Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Trendafilka, 24 јуни 2011.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    А по што конкретно заклучи дека жената е платена помалку затоа што не работи доволно добро како мажот? Заради самиот факт дека е жена?

    Не, не може секој да прави што сака. Јас како сопственик не можам законски да одбивам да вработам луѓе или да ги плаќам различно чисто заради нивниот пол. Тоа се вика полова дискриминација. Достигнување на феминизмот е, па разбирам зошто тоа ти боде очи и сакаш да не постои.
     
    На noteforself, Srckata28, raww и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    И аман веќе истиот муабет ама ајде, по стоти пат.

    Работник на скеле, болничарка (не сестра!) во старечки дом, тоа се тешки, валкани работи кои се ниско платени и никој не ги работи од љубов, туку од тоа што мора да се јаде нешто. Тоа се работи за кои не ти треба образование, не треба дури ни да си писмен за да го работиш тоа. Ама кога ти требаат пари, се ќе работиш. Ниту болничарката, ниту физикалецот не сакаат тоа да го работат, ама мораат.


    Така да, за секој мешач на малтер постои жена која чисти туѓ измет.
    Ок? Може тука еднаш засекогаш да заврши дискусијава? Фала однапред.
     
    На noteforself, mode-kristina, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    @Vitaly што мислиш ти дека е феминизмот?

    Дали сметаш дека мажот и жената се еднакви (не исти) на овој свет? Дали сметаш дека е подеднакво лошо/добро маж и жена да имаат ист, голем, број на сексуални партнери? Дали мислиш дека доктор и докторка кои се подеднакво добри во својата струка и изработуваат ист број на часови, треба да се исто платени? Дали мислиш дека директор на фирма треба да е маж или пак може и жена?

    Ако твојот одговор е да, зошто си против феминизмот?
     
    На Nausicaa, Angie1432, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Не не, едно е да си против, друго е да ти се гади. Него му се гади :D
     
    На Angie1432, Bezimenka90, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Чај од нане му треба за гадење.
    Присуството на женски форуми само може да му ги засили симптомите. :D
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Пример кажав лопати и малтер не се фаќај за тоа само. И вие се фативте за чорапчиња и игли.
    Приер кажав не дека тоа е една и единствена тешка физичка работа..
    Јас не сум против тоа ако сработиме иста работа да не бидеме исто платени. Уште на почеток го кажав тоа.
    Не дека мораш само затоа што мажи го работат тоа туку сакав да кажа дека тоа е показател колку таквите работи се избегнувани од страна на жени.
    Го реков тоа за физичка работа смао. Факт е дека просечна жена не е физички спремна како просечен маж така да не би сработиле иста работа и не би требало да бидат исто платени.
    Кога ќе дојдеш на позиција газда или ако веќе си слободно терај така. Јас би плаќал според сработеното или според договор. Ако со некој сум се договорил за 500 евра а со тебе за 400 нема што да се буниш бидејќи никој не те терал да прифатиш за 400.
    Од причина што феминизмот се залага и за други работи како на пример абортус (како средство за контрацепција да се разбереме, не сум пртив кога животот е во опасност), од причина што се потпира на лгбт движењето и слично
     
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    60.171
    Пол:
    Женски
    Феминизмот пропагирал лгбт движење :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Ајде која сака да дојде да се лапаме? :devil:
     
    На dayla, raww, noteforself и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Не. Ти рече:

    Ние ти велиме не сме. За иста работна позиција, за иста изработена работа сме различно платени.
    Ти тоа можеш и до утре да го негираш, ама фактите си остануваат и ги гледам на дело секој месец.

    Твоето решение е дај си отказ, односно откажи се од борбата за еднаквост. Контрадикторно е да велиш дека се залагаш за еднаквоста на жените во општеството, дека ги почитуваш и дека ги сметаш еднакво вредни како и мажот.

    Ах и заборавив. Всушност ти никогаш и не си го кажувал тоа.
     
  9. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Како што би кажал еден член, феминизмот е бунт на дебели, бели и лезбо жени. :D
     
    На raww, Amellie13, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    8.524
    Пол:
    Женски
    Однапред да се извинам за долгиот пост,, ми отиде мислата и раката ..
    Мене многу ме радува ако имате искуства каде половите биле еднакви и рамноправни, и се било фер и правично. Камо среќа да ги има такви искуства се повеќе. Но, бидете реални и не негирајте постоење на полова дискриминација само затоа што не сте биле сведок на истата или не сте имале искуство од тој тип. И намерно велам ПОЛОВА дискриминиција, зашто тоа им се случува и на двата пола. Тоа што си на позиција да одлучуваш, не значи дека можеш да правиш што сакаш и не значи дека твојата постапка и одлука се морално и законски исправни.
    Пазар на трудот, не за џабе се вика пазар. Секој се обидува да се „продаде“ поскапо, а работодавците да те најмат за поефтино. Ама полот не треба да биде мерката за тие работи воопшто.
    Сум била сведок и на полова дискриминација и на мажи и на жени, и тоа и на професионален план и на приватен план. Таа постои и за двата пола, за сите луѓе.
    Дали работодавецот ќе ме прашаше на интервју за работа дали го дојам детето (и посебно - дали ќе ме одбиеше по тој основ за работно место) ако бев маж? Дали одлуката дали некој кандидат ќе биде примен на работа или не, ќе зависеше од тоа дали планира да има уште деца во иднина, ако тој е машко?
    Дали не е полова дискриминиција да не ја добиеш работата во продажба на пример, за која имаш соодветно образование, искуство и др. способности, само затоа што си маж, ама газдата знаел дека продажбата ќе му скокне ако стави жена на позицијата (и тоа некоја поатрактивна - што е истотака дискриминација по друг основ)?
    Имаше скоро истражување на UN според кое за време на полициските часови кои ги минуваа луѓето затворени дома, мажите најголем број часови поминувале во интелектуална работа, (работа од дома, работа на трудови и сл.), а жените во одржување на домаќинството, грижа за децата и нивното воспитување. Не дека не можеле да го работат истото, можеле и го правеле ама помалку саати во денот, јер некој мора и да зготви, јер мора да се јаде а не само да се твори.

    Ако феминизмот значи еднострана борба само за жените (како што сугерира називот), не го прифаќам. Феминизам ако се сфати како движење кое се залага за еднаквост на половите - прифаќам и на феминизмот не гледам како на борба за доминација на жените врз мажите, туку како на обид да се доведат работите во рамнотежа, која сега е нарушена. А нарушена е од дамнина. Прво бил матријахартот во човечката заедница, па патријахартот кој сеуште трае. И не е чудно што се појавил патријахартот, затоа што тоа е реакција на матријахартот, а секоја акција има реакција во принцип. И феминизмот е реакција и сигнал дека работите почнале да се менуваат. Верувам дека во иднина ќе дојде човештвото до еквилибриум, ама за да дојде до тоа треба да се смени начинот на кој ги гледаме работите.
    Дури мислам дека треба да се бориме воопшто полот да не биде никаква мерка за нештата, посебно не за вредноста на една индивидуа. Го гледам тој тренд веќе дека зема замав во светот. Мислам дека феминизмот погрешно се сфаќа и од мажите и жените, и најчесто во негативни контексти (како тоа да се куп жени што мразат мажи и имаат претерани барања или погоре ко што пишавте дека е бунт на дебели, бели жени). Реално тоа е затоа што низ историјата имало примери кога се одело во екстреми, стварно се воделе некои жени од омраза кон мажите и ја губеле од вид големата слика и крајната цел. НО! Тоа е и затоа што борбата на тие жени се обидувале да ја спречат тие што биле против нив, па им лепеле етикети, ги омаловажувале и демонизирале. Цело време тие за повеќе права на жените и тие против се натпреваруваат со ставовите и аргументите, споредуваат, и тука од корен грешат - со компетиција и натпревар само се делиме.. Не треба да биде ова натпревар, зашто во еден тим сме сите - луѓе.
     
    На raww, noteforself, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Девојки, не вреди да му објаснувате на некој што упорно смета дека сме еднакви кога реално не сме и што мисли дека ние и жените од западот не сме кренале потешко од пенкало. Оставете го со филмовите што си ги прави.

    @Cosmic Girl како што кажав и јас претходно, феминизмот се залага за еднаквост на половите, а не за доминација на жените.

    Ми текна на уште еден пример. Во градинките машки воспитувачи речиси и да нема, а ако има се многу ретки, а одделенски наставници, мислам на оние од прво до петто по новиот систем исто така на прсти можам да ги избројам. Ете колку сме еднакви.
     
    На GrimTheReaper, eliesaab, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.641
    Пол:
    Женски
    Ниедна жена не е должна да ви иде да меша малтер или да работи било која од најнеповолните физички работи кои се поврзуваат со машка физичка сила, а коишто и самите мажи последни би ги посакале за себеси или за синовите во иднина, за да докаже поента на исфрустрирани инцели што поим немаат што е уствари поентата на феминизмот. Приберете се и престанете да се брукате сите што уште овој муабет за пред кооперација го користите ко аргумент.
     
    На mode-kristina, Angie1432, Purplelilac и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Ајде жени, навалете. :D
    download.jpeg
     
    На EvAngelos, raww, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Не е. Тоа е искористување на убавината на жената, стандарди кои произлегуваат од патријахатот. Навистина мислите дека е привилегија што жената ќе е вработена ради изгледот наспроти мажот?

    Затоа што се смета за женска професија... Секоја "дискриминација" врз мажите е поради... други мажи.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Жена може нема да се чувствува привилегирано, иако постојат жени што за вакви работи живеат. Ама мажот е дискриминиран. Тоа сака да каже членката.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.812
    Допаѓања:
    17.591
    Пол:
    Женски
    Ама тоа е веќе објектификација на жените. Не би рекла дека е привилегија да те вработат само затоа што ќе носиш повеќе продажба (дека мажите ќе те зјапаат).

    Мажите се "дискриминирани" затоа што не се гледаат како сексуални објекти. Бар дефинитивно ни на приближно ниво со тоа на жените.
     
    На dayla, Purplelilac, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Женско прашање :D
    Тоа пак е женско прашање, затоа што очигледно газдата не бара продавач кој би ја исполнувал бараната позиција туку жена и то не заради способноста да продава туку заради сексуалната конотација на женското тело. Таа нема да биде гледана како способен работник туку како сексуален објект. Пак е прашање на феминизмот, не затоа што мажот е дискриминар, туку заради погрешната перцепција на женското тело.
    И тоа е неминовно женско прашање затоа што неплтената домаќинска работа е најчесто "женската" работа. Жените се оние што и покрај професионалната работа често ја работат и голем дел од домашната работа, купувањето за дома и грижата за децата.
    Матријархатот никогаш не бил "уредување на надмоќ". "Матријахалните" уредувања, ако и можеш да го наречеш матријархат, не биле уредувања кај што еден пол бил над другиот туку биле уредувања на партнерство и еднаквост, кај што нечиј пол не ја одредувал позицијата на таа личност во општеството.
    Патријархатот бил "воведен" над матријахалните општества кои биле покорени, како тек на надмоќ, борбеност и територијални претензии, оти едно нешто што матријахалните општества немале е територијални претензии и чувство дека "нивниот начин е единствениот добар" и дека само тие се во право. Да не навлегувам понатаму.
    Феминизмот е мировно, антивоено движење. И феминизмот е женско движење во кои централни се ЖЕНИТЕ. Не постои феминизам за сите, иако е неминовно дека сите користат од напредокот на феминизмот затоа што се работи за напредок кон помирни и побалансирани општества кај што биолошкиот пол не се користи за угнетување на цела половина од општеството.
    Феминизмот не бара еднаквост со мажите. Не сакаме еднакво да ги силуваме како што тие не силуваат нас, или еднакво да ги убиваме, еднакво да ги понижуваме. Само сакаме истите тие работи да не ни ги прават нам.
     
    На dayla, candy.cane, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.462
    Пол:
    Женски
    Ова!!

    Феминизмот се залага за еднаквост, што значи се залага за жените затоа што мажите во ниеден случај не се тие кои се дискриминирани.
    И мажите имаат бенефит од феминизмот, ама често тој аргумент се користи за да го направи движењето поприфатливо во машки очи.
     
    На candy.cane, Bezimenka90 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Оставите работи имате ли отворено порно сајт да видете со какви не описи се опишувани жени како курви, ороспии, кучки а мажите во порното никако не се именувани за жал. Уште една причина за нееднаквост
     
  20. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Ова ме потсети на еден што имаше напишано дека поминал многу ПРОМИСКУИТЕТНИ девојки, а сега имал скромна, ама не го правело развратник тоа што спиел со многу, пази.