Тоа апсолутно не е точно. Точно е дека има повеќе жени од мажи, ама таа бројка ни во 50тите не била 2:1, ни 1.5:1 а не 3:1 И друго, Русија е меѓу државите кај што има најголема разлика помеѓу очекуваниот животен век на маж и жена. Додај на тоа постара популација и ненормално големиот број на млади Руски мажи кои умираат од алкохолизам, еве ти ја разликата од 46% мажи и 54% жени, моментално. А не 75% жени и 25% мажи Таква разлика на пол не е биолошки одржлива во ни една популација
75 години се поминати од крајот на 2 светска војна. И тие жени што биле вишок се горе-долу сите мртви. Блада малку.
таман и според сликава: 53.5% жени и 46.5% мажи, а не 75% на 25% И во Кина и во Индија и во Арапските земји има повеќе мажи од жени. И на глобално ниво има повеќе мажи од жени. Тоа воглавно проилегува од селективни абортуси и од желбата да се има машко. Значи ако мажите настрадале од Втора светска војна, над жените постојано се води војна. 200 милиони жени "фалат" во светот. Депонии во Индија и Пакистан се масовни гробници за женски бебиња. За оваа војна што правиме?
Мене па не ми е јасен муабетов. Војна е трагедија, за сите! Страшно било за војниците кои умирале или останувале инвалиди. Не ни навлегувам во траумите со кои живееле оние кои се вратиле дома, навидув физички неповредени. Ама страшно било и за жените и децата кои останале „дома“. Силувања, грабежи, насилство. Глад, болести, сиромаштија. Пиреј, бре дечки? Велика гледаше децата како и умираат пред очи а не можеше ништо да направи да ги спаси. Задолжителна лектира ни беше, претпоставувам дека ни е читана на сите.
@Nausicaa јас само се обидувам да разберам зошто жените во Русија мешаат малтер, дали е феминизам или некој друг -изам. Ај може покасно ќе ни се објасни
Жените мешаат малтер оти мажите им се презафатени со пиење вотка. Да им мешале мажите малтер, тогаш жените би плетеле чорапи и сите би биле среќни и задоволни
Многу е без врска кога се зборува за феминизам и одма оди во насока муабетот на мешање малтери и работа во рудник. Да не зборувам за војните дека не само мажи војувале, видете колку школи носат имиња на жени, сите тие биле партизанки. Инаку во однос на работа, луѓето ако немаат доволно квалификации или немаат избор (пример голема невработеност) ќе работат тоа што мораат, не тоа што сакаат. И тоа што се бара на пазарот. Во источна Европа конкретно, баш заради војните, многу жени почнале да работат типично машки професии во тоа време, како работа во фабрики, заради недостигот на мажи. Во однос на професии многу е подлабока дискусијата од машки и женски професии. Многу непотребно се става акцент на професијата во овие разговори. Луѓето работат за егзистенција, ќе прават тоа што мораат ако немаат друг избор. Јас не знам некој дека амбиција му е да меша малтер или да работи во рудник, го прави тоа зошто нема друг избор веројатно, иначе нема да ризикува да дише опасна прашина. Мене на пример професијата ми е многу помалку значаен момент во целата дискусија за феминизам, отколку прашањето зошто не познавам ни едно девојче или жена што нема искусено некаква форма на сексуално вознемирување, на пример.
@Biljarkata, Е така де Колку што тебе ти е јасно, толку и мене ми е. И јас ја препрочитав дискусијата два пати за да сфатам за што всушност станува збор и баталив. Ама тоа му е модус операнди на Виталиј. Ќе улета на некоја посензитивна тема, ќе напише некои такви мислења и ќе ја отера целата дискусија во неповрат. Па така на тема за брак на млади години ќе читаш за фаст-фуд...А пошто админите си ќутат и не реагираат сега ќе се чудиме кој меша малтер во Русија и зошто @DAngel Аха, ти мразиш мажи!!!! Ете доказ! Плетење чорапи е полесно!!! Пошто имам тапа смисла за хумор, ова последново е лош обид за сарказам. Ама да, очекувам така да ти биде дочекано напишаното, дека некој ќе ги стави на кантар кое каква активност е и која е потешка за мажите да испаднат вечните жртви и маченици.
Супер ти е смислата за хумор Хм, мешање малтер. И мајка ми, и свекрва ми мешале малтер, пошто праеле куќи. Ама кој се разбира во малтерски работи, знае дека мешањето малтер е наједноставната и најмалку платената работа во градежништво. Плетење чорапи. Дедо ми и ја држеше на баба ми волната, дури таа ја предеше, за да плете после чорапи. Штознам, од протофеминистичка фамилија потекнувам, сите се со исти права и обврски, согласно приликите, потребите и годишните времиња (во зима се плетат чорапи, во лето се меша малтер).
Поа постои сега. Секој си бира професија сам, секој сам си носи одлуки. А реакција од општеството имало, има и ќе има. Уста на народ не можеш да му затвориш тоа е факт. Половина од тие што умреа Сталин ги уби бидејќи одбивале да бидат послушни и бидат топовско месо, бидејќи повеќе им одговара кралот а не комунизам. Сталин за 6 месеци убива 9 милиони украинци бидејќи му се сонило дека некој украинец ќе го предаде. Да не зборувам колкава е бројката за целото тоа коунистичко доба. Мешаат бидејќи за нив еднаквост е на дело, не на тастатура. Не се замараат што ќе каже народот или слично. Жена која смета дека е еднаква со маж не би требало да и биде проблем да земе лопата во раце.
Ти затоа на Фемина си, оти малтер не мешаш. Да мешаше малтер сега со лопата во рака ќе беше, а не на тастатура.
Ама што со тоа? Сакаш да кажеш дека во Русија феминизмот го достигнал својот врв или што? Пошто во тема Феминизам дискутираме.
@Vitaly не ми одговори на прашањето. Работата е што луѓе како тебе одма го сфаќаат феминизмот во смисла а зОшТо жЕнИтЕ нЕ рАбОтАт вО рУдНиК аКо сАкАаТ еДнАкВоСт хЕхЕх. Не бе, не работат во рудник и не мешаат малтер зашто природно една просечна жена е помалку физички спремна од еден просечен маж.Ниту сме исти со мажите ниту треба да бидеме - ниту па јас лично сакам да сме.Различноста ни го прави светот убав и хармоничен, зашто се дополнуваме во различни сегменти.Комплементарни сме, не исти. Еднаквоста во смисла на феминизам значи еднакви можности, на пример ако жена сака да работи во професија што е традиционално машка, да ја има можноста да го избере тоа ако сака, а не да нема можност ни да размисли зашто однапред знае дека нема да може да конкурира таму поради дискиминација.Дали жената или мажот сите работи можат да ги сработат исто(за волја на вистината не секогаш можат) е друга тема, ама во случајов не е битно, најбитно е да постои можноста за избор. Друго, еднаквоста значи еднаков по закон.И уште нешто многу важно- соодветна заштита на жените кои се жртви на насилства, бидејќи секој ден многу поголем процент на жени доживуваат различни видови на насилства од своите партнери и семејство и често никој не си ја добива соодветната казна за тоа, особено во нашава земја. Јас вака го разбирам феминизмот, реалноста е дека нема една конечна дефиниција за феминизам, ама воглавно е тоа. Е сега нешто друго, факт е дека најгласни за феминизам се жени од развиени земји на кои им е овозможено се и се израснати во современи семејства, ама океј, тие се жртви на патријархатот зашто дома им рекле да измијат садови или баба им им рекла дека е срамота да носат кратка сукња. Онаму кај што е сериозно потребен феминизам и еманципација се семејства во неразвиени земји, каде жената е практично сопственост на мажот.Или не мора да идеш до таму, отиди до традиционално семејство во некое зафрлено место во Македонија, каде да бидеш женско значи да немаш ни право на глас во семејството, а не па сама да одлучуваш што ќе правиш во животот. Да, некои жени имаат вишок слободно време каде што бараат игла во сено за да докажат колку ги опресира светот и за нив реакција ми е само да превртам очи, но тоа не го исклучува фактот дека сѐ уште постојат жени за кои животот е пекол само зашто се родиле со тој пол и кои немаат искусено ни ф од феминизам.
Не туку таму се гадат од такви европски стандарди. Мислам дека уште за време на Сталин таму било нормално и мажи и жени да работат иста работа. Уште на почеток кажав дека не ти е потребен феинизам за да бидеш еднаков со сите. Велиш не работеле во рудник од таа причина. А зошто не се помириш дека неможе да земаш иста плата со некој кој е физички по способен? Ќе земаш плата според својот труд и заслуга. Решен проблем. Пред закон сме сите еднакви, прочитај устав, законик... Лежат во затвор и мажи и жени, им се суди и на тие и на тие. Ама не очекувај некој да дојде дома за да види дали те малтретираат и да ти пружи заштита. Никој не е должен да го прави тоа. Ако човек сам не побара помош и не си помогне себеси не очекувај некој друг да го прави тоа за тебе. А што треба да ти понуди некој за рака да те земе од дома?
Што не кажете дека тука требало да барам лица за малтер мешање? Заклучок: Вредиш за почит и еднаков третман само ако мешаш малтер и вршиш физичка работа. Ем ќе се сончам на терен додека мешам, ем на фемина ќе дробам по цел ден. За некои луѓе може е и единствен начин да контактираат со женски лица.
Ај не фаќај се за тој малтерот. Пред некое време имаше бунт на актерки во холивуд како земаат помала плата од нивните колеги мажи само затоа што се жени.