Еве јас сум мажена, имам дете, готвам ручек кога ми се готви, носам фустани и суќни. Ок сеа, немам долга коса и ретко се шминкам, ама замисли не го тепам ни маж ми, ни други бремени жени. Те со никој никогаш во животот не сум степала и важам за најсмирена личност што постои. Во исто време сум феминистка која пред неколку години почна цело феминистичко движење во Мкд, кое го пресликав од движење во странство во кое исто учествував. Правев престави, предавања, посети на средни школи, онлајн активизам, активизам на улица (на главниот поштад во Скопје). Ај оди пак прочитај што е феминизам во својата основа и дојди да дискутираме на темава.
Како да ти одговорам кога сама ем поставуваш прашање ем сама го одговараш. Доколку сакаш одговор прашај и не прави филмови додека не добиеш. Не не се согласувам со ниту една од сликите, најискрено. Како прво кујна не е женски простор и готвење не е само женска работа. Немам ништо против жени кои носат панталони се додека изгледа пристојно. Исто и за косата, се додека фризурата е пристојна и соодветна или карактеристична за женско мене ми е ок. И кратка да е ок е, да не ме сфатиш погрешно. Не е ок доколку е во машки стил, тоа сакам да кажам. И последното, сметам дека не само што жената треба да ги задоволи потребите на мажот, треба и обратно. Затоа и се заедно побогу, тоа е една од главните причини. Како што разбрав ти си феминистка у покушај. Дома едно а ќе одам ќе пропагирам друго. Не ти треба фиминизам за да знаеш дека нема ништо лошо во носење сукњи, фустани, панталони и слично. Дека и жена има право на збор, да работи и твори, да се образува. Феминизмот во пракса плука по се што е морално и нормално а кога ќе се најде во тесно се штити баш со вакви изговори како демек да не беше феминизмот ти како жена ќе немаше такви права.. Глупости. До системот и уредувањето на државата е. Еве читни погоре што пишав да не го копирам истото. До системот е. Не е до феминизмот.
@Vitaly доста се брукаш дете, дај олабави од темава, ќе помисли човек животно достигнување ти е само плукање по феминизмот. Знаеме кој ти е ставот, ај сега поштеди не од читање понатамошни глупости.
@Vitaly Уште очекувам одговор на мојот претходен пост. Не постои машка и женска фризура, не знам каков е тој машки стил, и според кого тоа е ок или не е ок, и зошто? А за последното, пишува дека основата на ПРИВРЗАНОСТА на еден маж кон жена е ОЧЕКУВАЊЕТО таа да му ја задоволи основната потреба. Значи он е со жената заради тоа. И не, јас не се приврзувам со никој заради тоа, за да се приврзам со некој потребно ми е некој да ми е пријател на прво место, да ме сака, да ме разбира и поддржува, а после се друго. Не е тоа основата ама воопшто.
Ако не ти се допаѓа нема потреба да читаш. Секако дека постои машки и женски стил. Во нормален систем. Во ваков како што е денес може да не постои за некои луѓе. Дури и пол само си бираат така да не ме чуди за фризура. И тоа ти што го кажа и тоа е потреба. И ти поради тоа си со некој нели. Не е само секс потреба. Потреба е и разговор и подршка и разбирање. Маж со жена, и обратно се поврзуваат поради многу нешта, не смао поради едно нешто. Незнам за што чекаш одговор пошто ме бомбардираат со цитирања и неможам да стигнам ниту да најдам се.
која пракса бре? иди ти читни што е фемибизмот во основа па дојди пак дискутирај. ете ти ги погоре дел од најголемите феминистки, побарај инфо дали некоја од нив тепала бремени жени. сите се многу женствени и скоро сите мажени со деца. Збориме за жени кои се основачи на феминизмот. пар будали може остварно тепале бремена жена или мажи, и може да се декларираат како сакаат ама тоа ни нив не ги прави феминистки, ниту го прави движењето насилно
Човек кој смета дека треба да сме еднакви сите, без разлика на пол за мене е нормален човек. Феминизмот не ми се допаѓа како движење и организација баш поради такви нападни ликови што брукаат се морално и нормално, баш поради тоа што скоро секогаш оди во пакет со лгбт, блм и слично.
Те тера на агресија? Доста на твоите дома да им кажеш. Култура. Сигурно нерви кинете што не секогаш може да сте во право и не секогаш останувате последни.
Па мислиш не му е? Кој остварен маж ќе дреме на женски форум плукајќи жени, пак и пак и пак и пак? Буквално никој. Уствари кај него во глава е секако друга ситуација, добива ментални ерекции базирани на непостоечка морална супериорност и веројатно тоа му е единствен извор на допамин, а ширината на хоризонтот му е до кај што стига поглед, ама кога ќе си ја пикнеш главата кај што не свети сонцето. Што е океј, нели секој за себе и фактот што уште пишуваат е доказ за тоа, ама темава место да оди во многу попродуктивни правци, 60 страни воглавно жени колективно добиваат катаракта на очи од два алфа мажјака кои машки се борат да останеме на ниво на развиток од неколку века наназад. А се надевам искрено дека им е јасно дека никој не им реплицира зашто е продуктивна дискусија или зашто чувај боже, некој се надева дека би смениле мислење, туку зашто е 21 век и жените немаат никаква намера да ќутат или игнорираат закоравени сексисти на јавен женски форум кај што секое девојче може да отвори и чита. И се надевам од се' срце дека цел живот ќе ги следат гласни жени. И на форуми, и во живот. Да не се куртулат. А кога на овие 10 што реплицираат ќе им се смачи, ќе дојдат 10 нови (по можност со angry teenage girl energy , за ние (тогаш) тетките да си ја полниме кревката женска душа), па 20 нови, итн... Има ли поубава егзистенција за еден маШ? Јас викам дека нема.
Зборот „доста“ не е знак ни за агресија,ни за некултура.Само тој збор го употребила,нема навреди во тоа мислење. Не дека не знаеш што е феминизам,ама многу еднолично го гледаш. Има повеќе типови на феминизам. Истражи!
Епа феминизмот започнал да се занимава со тоа, не паднало од небо. Не е феминизмот еден и единствен, има разлики и во него и различни погледи, ама ти како и по обичај сите луѓе ги ставаш во ист ќош и не гледаш разлики во рамките на една група. И тука на форумов еден куп жени можат да се идентификуваат како феминистки ама тоа не значи дека сите ги делат истите ставови.
Видеово е од 8 март, ама се` уште го гледам со мерак и секогаш ќе биде така. Поздрав, бранители на патријархатот! https://www.facebook.com/386090371929791/videos/587738368806094/
https://a1on.mk/macedonia/gostivarec-ja-siluval-nevenchanata-sopruga/ И после не требало феминизам. И тоа како треба. Не сум морала да бидам феминистка за да не сум поддржела вакво злодело. Ми доаѓа да му се изнаснеам в лице на тој што ќе ми го каже ова. Кога некој/а ќе ми рече дека не постои силување во врска или брак, прва ќе бидам што ќе му/и' кажам дека не заслужува љубов. ПС: Коментарите се уште полоши.
Зборуваш глупости. Еве јас не сум феминист ама сум против силување до степен што сум за смртна казна и најболна смрт за силувачи. Според тебе сите други освен феминистите се подржувачи на силување?
Нејзиното мислење се однесува на силување во брак. Го тргаме на страна што тука не ни биле тие во брак, ама истото мислење обично го имаат и за силување во врска. И во право е. Ти спаѓаш во таа категорија. За ислустрација: Коментар од членка Што е факт кој го знаеме. Членката е исто така во право. Во тие земји ќе ги убијат за силување. Ама ако се оженат со неа, слободно можат да ја силуваат колку им душа сака. На тоа реплика: Буквално негирање дека жените се силувани во брак. Значи апсолутно докажување на поентата на @mode-kristina .
@Bezimenka90 еве и позната личност што е жртва на фемицид. https://images.app.goo.gl/zzhLX1TwtvFLZxwn7 Девојката е убиена од нејзините браќа заради тоа што му ја 'извалкала' честа на семејството. И еден од говедава кажал и дека не чувствува вина што ја убил. Ама ништо не можеш да му објасниш на некој на кој патријархатот му е судија како што скандираа девојките на маршот за 8 март. Како и да е, јас си стојам на ставот дека ако некој оправдува силување, убиство, изживување и слично, истиот не заслужува љубов. Само се надоврзувам на твоето миалење, а жената на фотографијата ја посочив како пример.
@mode-kristina Ужасно. Не можам да ставам лајк на тоа. Такви случаи колку сакаш има. Ни кај нас ништо многу подобри. Ни фали многу, многу образование.
Не само што ни фали образование, туку и свест ни фали. Желба за напредување ни фали. Многу работи ни фалат.
Ти си тој што зборува глупости! Иронично е како не поддржуваш силување, а правиш двојна виктимизација. Твоите мислења во „Силување“ кажуваат се`. И знаеш како звучат? „Не поддржувам силување, ама...“ Поддржуваш! https://www.facebook.com/386090371929791/videos/587738368806094/ Видеово не е само за силувачите, туку и за таквите како тебе! Затоа што не си ништо подобар од силувачите. И пак ќе ти кажам, немаш основно познавање од феминизмот. И пак, доста! Затоа што тоа го заслужуваш. Некултурна и агресивна сум? Со такви како тебе не може културно да се разговара. Затоа што мизогинијата, шовинизмот, национализмот, расизмот и сличните работи не се добра појава. А ти токму тоа го покажуваш. Ариведерчи!