Феминизмот не е само против насилство на жени, туку и борба за еднакви плати, не може јас да имам помала плата од мој колега да речеме само затоа што сум ЖЕНСКО. Да не постоеше ова движење, немаше да имам можност високо да се образувам, да градам кариера, да се облекувам како што сакам, да гласам и многу други работи, туку сега на моја 21 година подалеку од кујна немаше да излезам. Имам најмалку милион примери за посочување, но сфатив дека нема потреба да навлегувам во понатамошна дискусија со тебе за ова бидејќи никој не може ништо да ти докаже. Да, феминистка сум и СЕ ГОРДЕАМ СО ТОА. Толку од мене.
Не мислев буквално на домаќинки, мислев на дружина про-домаќинки фемина кој мислат дека изборот на жената да биде домаќинка е најпродуктивното нешто што може да се случи во животот на една жена затоа што нели, самата таа го избрала. Се што слушам од другото напишано е следново: бла, бла, интернализирана мизогинија, бла, бла.
И мене ме збуни, ама викам ај да не се рчкам Основната замисла за феминизмот е жената да биде еднаква на мажот во општеството. Значи користи го зборот ако сакаш, ако не сакаш не мора, ама секој кој е против ова движење автоматски е против тоа жената да гласа, да работи на повисока позиција, да се образува.. ко што кажа @mode-kristina .
Е тоа незнам, може и да подискутираме на некоја тема за религија ако не наведе пат, или пак во лична порака. Каде заврши теологија инаку или самоука си? Платата зависи од способноста на работникот, неговите знаења, видот на работата, искуството. Не претерувајте со тоа бидејќи сите имаат иста плата во државава. Имам познаници и доктори и полицајци и професори... Никој не се пожалил дека зема повисока или пониска плата во зависност од неговиот пол Инаку биди што сакаш никој не ти забрани да бидеш феминистка, не те фатив за очи, полека. И јас се гордеам со моите идеи и определби. Аа и да напоменам. Во земји кои се сметани за најконзервативни жени работат физичка работа. Јас останав со подотворена уста кога првпат отидов во Русија. Видов како жени мешаат малтер, молерисуваат и слично додека низ Европа никаде немаше таква глетка. Дај покажете и ти и сите феминистки колку сте за еднаквост, на дело.. Ислези на минус 15 да мешаш малтер, биди еднаква како мажите.
Не знам за малтер ама во 6то одд. кога учителката бараше момчиња да носат столчиња, јас дизав рака. Се важи ли?
Зборуваме во глобала. Не за исклучоци. Исклучоци има секаде и во се. Има и мажи кои не се во состојба да кренат столче.
Ништо немам против жените што молерисуваат и што мешаат малтер, секој си има право да прави што сака, не постои за мене машка и женска работа. Еве за Норвешка можам да кажам дека и таму има исто така жени што молерисуваат. Знаеш ли колку пати се имам почувствувано дека помалку вредам како женско поради коментари од типот: 'Не прави го ова, женско си', 'Зошто учиш?' Бремени жени се одбивани од работни места само заради тоа, иако (можеби) се поспособни и поинтелигентни од останатите кандидати. Точно е дека не ме фати за очи, ама се фати за моето мислење. Прв ти ми реплицираше. Не ме цитирај повеќе, bitte. Намерно додадов странски збор бидејќи се чувствувам како кинески да зборувам. И уште нешто, земи правопис да прочиташ бидејќи гледам имаш граматички грешки што е непростливо да ги правиш.
Роден и израснав не во Македонија така да правописот да го оставиме за во друга тема, може даму да ме поправиш и советуваш каде да научам. Мајчин јазим ми е полски така да прифаќа критики дека сеуште не знам добро македонски граматика. Битно ме разбра што сакав да кажа, поентата не е граматиката и грешките. Иначе како немате против жени кои молерисуваат. Немам видено ниту една во државава. Дај бидете еднакви, излзете на плус 40 или минус 15 како мажите да носите цигли и мешате малтер. Од толку феминистки ама баш ниту една не се најде да меша малтер? Де бе каква случајност. Не би рекол. Тебе штом туѓо мислење те прави да се осеќаш дека помалку вредиш ти имаш проблем со себеси. Треба да научиш дека ако ти вредиш за нешто, нечиј збор нема да го смени тоа. Бремени жени се одбивани од работа бидејќи целата држава е приватизирана. Кога таа жена утре ден ќе се породи таа треба да остане подолго време дома. Тоа на газдите не им одговара па затоа бркаат. Проблемот е во трулиот систем кој политичарите го користат за да цицаат пари. А инаку лично мислам дека бремена жена не би требало да работи воопшто така да џабе само да тропаме и да збориме.
Не си во моја кожа, така што немаш право да ми кажеш дали имам проблем со себеси или не. Се имам борено со депресија и анксиозност, макар што и сега се борам. Тогаш се' си земав при срце, но сега научив да се носам со емоциите. Не е секој ладнокрвен. Јас по природа сум многу чувствителна личност. Тоа што ниедна жена во Македонија не меша малтер на -20 степени не значи дека јас или кој било друг сме против нив. Еве на пример ти и таквите како тебе што не вежбате јога или зумба на пример? Во Македонија таквите можам на една рака да ги избројам. И не ме цитирај повеќе, те молам бидејќи не сакам да се расправам.
Ти ме цитираш ќе те цитирам и јас. Престани ти доколку не сакаш дискусија, мене не ми смета немам ништо против. Инаку среќа што не вежбаме јога бидејќи сеуште има народ со здрав разум и не практикува сатанизам, не е до тој степен народот уште.. Не само во Македонија туку и цела Европа. Реткост е да се види жена која меша малтер и молерисува додека во Русија која важи за најконзервативна земја и најнеплодно тло за феминисти подеднакво жени работат такви физички работи како и мажи.
А што работат мажите? Шијат во фабрика?Сериозно прашувам, зошто мислиш дека толку жени работат физичка работа. Кај се мажите?
Русија, Русија, Русија. Ниту сме рекле нешто за неа, не ни ја ставај во уста. Јас те цитирам? Disculpame, por favor, но ти мене прв ме цитираше и дали да престанам или не, ти најмалку имаш право да ми кажеш. Јогата и зумбата ги спомнав кога ти се фати како слеп за стап за жените што мешале малтер. Од дискусијава заклучив дека нема што да се дискутира со луѓе што се narrow - minded.
Општо феминисти и лгбт активисти се ежат од Русија од таа причина ја спомнав не дека вие ја спонавте. Сакав да дадам пример, дека во држава која е сметана за најконзервативна и мажи и жени работат подеднакво физичка работа, а вие се крстите во запад каде што жените во глобала не креваат повеќе од пенкало и тоа за вас претставува еднаквост. Душички. Не е сечиј ум подложен на индокртинација и перење. И во Македонија имам видено мажи да шијат. Не реков дека самао жените таму работат физичка работа туку дека можеш да видиш и жени и мажи како работат на градилиште и тоа воопшто не е реткост.
Ах срцка, ништо повеќе не очекував. @Vitaly зошто за тебе феминизам е жените да треба да мешаат малтер или слична работа? И зошто е побогу јога сатанизам?
Поентата е секој да сака да работи шо сака и да има избор за то. Не мора жената малтар да мати за да е поќе жена или пак да се однесува како маж ( од општествена гледна точка), за да е поќе жена или за да има "право" да е феминист ( и ова имам слушнато). Ако сака или бира да мати малтер - океј. Ама да прај нештото за да докажи поента - не е океј. Ако треба да прај нешто за да докажи дека вреди, дали било то како моментално се дискриминирани жените, или пак да се дискриминирани дека не се како мажи, проблемот е ист и не е решен. Под еднаквост не се мисли апсолутна еднаквост зошто не само по пол биолошки, туку од човек до човек има варијации. Се мисли секој да има избор да носи одлуки за својот живот кои смета дека се добри за себе без да има реакција од општеството. Па дали било то стереотипно машка или женска работа - е избор. Не правило. @Vitaly
Умреа во 2 светска војна за да ја одбранат земјата. Дадоа енормна жртва за денес да живеат во мир. На секои 3 жени во Русија има 1 маж. Имаат најголема родова разлика во светот.
Речи за да ја одбранат Европа. Небитно. Свесна сум за половиот дисбаланс во некогашниот источен блок, ама не се родија нови мажи во меѓувреме?