Едуцираните и интелигентните во најмала рака знаат дека феминизмот и сексизмот се дијаметрални спротивности, а не синоними.
Не е за смеење, ама i can't even. Витали, у реду е. Не мора да пишуваш и да се објаснуваш. Како што реков, Така да ни за момент не очекував од тебе да бидеш феминист.
Ниту под ''разно'' не очекувај од мене такво нешто. Но сакав само да кажам дека грешиш во тоа што рече дека сите едуцирани луѓе биле феминисти. Еве мене не ме сметај за едуциран но има премногу едуцирану луѓе кои не се феминисти тоа ми беше поентата. Незнам по која логика го заклучи тоа што го велиш. Благе везе нема.
Тоа можеби е случај во твојата рамна земја, на нашата планета прилично е јасно дека феминизмот иде рака под рака со едуцираноста.
Тоа е исто како кога ќе дојде некој комунист да каже Маркс друго проповедал од тоа што се спроведе во пракса. Феминизмот е тоа што го гледаме секојдневно. Бунт на дебели бели и лезбо жени од високата класа коишто не знаат што со себе во животот. Мажите и жените не можат да бидат еднакви во смисла каква што ти посакуваш. Тоа не е желби и честитки, туку генетика која не ја измисливме јас или ти. Во мојот живот најголем херој е жена, мојата мајка.
Види, ќе се согласам со @Srckata28, застарети ти се малку цитатоте. Убаво викаш, Маркс проповедал. Значи остави што проповедале старците што умреле пред да се родам. Збориме за модерен феминизам, оној сега, и за што ние сега се бориме. Општеството е променлива средина, немој да заостануваш во втората светска војна Тоооо мајсторе, пушти на најјако
Дебели лезбо жени и геј мажи со вишок естроген, тие сме деструктивците на општеството. Никако комплексаши со метар и желба за еволутивно растење. Дај кофата Анѓо, ми тече.
Општествата се менливи, но природата не е. За среќа или не тоа е право на избор. Дали жените после втората светска војна се вработија заради феминизмот или поради брзата индустријализација и потребата од работна сила поради големите човечки загуби во војната? И уште еден куп други фактори. Советскиот модел на еманцијапија на жените доведе жени од 45 години да изгледаат ко да имаат 65 поради физичкиот напор што го имаат секојдневно по фабриките. Мислам дека и ден денес најголем дел од жените бираат работни места според психо физичките можности на жената како битие. Ова за бели дебели и лезбо жени не е навреда, туку констатација.
@Mamli Благодарам за инспирација на мојот нов потпис, ми требаше нешто ново и ух, толку паметно и значајно.
Одлична идеја Еве една шанса за пасивен бунт против господата со такви мислења. И јас се приклучив, се надеам ќе се најдат уште девојки кои ќе го стават мислењето на Mamli во потпис
Дали да ти се блуе или да се смееш на ова... Да беше во допир со реалноста и да познаваше некоја од доста истакнатите активистки феминистки тука во нашава Македонија... па и тогаш веројатно ќе си се тешеше дека се лезбејки, оти со ваков памет можеш да сонуваш само за такви жени Греотиче тоа... И да, прилично станувам сигурна чија форумска реинкарнација си
Јас секојдневно сум во допир со реалноста гледајќи ги илјадниците жени секое утро во 6 часот наутро како одат да робуваат за 200 евра плата по цел ден за разлика од тие истакнати активистки феминистки коишто татичко ги сместил во тие невладини организации да грејат дупе на топло и столица цел живот без ден физичка активност за да видат што е еднаквост во животот. Таквите жени егзистираат и живеат убаво поради потребата да постојат мал милион невладини организации кои фигуративно се борат за некакви права на жените.Јас прв ќе излезам да се борам за подобри услови на жените во фабриките, подобри плати, подобри услови при породилно, повеќе слободни денови во месецот. И да, прилично ми е драго што постоеле, постојат и ќе постојат форумски ликови и милиони мажи, жени низ светот што имаат некое слично размислување како мене. Дали знаеш дека мажите во Македонија живеат за 5-6 години пократко од жените? Зошто? Не само во Македонија, туку секаде во светот.