Најголемата емпатија ја чуствувам кога јас како жена ги имам правата и правам се шо праве еден маж ама ми е многу тешко кога слушнам за дискриминирана жена на работа, училиште, насилства, ме фаќа бес и го осеќам тоа како на своја кожа, особено ме растревози случајот во Турција за убиство на девојка од бивш дечко..
Девојки, дали сте го виделе постот на Панчо од ДНК? Погнасно нешто немам прочитано. Ама најискрено ви кажувам.
Уште еднаш нема да одам да ги видам ДНК . За некој што тврди дека ги сака сите луѓе, жени, им помага на луѓе со различни ментални растројства, тој статус е неприфатлив. И сега продавал маички за хуманитарни цели? Каков хипокрит. Видов во коментарите дека се бранеше бидејќи тоа што го видил (за што го напишал статусот) било „вулгарно и невкусно“. Мене ми нема смисла бидејќи неговите песни се далеку од пристојни, како и музичките видеа. Панчо е уствари уште еден пример за стереотипичен маж кој мисли дека има право да и кажува на жената што да носи и како да се однесува.
Се ежам од вакви изроди. Ова е еквивалентно на: ,,Види ја, има кратка коса, а жена е'', ,,Види ја колку лошо вози, се знае дека е жена'', ,,Како тоа жена е, а не носи градник? Па брадавиците и' се гледаат!'' Додека добар дел свесни жени се борат за нивната еднаквост во нашево општество, се појавува некоја ваква неедуцирана личност што прави се' да падне во вода.
Зошто да не се протестира за убиството што се деси вчера дали ке помине свако чудо за три дена и да го дочекаме другото убиство после 2 3 месеци, до кога вака, и питање е дали ке го фатат убиецот бил во бегство не се ни знае што ке испадне од тоа бегство. Јас сум за протест за вакви работи.
И за високите штикли, и за шминката, и за неудобната облека. И за прституцијата како избор на професија.
Гнаси! Намерно со име и со презиме ги ставив за сите да знаат какви ѓубриња се! Еве ја објавата на која се однесуваат коментарите: https://www.facebook.com/146704798712393/posts/3393132057402968/
Не дека сум националист или нешто ама погрди коментари има од албанската или турска националност за нив феминизмот е бум, не се прифака за жал.
Ни кај Македонците не се прифаќа. Види ги само коментарите за 'Јавна соба', Кристина Костова, Рашела Мизрахи, жената што била силувана од свекорот и многу други и ќе видиш дека ни Македонците не се ништо подобри. Феминизмот го прифаќаат само луѓе со напредни идеи, без разлика на националност.
Зошто за домаќинките? Иначе, секој избор што се прави е под влијание на нешто друго.Единствено место каде што нечиј избор би бил ослободен од општествените правила, одредени очекувања и слично, е изолација далеку од цивилизација.Ама така нема смисла животот, нели....
Не треба да си феминист под дифолт за да бидеш против насилство врз жени и општо. А инаку избор е кој какви определби ќе има. Она што е добро и напредно за тебе ожеби за друг е уназадување.
Како што вие си го пикате носот во теми за религија така и јас овде. Искрено. Не сум инаку феминист. Инаку маж кој има машки особини неможе да биде феминист. Може оние само кои по пол се мажи. Според мене, моето досегашно искуство со оние феминисти со кои сум имал дискусија или конфликт.
Може да е feminist ally, како што имаме феноменален пример во соседството. Милош Урошевиќ, активист од невладината Жене у црном. Ама он слуша, прави, помага, а не зема улога на гласноговорник и водич. Не им кажува на жените што да прават, не вика "зошто невладината не ја викате Жени и еден маж во црно", не бара место во движењето, едноставно знае дека не е негово движење и дека не може тој повеќе да знае од една жена за нејзиното искуство и нејзиното движење. Еден негов феноменален говор https://www.femrevolt.com/tekstovi/o-ugnjetavanju-žena-na-temelju-pola.html?fbclid=IwAR1TETRQdfDcb9rmZHJdWZRdEJ0i45wvGWAgv2aGgLAZpJ6dHrtAStb7kFY
Младичу, јас сум госпоѓа и нигде не си го пикам носот. А за религија знам колку и ти, ако не и малку повеќе.Како и за многу други работи во светов. Ако си верник не си господ, намали малку со комплексот на омнипотентност.