никогаш нема да го промени нивниот пол. Ваљда си учела биологија, органите се тие. Дефиницијата е таа. Половите разлики се тоа што се.
За стереотипни родови улоги ми збори некој што тврди дека жената ја дефинираат репродуктивните органи. Не знаев дека дискусии се добиваат кога сам ќе си ги прогласиш за добиени. Земи си ја ете, штом тоа ти била целата цел во муабетот.
Искрено, во последно време ја избегнувам дебатава бидејќи во комбинација со cancel culture станува многу комплицирана и исцрпувачка, и од двете радикални страни. Да, непропорционален е целиот бес кон Роулинг на пример, и точно е дека постои неоправдлива агресија, булинг во толпа и закани со физичко насилство меѓу некои најрадикални личности поддржувачи на транс правата по интернет. Простор за размена на мислења и истражување на проблеми како хормонска терапија на деца, или компромис за местото на транс жените во спортот во согласност со фер плеј и безбедност од повреди кон биолошките жени - мора да има и не треба да се задушува. Ама и радикалните феминистки критични по ова прашање ми се токсични, дефинитивно одат чекор подалеку во негирањето на транс луѓето и и тоа како се hostile кон луѓе од секакви категории што не се согласуваат со нив. Не сакам мојот статус како биолошка жена да се идентификува исклучиво со репродуктивните органи, најмалку со желбата за репродукција што и ја немам, така што не знам зошто толку би се дрецкала за поинклузивни наслови и што ни се одзема со тоа. Жена не е општо прогласен како валкан и забранет збор како што се драматизира, туку тие вербални гимнастики (кои сфатливо е донекаде да ни се необични) и замени се користат само во овие случаи. Впрочем, едно нешто што не ми е јасно е каде се забораваат транс мажите т.е. биолошките жени (не им имплицирам повеќе инклузија на радфем, ете нели и тие се родени како жени) со родова дисфорија во оваа каша. Барем по моја семантичка анализа, ако некој е најмногу исклучен од вообичаениот наратив за репродуктивно здравје на матка, јајници, вагина поврзани стриктно со жените, тоа би биле тие, т.е. оние меѓу нив кои сѐ уште немале можност за транзиција. За случаи со манијаци или тешки криминалци кои без никаква дисфорија се прогласуваат како жени за да злоставуваат во тоалети или да добијат олеснителни околности (и повторно да злоставуваат) во затвори, мислам дека не треба ни да се зборува колку е очигледно дека немаат врска со екшуал транс луѓе и дека нема логика тие да страдаат и да бидат демонизирани поради нив. За крај, не знам во кој вид феминизам би се пронашла пошто прилично ми се радикализирани некои гледишта за што сѐ е опресија на жената у склоп на религија и култура/домаќинство и наметнување репродукција, ама не се чувствувам загрозено од транс жените и дефинитивно не гледам хумана потреба да таргетирам група која сѐ уште е реално на маргините и меѓу најранливите, посебно црнкињите или оние во конзервативни општества.
Баш тоа... И во структура како што е движењето за транс права пак повеќе глас е дадено на биолошките мажи, пак се погласни, пак се приоритетни. Како дури и кога називите им се променети, пак структурите на моќта се во рацете на лицата со машки пол? Добар текст за значењето на јазикот и заменките https://fairplayforwomen.com/pronouns/ Не Лела, женственоста ја дефинира
Ова го имаш и претходно постирано затоа што приметив го имам читано. Моето прашање е, зарем не доаѓа злобно да не се почитува нешто едноставно како заменки за некоја личност? Во текстот вели нешто во контекст "Одбивам да користам женски заменки за некој од машки пол", тоа веќе му доаѓа као омразата ми е толку голема што нема да почитувам нешто што толку нема ефект врз мене. Најмногу што ме вознемирува од твоите аргументи е што ги нарекуваш транс жените мажи (и ваљда обратно), што одбиваш да зборуваш за транс лицата со почит. Од поодамна имаш мислења каде ги опишуваш транс жените како мажи со шминка и женска облека што... не е убаво. Род не постои, ама социјално прифатливо е да се вели дека постои и не може да се искорне, па кога веќе е така, ќе им браниме ли на луѓето да го доживуваат како што го доживуваат? Што всушност мислиш дека се случува во главите на транс лицата што постојат? Треба ли да се забрани транзиција? Што очекуваш да направат во врска со дисфоријата, во што знам дека спомна дека не веруваш, ама еве што и да чуствуваат во врска со нивните полови органи, по твој јазик? Го знам твојот став за феминизам и транс лицата, ама како го замислуваш нивното место во општеството, да исчезнат ли? Ме интересира. Ќе се надоврзам на работите погоре кога ќе сум од лаптоп.
Јас лично не би намерно цилјала да повредам некого. Едно е што кога зборуваш директно со некого, посебно на англиски, ти апсолутно немаш потреба да му ги знаеш заменките затоа што не ти менува апсолутно ништо. Во директен разговор со некого не употребуваш заменки. Заменки за некого користиш кога зборуваш за таа личност на трета особа. At that point, на 90% од луѓето име не им памтам, ич немам намера да се „едуцирам“ за додатни податоци за таа некоја личност. Во македонски тука е родот, и имам со транс мажи разговарано и им се имам обраќано во машки род затоа што сум ги перцепирала како мажи во тој момент. Тоа е тој момент, не сум се оптоварувала со тоа. Не одам на улица и размислувам кога пристапам некому дали му се обраќам во машки или женски род. Не ми е тоа побитно од што ќе кажам. Едноставно зборувам. Политики на секојдневниот говор ми се ептен 1984 сценарио. Тоа е тоа... да кажеш нешто оти општеството вика да кажеш Види, не ме се разбрале убао очигледно. Не негирам постоење на трансродови лица, нити ја негирам родовата дисфорија. Едноставно сметам дека на тие лица им треба многу поголема поддршка од едноставно бутање со хормони кои имаат одвратни последици. Буквално одвратни. Секоја жена што пиела контрацептивни знае какво срање се хормоните, а тука зборуваме за хормони од спротивниот пол. Имаш трансмажи на кои матката им се исушила и буквално им испаднала преку вагината, неовагината е ужасна отворена рана која или зарасне и се затвори (ако не се ставаат импланти и по неколку часа дневно за да се расшири), или доста често се инфицира и загнои, а е неверојатно неверојатно тешко да се исчисти раната, нешто што вистинската вагина многу лесно го постигнува. Ако барем малку си ме читала, знаеш дека немам ништо против трансродовите лица, имам многу против третманите кои им се продаваат оти се капиталистички срања, оти не лечат ништо и не помагаат. Оти им продаваат приказни дека нема негативни ефекти, дека се е сјајно, дека цветаат ружи после транзиција, дека транзицијата ќе им ги реши сите проблеми. И more often than not, не е така. Имаш бројни истражувања кои покажуваат дека операцијата и хормоналната терапија не ја лекува дисфоријата, so why do it? Не ги мразам јас транс лицата, нити ми сметаат некако. Едноставно ги сметам за жртви на системот, истиот тој систем кој ги сјебува жените и сметам дека се потребни многу подлабоки истражувања и за долгорочните ефектите на третманите, и за постретманската состојба на тие личности. Не е мојата борба против транс лицата, туку против систем кој ги искористува и уништува оти тој систем се користи за продлабочување на родови стереотипи, за конверзија на куп млади лезбејки кои едноставно не се прифатиле себе си како хомосексуални жени и за дополнително уништување на женските простори и женската безбедност со уништување на женските спортови, женските тоалети, женските безбедни куќи и простори кои се создадени како чисто женски или еднополови за да се заштитат жените и да се промовираат нивните права. Никогаш не сум се борела јас против индивидуи или против лица, туку против системи, а многу очигледно е дека во сегашниот систем профитот е побитен од здравјето или менталната состојба на тие индивидуи.