Ти никаде не кажа што според ТЕБЕ е женственост. Ти само наброи некои предрасуди за женственоста. И секако неколку навреди кон мене (што е доказ дека феминистите не ги мразат само жените, туку и мажите Која понуда за дебата? Каква дебата? Со тебе да дебатирам за нешто? Не се сеќавам дека си ми дала понуда за дебата. Пиши или прати линкче.
Способност за дедукција-завидна ,,Навреда,, кон некого= го мрази човештвото Искрено се надевам дека не (ќе) ти зависи работата од дедукциските способности
Кажав, ти бираш што ќе читаш. За женскоста можам да ти зборам колку сакаш, затоа што жените се многу повеќе од само вагина. Женственоста, а очигледно не ги разликуваш двата поими, е склоп на општествено конструирани стереотипи за тоа "што ја прави една жена - жена". Тоа се карактеристики што бесправно му се препишуваат само на едниот пол. Од таа женственост произлегуваат и начините на кои жените се потчинети од мажите, а замисли, никогаш до сега не се покажало дека е проблем да се одреди дали е жена или маж некој кога треба да се силува, кога треба да се покрие главата, кога треба да се мутира телото на еден или друг начин, кога треба да се биде скромна, кога се бира сурогат, кога се снимаат порничи. Не Евангелос, contrary to popular opinion, жена не ја прават ни штикли, ни шминка, ни скромност, ни потчинетост. Жената е многу, многу повеќе од тоа. Не за џабе отсекогаш жените биле заштитнички на животот, на мудроста, и на природата. Единствениот начин да се создаде човечки живот е преку жена. САМО ПРЕКУ ЖЕНА. И вашиот бог е немоќен пред женското тело. И да не била жена немало да постоите ни вие. Ама нели, ако ви е полесно тешете се дека по калуп од земја ве извајале.
Јас па знаеш како нежна сум. Ама мека како душа, едно нежно лице, едни меки црти, па светла долга коса. Па едни зелени мали очиња. Па едни гласче нежно како 15 години да имам уште. Абе да ме грабнеш и да бегаш
@EvAngelos , еве @DAngel најубаво ти објаснила се во последниот нејзин пост. А јас нема да вадам претпоставки за тебе како што ти направи за мене и за сите други зошто и ти веќе сто пати избегнуваш да одговориш на прашањата што јас прва ги поставив. Ама, еве ќе те почекам да ми одговориш, стварно не те разбирам зашто не сакаш. @Vitaly Ти благодарам на одговорот. Далеку било, немам зошто да те напаѓам, го почитувам твоето мислење, иако со некои работи не се согласувам баш но прво сакам да те прашам да ми елаборираш малку повеќе на пример за: однесувањето (какво), изглед (каков), грижа за себе (ова според мене е универзално нешто, секој човек треба да се грижи за себе во смисол да си е чист, со чиста, испеглана облека), каква е таа облека што не ја носи маж, а ја носи жена, зошто и мажи и жени носат и карирани кошули и џемпери, и блузони и дуксери, маици... Каков начин на живот исто.. За остатоков ќе ти прокоментирам во наредниот пост. А тоа што си пишал денес не се знае кој е машко, кој е женско. Ова ми се има случено неколку пати, да едно дете ја прашува мајка му дали сум машко или девојче, друг пат на каса една жена ми рече фала дечко , во болница ми се обратија исто со дечко, а врвот беше во Битола на кафе, келнерот и двајца пензионери на 2 метра од мене дискутираа дали сум машко 15 минути лол. А тоа сум јас едноставно, изгледам како што изгледам и не ме прави ништо помалку жена тоа што некој келнер рекол за мене дека сум машко. Не се навредив воопшто иначе.
Девојки, не можете да им угодувате на луѓето без разлика каква ви е косата, како се облекувате и сл. Облекувајте си се како што ви сака душата, ако сакате кратка коса, таква нека ви биде. Ако сакате долга, оставете ја таква. Важно е да бидете свои. Не морате да се вклопувате во некакви си 'стандарди'. Јас имам долга коса затоа што ЈАС сакам да ми биде таква, а не заради тоа што е 'женствено'. Тоа е само пример за да не морам до утре да пишувам.
Од некои машки членови на форумов ми се повраќа. Воедно и да и честитам среќна Нова 1200 година. Ако јас треба да носам суќна со пристојна должина тогаш тие треба да носат облека како Хенри VIII.
Во ред, тие работи не ја прават жената жената. Таа е многу многу многу повеќе од тоа... продолжи те молам во таа насока. Пиши барем некои работи што ја прават жената жена. Цело време пишуваш кои работи НЕ СЕ жената (штикли, шминка, силување, потчинетост, разни стереотипи), но никако да напишеш што Е жената. Кои се тие карактеристики што ја прават жената жена. Кои се тие женски одлики? Погоре спомна дека само преку жената настанува живот. Се сложуваме со ова. Но ако само ова е женска одлика, тогаш ќе испадне дека оние што не можат да раѓаат - не се жени. Се разбира дека не мислеше на ова, затоа очекувам да пишеш повеќе женски одлики освен таа дека преку нив доаѓа новиот живот.
ОК Евангелос, ќе напишеш ти женски одлики, да видиме што е тоа што го знаеш ти за жените? Жената ја прави тоа што е личност од женски пол. Толку. Тоа е целата дефиниција на "жена". Се натаму се нијанси и избори. И додека има некои општествени и биолошки доделени улоги кои може да ги има само жена (мајка на пример), апсолутно не мора да значи дека секоја жена мора да биде мајка, само значи дека мајка може да биде само жена, никогаш мајка нема да биде маж. Џабе ти се сите обиди да ја ставиш жената во некој калуп.
Не дека тука од членките некоја бара дозвола од нив како да се облекува и изгледа. Ниту им е гајле да ги убедат во било што. Ама во Македонија на големо патријархално се воспитуваат и машки и женски деца. Па така, да речеме некое младо девојче, на тој начин воспитано, се зачленило на женски форум да чита за феминизам. Што ќе остане да прочита? Машки членови да и кажуваат како да изгледа, како да се облекува и како да се однесува. Него друго е исто проблем. За секој Евангелос и Витали, од време на време ќе налеташ на членки со мислења во стил "Не се согласувам со нив, ама што се контрате? Имаат право на свое мислење". Е имаат де. И го искажуваат. Фактот што не се банирани за навреди и спамање со религија во секоја тема е доказ за тоа дека никој не им забранува да искажат мислење. И така во чувствителни теми како силувања или абортус, ќе се исфрлат со некои нивни мислења за да бидат бранети со таа реплика. Тоа му доаѓа нешто како автошамар. Жените се бореле да ги добијат тие права, вклучително и правото да се едуцираат за да бидат писмени да пишуваат по форуми. Само не се запрашале ли кој им ги забранувал тие права? Баш такви мажи. Неколку мислења пишани на форум не се проблем. Ама под правото на слободен говор се вметнуваат секакви навредливи, шовинистички мислења насекаде. И после се чудиме на сите коментари по ФБ. Као ни се повраќа од тие мислења, а тука се истите, фино скоцкани. Не знам дали голем дел од жените мислат дека живеат во некој свој меур, незасегнати од надворешниот свет. Потребно е само еден истомисленик како нив да седне на власт и да протне закони (поздрав од Полска). "Остај го, батали, не се замарај". Сепак мислам дека малце треба да се позамара секоја жена. За нејзиниот живот станува збор. Нејзиниот живот остава да и го моделираат мажи по нивен терк. Во голем дел ваквите мислења се широко распространети кај нас, затоа што се општествено прифатени.
Ќе пишам тука за да не го едитирам горново мислење @EvAngelos Да, жените се носители на животот и мудроста. Ама жените, како група, не жената. Зошто жените? Затоа што жените отсекогаш имале многу поголемо чувство на припапаѓање кон природата и единство. Затоа што жените отсекогаш биле заштитнички на природата. Затоа жените биле заштитнички на мудроста и соживотот. Затоа древни општества кои живееле по принципи на еднаквост воделе грижа и за себе, но и за природата. Почетокот на уништувањето на природата соодветствува со појавата на патријархатот. Со почетокот на мислата дека човекот - мажот е на врвот, едниот и единствен најмудар и сезнаен, а под него се сите други животни, растенија па и жената со нив. Затоа што жената е помала од мажот, затоа што мажот подобро знае од жената. Ти Евангелос во сите твои претходни мислења покажа дека си олицетворение на партијархатот, затоа што дојде на куп жени да им кажуваш дека тие не знаат што е жена. Што е жена, Евангелос, нешто што ние сме цел наш живот. Како на кучето да му кажеш дека не знае што е куче. Како на дрвото да му кажеш дека не знае што е дрво. Ти Евангелос мислиш дека си над нас. Не си, само си изгубен во смрдливата религиска секта која се обидуваш да ја проповедаш. Што е патријархатот? Верба во "единствениот прав начин на живеење." Мојот - или ничиј друг. Обратно од патријархат не е општество во кое жените ја имаат контролата над мажите, Евагелос. Матријахалните општества постоеле на принцип на братство, на еднаквост. И меѓу луѓето, ни и меѓу се живо и неживо. Обратно од патријархат е само знаењето дека постојат суштества кои живеат различно од тебе, и тоа е во ред. И тоа не значи дека тие се помали од тебе и мора да постојат само на твој начин и на ни еден друг. Те прашав еднаш што е знаењето со кое се здобил човекот, за кое бил казнет од Бог? Нормално дека не ми одговори, како што ни вчера не ми одговори на ни едно на прашањата. Оти никогаш не одговараш кога го немаш одговорот. Знаеш што е? Мислата дека е над животните, дека може да одлучува кој ќе живее и кој ќе умре, дека може да се меша во природниот тек на работите како бог. Дека може да владее со природата и да биде над природата. Епа не си. Ни над жените кои пробаш да ги "учиш", ни над кое било друго живо суштество.
Таман работа јас да ви кажувам на вас жените кои се женските одлики. Но симптоматично е тоа што два дена никој од феминистите не успеа да ни напише кои се женските одлики што ја прават жената - жена. Сериозно? Само толку? Дали со ова ти ги негираш трансродовите жени т.е. оние „жени од машки пол“? Тоа ми се допаѓа искрено, но не верувам дека другите феминисти ќе се сложат со ова твредње. Сепак, да се каже дека една жена е жена само затоа што е од женски пол (има два XX хромозоми и женски гениталии) е многу оскудно и телесно опишување на жената. Освен во гениталиите, тука речиси не се прави разлика меѓу мажите и жените... и токму тоа е тоа што го кажав и претходно, дека многу од феминистите ги имаат збришано мажественоста и женственоста кај мажите и жените, најчесто поради огорченост од некои балкански или патријархални стеротипи и предрасуди. Наместо да се исправат грешките, наместо да се редефинира мажественоста и женственоста, отидена е во спротивната крајност - нивно уништување и обид за создавање на бесполови флуиди т.е. нема веќе мажи и жени, сите сме исти, само поинаку одиме по мала нужда. Напротив - јас од секогаш сум бил и ќе бидам против патријархатот. Само тебе така ти одговара да ме етикетираш, за да можеш полесно да ме напаѓаш и хејташ Мнозинството жени си знаат добро што е жена. Јас велам дека феминистите (поточно квази-феминистите) како да заборавиле што е жена и затоа два дена не можат да наведат ни една женска одлика овде. Жално. Навистина жално.
Уште потрагично е што има и жени кои имаат вакво размислување. Имаше една на форумот што го поддржуваше синдромот 'сама си го барала' затоа што '' се' ни било на ачик''. Наше е да си се бориме за нашите права и да не дозволиме да не' погазат. Не сме воопшто должни да им угодуваме на луѓето и не мораме секому и за се' да кажуваме ДА.
Мислам после ова редно е да одговориш на прашањето кое прво ти беше поставено него да спинуваш. Чинам @blueeparadise го постави @EvAngelos. Пошто одговори со прашање за да се фатиш на ситница од туѓ одговор место да дајш свој. И мене ме интересира како директно ќе одговориш. Најсериозно. Пред да изигнорираш и испинуваш и ова, нека ти текни - уште немаш даено одговор и се друго е џабе. Јас не би ти ни одговорила на прашање ако ти не одговориш на мое пошто е манипулативна техника за да "фатиш во тесно" соговорник ама другите се предобри и покрај то шо одговараат. Чирс. Прашањето: Прекрасно. Ќе си го зачувам ова.
И раскожни везови со цвеќиња. И штикли, не заборавај ги штиклите. Инаку, маживе се лутеле кога жените почнале да носат штикли, оти биле машка облека. Не биле доволно женствени во штикли На темава