Ама какви европски стандарди? Од кога Феминизмот е европски стандард? Да, и во МК од времето на комунизмот е влезен феминизмот, да, номинално сите се рамноправни, ама дали и колку можат да ја реализираат таа рамноправност? Или во Русија? Пошто не е рамноправност да се меша малтер, рамноправност е да има слобода на избор, дали ќе меша малтер денес, или ќе учи, па ќе држи тастатура утре.
А ти сега златен ќе си најдеш туторијали за плетење чорапи, ќе тркнеш по продавница и ќе купиш игли и волница и ќе научиш да плетеш Пошто јас ти гарантирам дека огромен дел од членкиве тука и лопата држеле и малтер мешале, на ред си и ти да вложиш некаков труд, освен да куцкаш на тастатура Па така, нареден пат, кога ќе бараш од некого нешто да прави, прво ќе ги постираш чорапите кои си ги исплел сам
Актер се плаќа според својот успех и талент а не според пол. На пример што кажи. Не сум човек кој мислам дека не сум рамноправен и сум угнетуван. Сметам дека можам да работам она што сакам. Такви нетрадиционални идеологии како лгбт и феминизам. Колку ќе ја реализираат зависи од нив лично. Слобода на избор имаш. Дали ќе бидеш молер, доктор, готвач биквално никој не ти налага. Ако ги слушаш ти комшиите што кажале не одиш далеку. На луѓе уста да им затвориш не е можно. Немам ништо против тоа. Ниту сметам дека некој ми го прекршува тоа право и директно или индиректно ми забранува да плетам или пак не го правам тоа поради "што ќе кажат луѓето" Се гледа по муабетот кој колку држел лопата.
Знаеме дека се плаќа според успех и талент, ама во реалноста не е така, во реалноста мажите земаат поголеми плати само затоа што се мажи. Или може и во актерството си упатен како и во секоја можна тема на светов, па ти подобро знаеш од жените актерки кои се бунеа за платите.
@Vitaly и во Инктобер да дојдеш и таму ќе отидеш оф топик друже. Кратко сум на форумов, ама една тема нема кај што сум те приметила, а да не отиде оф топик темата. Како ти се дискутира на тема што ти се гади од неа? Зошто си се мачиш ако ти се гади од феминизам? И што воопшто правиш на форум за жени ондак?
@Vitaly, чорапче Едно убаво, слатко чорапче Толку Како што бараш активност, така време е и ти да се вклучиш Малтер, чорапче, небитно Еднаквост нели Или жените и малтер да мешаат, и чорапи да плетат а ти да си куцкаш на фемина како мажите се опресирани? Тоа ќе да е твојата замисла за еднаквост
Јас што зборам, ти сосема трето. Прво, споредбата од биолошки аспект ја направив за да ти покажам зошто има поголема тенденција на мажите кон едни работи а на жените кон други.И секако, не е тука сѐ црно бело туку изборот за многу професии се преклопува, но кај физичките работи или работа со деца има појасна поделеност што не е без причина.И нема поента феминизмот со сила да се труди да ги изедначи работите кога со сила убавина не бидува.А на вас што од една страна поим немате за феминизам и што опфаќа, а од друга толку го колнете, главен аргумент ви е смешнава реченица што ја ставив во претходниот пост. Друго, - зошто да не земаш помала плата.Веројатно ти е јасно дека многу е помал бројот на жени кои работат во сферата на физичка работа за да треба да се "помириме" со земање помала плата.Освен ако не мислиш дека во секоја сфера жените треба да се помалку платени, што горе долу ми е јасно дека го мислиш од твојов пост. И тоа со законите исто не ти е сфатено, го напишав како пример што опфаќа еднаквоста. За последното, убаво напишав, мене ми е овозможено нешто, на друга жена не.А каде да се пожали жена на која што воопшто не ѝ е дадена можност да го крене гласот?За нејзе и силување и тепање е нормално зашто нема видено дека може поинаку. (Не)намерно ги промашуваш поентите.
Лгбт настрана, не е за тоа темата. Зошто е феминизам нетрадиционална идеологија и што е тоа нетрадиционално за кое се залага? Дали вистина има слобода на избор ако меша малтер за да прерани фамилија, дури мажот пие негде? А се омажила на 18 пошто така ја научиле од дома, дека треба да се мажи.
Во 21 век век после сите фемидици, силувања, тепање и омаложување на жени, мора сите да бидеме феминистки и да се бореме бидејки ке продолжи се од ова горе наведено дупло повеќе. Јас сум запрепастена колку има убиства на жени од страна на својот партнер.
Па како и ти така и ја упатен сум во се. Се плаќало според успех и талент ама во реалност според пол. Ми нема смисла. Доколку ти ти талентирана и носиш пари на одреден работодавац јас мислам дека тој не би гледал дали си ти женско или машко, посебно во филмската индустрија. Се додека тоа не е тешка физичка работа бидејќи просечна жена е физички послаба од маж. Друга работа. На пример јас сум работодавец, се договарам со тебе за работа и ти добиваш плата да речеме 400 евра. Доаѓа друг човек и со него се договараме за 500. Немаш право да се буниш бидејќи договорот бил таков. Избор имаш и не те држи никој со сила. Не гледа ништо офтопик овде. Баш е онтопик темата и тераме ок. Тоа што не ти се допаѓаат моите ставови е друга работа. Тебе те чекав да ми кажеш зошто сум на форумов. Плата според завршена работа. Со тоа треба да се помириш. Неможе некој несработени пари никому да плаќа само затоа што си жена. Кога ќе станете работодавец бујрум. Плаќајте подеднакво и оној кој денес направил 100 артикли во производство на пример и оној кој направил 50. И оној кој по 10 часа работи и оној кој по 8. Кој како си ја наредил, тоа си велам од почеток. Јас сметам дека сум еднаков пред сите и немам проблем со околината што ќе каже таа доколку почнам да работам одредена работа. Таков проблем имате вие.
Точно така, ние жените имаме сериозен проблем, затоа и постои движењето чие име го носи темава Темава која тебе ти е болна точка. Бидејќи ти си еднаков пред сите, зошто тогаш толку ти смета и ние да сме еднакви со тебе?
Аха, значи тоа што сме жени автоматски значи дека секогаш завршуваме помалку и понеквалитетно работиме од колегите мажи, па од тоа следува дека ни исплаќаат несработени пари. Јасно.
Одлично Мене за твоите ставови ми е сеедно, дали ми се допаѓале или не, да не си ми во околина во реален свет ми е доволно искрено. За тука прави што сакаш
Сами сме си криви, оти се "потковуваме" за феминизам од твитер, оти збориме за "апсолутна еднаквост" помеѓу мажите и жените и оти негираме биологија. Мажите и жените не се ни еволутивно ни физички еднакви и тоа е во ред. Ме заболе што не можам во рудник исто да копам како маж. Не ни сакам. И еднаквост пред законот е глупост, оти затворите за тешки престапници се полни со мажи што убиле и силувале жени и жени што се дрогирале оти биле тепани и силувани или го убиле тој што со години ги тепал и силувал. Нема еднаквост во нееднаков систем.
Не ми смета пошто во пракса гледам еднаквост. Проблемот вам ви е што ќе кажат другите најверојатно. Баш ме интересира каде прочита дека сум пишал ми смета. Не извртувај мислења. Реков за тешка физичка работа. Во се друго мислам дека сме еднакви. Не извртувај мислења.
Навистина? Дали и тебе викаат на интервју во кафичи каде газдата те прашува кога планираш деца да имаш? Или можеби се интересира детално за твојот приватен живот, да знае дали си спремен за службени патувања со него де? Сигурно и ти наметнуваат трети задачи кои не ти се дел од обврските, како кување кафе и чистење канцеларија? Дека мораш тоа, маж си. Сигурно од мали години дома ти забраниле да плетеш, затоа сега не знаеш. Мора да си се држиш до машките работи, како така избор си сакал да имаш? Верувам дека ти наметнувале да се венчаш на млади години. Мора семејство што побрзо да оформиш, инаку што е целта на твоето постоење? И ете конечно си успеал да постигнеш се тоа, ама жена ти те истепала дома, оти манџата не си ја погодил. Па сега ти кутриот се жалиш во полиција, ама жената полицаец не те заштитува. Сигурно си заслужил. Па кај истепан, ќе трпиш и сексуално вознемирување од жените додека се враќаш дома. Навистина е тешко да си маж во денешно време, жал ме фати.
Одговори си сам на себе зошто си зачленет баш на овој конкретен форум? Зошто од сите можни теми пишуваш баш на оваа конкретна тема која тебе, како машко, на ниеден начин не те засега? Да, форум е, секој има право да пишува каде сака блаблабла. Ама, со години истиот муабет го правиш. Колку пати досега различни членки се обиделе да ти разјаснат, да ти објаснат, да ти нацртаат!, во детали, како е да си жена во овој свет. Со примери од лични искуства, со статистики, со предлози за читање ама се е залудно. Ти не само што не сакаш да ја видиш другата, нашата, страна, да се обидеш барем да разбереш што ти кажуваме туку пак и пак и пак се појавуваш со истата реторика. А муабетот тој ти е, ист, несменет, еве веќе со години- ако сте за еднаквост, зошто не работите во рудник, зошто не се качувате на далноводи, еве сега и зошто не мешате малтер. И се додека не те банираат трајно, пак и пак и пак ќе те читаме со скроз истиот муабет. Ти си знаеш зошто пишуваш баш тука, ама од сите твои мислења ВРИШТИ фактот дека имаш проблеми со жени.
Па да, машко си. Смараш за малтер и лопати. Никој не сака да меша малтер, да чисти вециња или улици. Поентата е дека ако јас и ти мешаме малтер и сработуваме исто работа, да бидеме исто платени и исто третирани. А не јас да морам да метам булевар затоа што претежно мажи метат.
Уште ли не ви е јасно дека цела држава е приватизирана и дека секој може да си прави што сака со својот имот? Ако јас имам кафич мое право е кој ќе вработувам и слични проблеми. Сите од вас би го правеле истото доколку би дошле на таква позиција. Никој не ми забранил да плетам побогу не се потресувај. Скроз се губиш низ муабетов. Ај препрочитај се од почеток. А тебе целта ти е да ме разубедиш? Мое право е на која тема ќе пишувам. Мое право е какви ставови ќе имам. Ако е така само јас и уште два три члена требаше да пишуваме на темимите за религија. Што си го пикате таму носот ако се залагате за тоа да не пишуваме на теми кои не не засегаат или се контра вашите гледишта? Не ме цитирај едноставно, не ме читај ако ти сметам и решен проблем. Нема причина да ме банираат само затоа што немам ставови како твоите не се потрецувај и не куди.