Тоа што луѓето се облечени така на сликата не значи дека само тоа е и нема друго. Битна е пораката која ја носи сликата.
Што е пораката? Садеви и гаќи да ти пери? Голем маж си кога не знаеш сам за себе грижа да си водиш. Жената не ти е ни мајка ни слугинка.
Богами јас се плашам од сликата. Да треба да готвам на штикли со фустан на плочки, опасно ми изгледа. Плус децава многу растрчани ми делуваат, личи на незгода.
За вас мажите е нападно кога жена има да каже нешто, било што. Нападно е жена да се спротивстави, да се бори. Затоа што со тоа ја губите контролатa врз нив. Како еднаш да не ги палеле жените заради вакви размислувања.
Од прашања кои ме мачат денес- што значи да се модерира форум? Во тема феминизам, се дебатира за женственост и носење сукњи? Дебата на нивоу Кој знае да каже на што е резултат ова?
Пишувајте си вие тука, светот и те како се менува. Хери Стајлс е најпосакуваниот маж на цела планета, машко што е преубаво, а на насловна страна по фустан се сликаше. Секакви жени го менуваат стандардот за убавина, а најмило од се ми е што почнаа да се гледаат убавини и во специфични работи како пеги (најубаво нешто), витилиго, дијастеми на заби, стрии, природна убавина. Има нешто убаво во андрогенија, одредени луѓе и те како можат да ја износат и да ја направат да изгледа преубаво. Вие неколку души може само да си седите од страна и да си гледате. Се што мразите станува се поголемо и поголемо секојдневие. Може само да си пукнете и по фемина да си плачете. Никогаш нема да се врати светот на тие црни времиња кои вие ги посакувате. Постои интернет, има кај да се едуцираш, да прочиташ за род, пол, искуства на луѓе и слично. И светот имам надеж дека ќе стане многу поубаво место за живеење, со место под сонцето за секого, онака како што си се осеќа и му е убаво да живее. Вие може само со лепачиЊа да си играте, па да ви се смее цела фемина како секс меѓу машки и жени со парче селотејп го токмите
На темата за феминизам не смее да се зборува за феминизам. Таман работа феминизтички идеи да се делат. До тоа не се ни стигнува од мажите што се тука да ни кажат дека не знаеме што е феминизам, а уште помаку што е жена.
Феминизам мислам не постои, тоа е нешто како како дедо мраз, затоа не може да знаеме. А пошто ние мислиме дека постои, не знаеме ни што е жена
Јас не знам како им е интересна темава воопшто, еве вака најискрена да бидам, со ставовите кои ги имаат. Ако стварно сте толку мажи со сите карактеристики кои ги кажувате како типично машки, идете нешто поправајте колата, цепете дрва ете, зима е, не мора на женски форум да седите стварно.
Што маж бараш жити се.. Иде провоцира и ќе го снема. Колку само кажано да е. Жити зрелоста и сериозноста твоја Витали..
И мислам стварно е време да ја затвориме темава Били Бој мисли дека жените требало да управуваат со парите, само така парите ќе завршеле на вистинско место. Штом сме спомнати, веројатно сме вовлечени во страотен сатанистички план за...незнамшо...
А пази, ни самите тие не се сфесни дека го прават токму тоа што викаат дека "никако не би го правеле", им одземаат глас на жените. Цела вечер @EvAngelos се труди да докаже дека жените не знаат што зборуваат, буквално да им го одземе гласот. Првата битка која ја добиле феминистките биле за женски простор и женски глас, оти недостаток на женски јавни тоалети било начинот на кој се држеле жените дома. Женските простори се и повеќе од потребни, не за џабе постојат посебни женски шелтери, женски тоалети, женски соблекувални.
И Заев рече дека ни тебало министерка за финансии оти домаќинка требало да се грижи домаќински за парите. Бил спремен е да се откаже од парите? Оти знаеме кај се: кај него, кај Маск и кај Безос.
Еве ,да дадам свое мислење во тој поглед . Феминизмот е термин, како едно револуционерно движење за еднакви права.Жената да може да работи во кое поле сака и нејзинот труд и профит да биде еднаков со мажите и гласот на жената да има вредност еднаква со мажите. Проблемот не е во зборовите курво..кучко и сл.Тие доаѓаат од прост народ.Проблемот е фино спакуванто одбивање и недавање можности за било каков напредок во било кое поле поради потценување.Жена со став-агресивна, Маж со став-лидер. Безразлика што и да одбереш,секретарка,домаќинка,докторка,пилот,воено лице и сл.да се предава еднаква вредност во одност на тоа што мажите добиваат за истата професија. Целата наа фрка да речеме со стил немаат врска со корењата на феминзмот. Користени се само да се измешаат работите најчесто во негативна конотација. Дури и пред еднакви права во идеален свет, пак неможеме да се облекуваме секогаш како сакаме и жените и мажите.Некои места налагаат дрес код и за двата пола. Целиот друг дел со стилот е база на вкус.Има и мажи и жени кои практикуваат различен стил.
Не знам шо се чудите, у моја фамилија стално кај жената биле парите Женска ташна е стално поголема од машки новчаник
Она дека жената треба да е културна или ненападна, тоа треба да важи за сите луѓе, а не дека е или треба да биде ексклузивна одлика на жените. Така што, тоа би значело дека кога еден маж ги има овие квалитети и тој ли е женствен? За ова треба да си ги бира зборовите, во кој смисол? Да пазам што ќе кажам пред некој за да не предизвикам бурна реакција или што? Или ако се мисли на тоа дека не треба да се навредува, пцуе, понижува, тоа важи за двата полови, никој не треба да биде исклучок од тоа. Не е женственост на прво место да ти се децата и семејството а после кариера, тоа треба да важи и за двајцата партнери кога имаат деца, и на мажите треба да им биде на прво место семејството, а после кариерата. Имав еден бивши, и знаеш што ми викаше, леле одвај чекам утре кога ќе се вработам, ќе си имам жена, деца, па леле колку пари ќе правам, ќе работам по цели денови, а жената у стилу ќе си седи дома, ќе готви и пере, ќе чува деца, ама што бе јас на нив се ќе им овозможам, пари ќе си имаат за се, подмирени ќе си бидат. Не знам само кај имаше љубов, посветување на внимание и ставање на семејството на прво место во равенкава како што и треба да биде. И некогаш ќе има случаеви каде што мажот ќе седи дома и ќе чува деца, а жената ќе работи, ама секако во секој слободен момент ќе си посветува внимание на децата, тоа не ја прави помалку жена, а ситуации во животот ќе има секакви. А за облеката и изгледот... Не, не гледам што е важно, и не ми кажа каква е таа женска облека, односно пристојна женска облека. И не сум се запрашала зашто, пошто искрено не ми било битно што некој рандом келнер или баба рекле за мене. А за волја на вистината, бев облечена во кратки ракави и тесни фармерки во Битола, кога веќе се фаќаш за облеката. И не знам како да ти објаснам дека јас ТАКА изгледам. Јас не го менувам изгледот за да личам како машко. Такво ми е лицето, андрогено и си се обожавам да ти кажам онаква каква што сум. Не сум си го менувала јас личниот опис, ти како кажуваш.. А не знам што е релевантно дали косата ми била природна боја (не знам тоа како ме прави помалку или повеќе жена) ама природна ми беше. Идеме понатаму, имам поширок грб од роџења, тоа јас ли го имам направено кај себе? Пред 8-9 години тренирав бокс, и со текот на тренинзите се истонирав одлично, почнаа да ми се познаваат благо коцките на стомак и имав благо бицепсче. И што, јас не треба да тренирам бокс за да не ми се направат мускули, пошто така нема да бидам женствена? А бев. Татко ми кога и да ми рече да го измасирам, а ставам рака на него ми вика аман, која сила ја имаш, колку тешка рака. Тоа ме прави помалку женствена, моите природни одлики од раѓање тукуречи? Не, женствена сум и јас, и мајка ми што нема сила тегла да отвори. А ова последново за маживе... Еден бивши по природа беше слаб, преслаб, нежен, се плашеше од хорори, се буткаше во мене да се гушка, дури може јас бев и физички појака од него. И што, он не е мажествен? Така е роден, со таква конструкција на тело, природата му е исто таква, нежна и чувствителна. Познавајќи го татко му, знам какво воспитување имал, а со кукли не играл.. Језда, никаква врска нема тоа. А мене ме воспитувале исто како што го воспитувале и брат ми. Играчки - ми купувале секакви, од кукли до коли и пиштоли, и моите и роднини. Куклите и барбиките ич не ги сакав, ги фрлав, зошто според мене ми немаа никаква поента, немаше ништо да се прави со нив. А формулата си ја возев низ цела куќа. И што требале моите да направат? Да ме тераат да играм со барбики и да ми ги земат колите? Можеби тогаш ќе бев доволно женствена денес, а немаше вака... До куклите било. Не ми е најубаво напишан постов, ама ќе ми простиш, преморена сум, ми се спие, ама сакав да те удостојам со одговор.
И кај мојава исто. Татко ми ден денешен појма нема колку пари има. Знае кај него има доволно колку што му треба. Друго, мама може цела сметка испразнила И сега, мм не е ништо поарен.
Во кој век живееш,Витали? Женственоста не треба да ја гледаш само од биолошки аспект.И до енергијата низ која се проектираат емоциите е. Не можеш ти да ги нарекуваш девојкиве лажни феминистки и мажомразачки кога ова твоево не личи на поддржувач на феминизмот. Те читам во темава и вака правам: Не сака секоја жена деца и семејство.Сосема ок е да сака прво кариера да направи,па после тоа или само кариера. Жената не е предмет.Помина времето на ропството,бе. Жената има право да напредува колку што има и мажот. Ти си доказ дека има уште многу дупки за крпење. Облеката не го прави човекот,туку работата. Цел живот вака се шетам.Ретко некој може да ме види во фустан или сукња. Сум имала и кратка коса.Па,сепак ми даваа коментари дека сум згодна. Ми свиркаа на улица,а јас до гуша покриена. Никој не мењал став за мене врз основа на тоа дали носам фустан или панталони и должината на мојата коса. ОК за пристојноста,ама на места каде што нема дрес код,ќе се носам како сакам.Косата си ја правам како сакам.За мене да ми е пријатно во моја кожа си гледам ,ме заболе „знаеш што“ за тоа што (ќе) помислат другите. Сум си играла и со кукли и со пушки,пиштоли и ножеви,па не ме изреметило.Повеќе сакам акциони филмови и рап музика отколку патетични романтики.Ова не ме прави ни машко,ни помалку женско. Не можеш да генерализираш само затоа што си чул некои примери,не ни треба. Излези од пештерата кај што си,да те фати воздух.