А непристојните се за следење на инстаграм или јас не разбрав? Сите сакате пристојно, ама јбг. Мора некад да се ѕирне нешто и од страна.
Маж активен верник, длабоко навлезен во организирана религија, па дури и проповедник на истата - не може да биде против патријархатот. Апсолутно ниеден, дури ни оние демек прогресивни во тој систем мизогин до срж, а најмалку отворено анти-абортус и хомофобични мажи како што си ти. Ниту пак треба да најдеш тука или каде било „вистински“ феминист(к)и кои ќе наведат по калап женственост и женски одлики по твоја мера и ќе ги прифатат.
А што сакаш да чуеш, дека женски особини се таа да биде нежна, потивка (од мажот), негувателна, мека, односно сите особини што би ти одговарале тебе како маж за жената да биде потчинета? Па буквално само тоа е разликата. Интересно е како родовата определба е поврзана со стандарди, конструкти наметнати од патријахатот. Затоа што реално, родовата определба е само илузија, јас сум убедена дека трансродните лица т.е. дисфоријата која ја чувствуваат е директна последица на начинот на кој светот се развил да гледа кон маженственоста и женственоста. Евангелос, треба едноставно да прифатиш дека не постои ништо во општеството што е екслкузивно машко или женско, и иако самиот збор не е соодветен, сосема си во право кога ќе кажеш дека сме „бесполови флуиди“, затоа што буквално секој може да се однесува како сака и да прави што сака, кога е во прашање сопствената експресија. И најмногу од се, не си ти тој кој треба да прави видеа на инстаграм и тикток за феминизмот, прво затоа што не си жена, а второ не си ни феминист затоа што си obviously лепотан, а феминистите се грди. Не си ти кој треба да одлучува што жените да прават со феминизмот, не си ти тој што треба да кажува што е феминизам, кој е лажен феминист а кој вистински. Немаш такво право в о о п ш т о.
Бујрум одговорот. Еве зошто поставував прашања. Ако јас ти кажев зошто феминистите ја мразат женственоста, или дека ги бришат женските одлики, немаше да ми веруваш, ќе негираше. Затоа еве ти директен доказ за тоа од нивните тврдења: Итн. Кој разбра - разбра. Кој не разбра и да му нацрташ нема да разбере. Позз и убав ден на сите
Омилено ми е тоа што мислиш дека нешто правиш со твоите тврдења... Да, Евангелос сакам да ги избришам женските особини, да, ги мразам мажите.... Еднаш едно паметно членче (види мој потпис) рече дека феминизмот е бунт на дебели, лезбо, бели жени кои не знаат што со животот, и не знам што уште да штиклирам за да се опуштите и да сфатите дека ви правам ќеф. И мишка ќе прекинам да бричам за вас.
@EvAngelos Ама ти пак не ми одговори на основното прашање, еве ќе го потенцирам - што е тоа женственост? Значи според ТЕБЕ? Да кажеш вака, значи Блуперадајз, женственоста според мене е тоа и тоа, жените што се женствени се такви и такви, се одликуваат со вакви или онакви особености. Зошто ако веќе тврдиш дека лажните феминистки ја мразат женственоста и ги бришат женските одлики, значи ТИ лично имаш некакво мислење што е тоа женственост. И јас те прашувам токму тоа, кое е твоето мислење. Па тек после можеме да дискутираме лажните феминистки како ја мразат женственоста, зошто јас прво морам да знам според ТЕБЕ што е женственост, па да збориме понатака. Еве, појасно од ова не може.
Да почниме од буквата А - жената е човек. Онаа која руши стереотипи, индивидуа која може да се идентификува на многу начини па не можеш да ја ограничиш со два-три епитети (мајка, сопруга, месење зелник, перење гаќи, штикли..). Моќна, силна, убава, таа која ќе промени историјата и иднината. Женственост - да бидеш кој сакаш и да правиш што сакаш со сопственото тело и идентитет, без оглед што ќе кажат другите. А и да, среќен меѓународен ден на човековите права.
Дискусијава уствари има поента, спротивно на она што би се заклучило на прв поглед. Евангелос во неговиот „едукативен“ тикток ни вика дека жените заборавиле што е женственост, или во превод заборавиле да бидат тивки, нежни, мили, потчинети, нашминкани, депилирани, мајчински настроени, хетеросексуални и сè по список. Ова е неговата дефиниција за женственост, а со тоа и неговата дефиниција за жена. Тој смета дека зборот жена има опис, и описот му е секој можен патријархален стереотип. Добро. Ништо ново. Одговорот на вакви изјави од сексисти не треба да ни биде: не си во право, не е тоа дефиницијата за женственост (...туку некоја друга). Треба да ни биде: не постои конкретна дефиниција за женственост и не треба да постои. Женственоста е дефинирана од жената, а не обратно. Пример: Јас сум жена. Јас се шминкам. Дали тоа ме прави жена? Не, и без тоа сум жена. Дали тоа ја става шминката во дефиниција за женственост? Да, бидејќи јас како жена го правам тоа. Јас играм фудбал. Дали тоа ме прави маж? Не, играњето фудбал не е дефинирачка работа за еден маж. Дали го става играњето фудбал во дефиницијата за женственост? Да. Бидејќи жена го прави. Тоа е сосема доволно. Женственоста не е константа, туку зависи и е дефинирана од тоа што прави и што е една жена. Женественоста е она што сум јас, јас ја дефинирам. Шминкање? Женствено. Играње фудбал? Женствено. Депилирање, програмирање, врски со други жени? Женствено. Менструирање, имање деца, немање деца? Женствено. Јадење сладолед? Женствено. Буквално што сакам можам да си пикнам во дефиницијата, затоа дефиницијата е небитна и практично не постои. На ова Евангелос, а и останатите загрижени би рекле „леле, па тогаш како ќе знаеме што е женско, а што машко?“. – Ќе знаеме, бидејќи јас сум женско, и сè додека јас знам дека сум женско, никој тоа не ми го одзема. Истово оди и во обратна насока, секако. Цепење дрва? Мажествено. Шминкање? Исто. Носење фустан на насловна на Воуг? Исто така мажествено. (Кендис нека пукне од мака). Одговорот на она омг ја бришете женственоста и мажественоста мене ми е: да, ја бришеме замислената дефиниција за тоа што е маж и жена, која е силно обвиткана со родови улоги и општествени норми кои буквално важат само за оваа временска точка од светот. Евангелосите од други времиња тврделе дека перики, штикли, сукњи, розова боја, туш на очи итн. се мажествени работи. И кога ќе размислиш повеќе од 3 секунди, стереотипите се уствари одлики на мажи и жени само во контекстот на нивното време. Па која е поентата тогаш да дефинираме женственост и мажественост кога се менува од декада во декада, а да не ни збориме за подолг период? Најважното нешто што треба да се извлече од ова е што е? Жени, мажи, луѓе, никој нема доволен авторитет да ви кажува што сте и што треба да правите. Не постои дефиниција за женственост и мажественост што не може да се прошири. Таквите ограничувања фала богу полека ги оставаме зад нас и создаваме свет каде себеекспресијата е помоќна од нестабилните, некомплетните и кршливите општествени дефиниции.
Женственост е кога жената е културна, не нападна, си ги бира зборовите. Женственот е кога на прво место одат деца и семејство а потоа кариера. Иако сметам дека мажот е должен се да да донесе и подмири дома. За облеката и изгледот инаку, многу е важно. Ете баш ти си била во таква ситуација. Си се запрашала ли зошто? Искрено веднаш се менува мислењето кога неможеш некој да препознаеш дали е машко или женско, без разлика на ставови и мислења. Облеката треба да е пристојна, немора тоа да е сукња или фустан. Пристојно да е. Изгледот е важен, косата и нејзината неприродна боја, лицето. Незнам која е потребата луѓе да си го менуваат сопствниот изглед до степен што доведува да изгледаат на спротивниот пол. Сега ќе речеете епа избор е. Да избор личен е тоа. Но зборуваме што е женственост, а тоа воопшто не е женствено. Сигурно жена со мускули како маж не сметаш дека е женствено. Исто и за машкиот пол важи ова. Има мажи кои се мажи само според тоа што имаат машки полов орган. А по изглед и карактер тронка машкост немаат. Се знае како треба да изгледа маж а како жена. Се знае како кои особини треба да ги има машко а кои особини треба да ги има девојче. Денес тоа се пореметува од најрана возраст. На машко му даваат со кукли да игра, можеби бизарно и глупо ви е но има големо влијание врз детето. Не е убаво да воспитуваш машко дете во женски дух, и обратно. Денес општо машките се понеразвиени и понежни од девојчиња. А на што се должи тоа? На воспитувањето секако.
Не, тука зборуваме за женственост. За мажите во друга тема. И не под дифолт значи дека обратното треба да важи за мажи. По која логика тоа го велите појма немам.
Па не знам, еве, ти сам си рече дека за тебе некои мажи биле мажи само ради половиот орган. Мажи се сите оние кои се чувствуваат како маж. Жени се сите оние кои се чувствуваат како жена. Simple as that.
Тоа само во ваков ненормален систем.. Човек со машки полов огран ако се чувствува како женско, и обратно, е ментално нарушување. Па не ни сакам да ми пријде некоја што има исти ставови како тебе. А да иначе, не 90, туку 99% се такви факт е тоа. Женствено не е она ти што мислиш, има дефиниција за женственост и се знае како треба да изгледа и се однесува една девојка. Вакви работи не се менливи и не се прилагодуваат според ваши барања, за жал. И припазете малце. Првин ме прашувате што јас мислам, јас кажувам, па после велите дека не ви требам јас да ви кажувам што било женственост. Нема логика, немора да ви требам. Дискутираме тука, ме прашаа и одговорив.
Не, на друг начин истите особини а не во буквална смисла. Неможе нежност која е покарактеристична кај девојки да ја ставаш како машка особина. И ова е збир и на особини и надворешен изглед и начин на живот и облека и се. Неможе да издвоиш 2 нешта и да велиш па еве и мажите го имаат тоа па дали тоа ги прави женствени. И жените носат фармерки и панталони па тоа не ги прави машки, бидејќи тие панталони не се исти како машките. Најпроста споредба.
Што треба ова да значи? Мажот е маж само во класична облека и кога оди на работа, а жената е жена само по фустан, штикли, нашминкана, децата да ги чува и местото ѝ е в кујна? И покорна на мажот секако. Ова се тие златни времиња луѓе, сега ништо не се знае, све испореметено. Што се замислуваат жениве што не носат фустани и одлучиле кариера да бркаат наместо дома да седат и деца да раѓаат.