Нема потреба од канта. Темата е супер и дискутираме цивилизирано како што ни доликува притоа држејќи се до некои факти, а не лични убедувања. Изнесов мислење дека жените живеат подолго од мажите, но тоа пред се се должи на машкиот инстинкт да се грижи за потешките работи во животот со што ја штити жената од опасности. http://www.dailymail.co.uk/femail/article-4885826/Women-live-longer-men-s-why.html Мажите генерално имаат и многу лоши навики во животот. Алкохолизмот, пушењето цигари, коцката, боемскиот живот се дел од тие работи на коишто мажите имаа некоја сопственост, постои еден термин кој се нарекува shaming. Баш тој термин shaming ги штитеше жените од многу нездрави машки особини. Порано жени што пиеле, пушеле цигари, се коцкале, излегувале по кафани биле подложни на shaming од страна на општеството, но тој shaming всушност ги штител од негативните здравствени последици. Денес лично сум сведок на многу жени што имаат проблем со алкохол, цигари, гојазност, лоши заби, депресија, болести баш поради некој вид боемски живот што го прифатиле од мажите. Во САД и Канада се поголем е бројот на млади луѓе кои сметаат дека е добро ако жената е домаќинка отколку да гради некој вид кариера (јас сметам дека жената има апсолутно право на образование и работа). https://ifstudies.org/blog/why-woul...y-at-home-wives-ethnicity-and-choice-feminism 40% од женската популација во САД се домаќинки. Односно не работат. https://www.theguardian.com/comment...ork-is-disappearing-for-women-but-not-for-men Иако бројот на жени во многу европски земји го надминува бројот на мажи кои студираат сепак постои голема разлика во одност на тоа што сакаат жените да студираат, а што мажите. http://sciencenordic.com/women-and-men-still-study-completely-different-universtity-subjects
Баш би сакал некој да отвори тема за машките на форумов со анкета: дали би биле со феминистка. Чудно и интересно како конзервативните жени се најчесто поубави од феминистките. Верувам во рамноправност но феминизмот во денешно време е излезен од шини. Ќе пишам повеќе во друга прилика.
Поради таа полова нерамноправност, најчест производ кај нас е семејното насилство. Ова не некоја измислица, искуство е. Мене ми се лоши кога ќе слушнам муабети од типот: Абе па машко е, нормално е..., или пак: Женско е, што и' е друго работа... И кога некоја ќе каже немало полова поделба... Има поделба, насекаде, само кој колку сака да ја види. И нема да се искорени додека машките деца ги третираат ко Божји дар, а ќерките ко некој што е роден да прави ручек додека мајката е на работа. Ова се случува, навистина.
Феминизмот е рамноправност. Тоа што си прочитал за два протести каде што жените стварно не знаат што прават не е цела слика за феминизам. Навистина не знам дали навистина сериозен за ова или јас тешко забележувам сарказам. Да не спамирам со постови во темава, ке вметнам во ова мислење и еден цитат што ми се допаѓа.
Феминизмот не се бори само за "претворање на жените во мажи", како што љубите вие да кажете. Феминизмот се бори и за "претворање на мажите во женчиња" Се бори да нема машки и женски однесувања, професии, работи. Ама вам не ви треба, убаво ви е вака кога изигравате ајфа мажјаци, а никогаш нема да признаете дека никој не е совршен, никој не е постојано силен и секому е потребна помош понекогаш
Мислам дека многумина на темава ги измешале поимите феминист и она што денес често се користи во негативен контекст, т.н. social justice warrior. Односно, барем се надевам дека е така, затоа што апсурдот на жени кои на женски форум зборуваат против феминизмот би бил преголем. Феминист не е кратко потшишана лезбејка со влакна под мишка која оди на протести за кастрација на целиот машки род (простете на стереотипите) - феминист е секој човек кој смета дека мажите и жените треба да имаат исти права и можности во едно општество. Феминизмот не е и не треба да биде некаква баба Рога или предмет на потсмев, феминизмот треба да е стремеж на секој нормален човек.
На форумов, ваков каков што го гледаш и со тој назив – поверојатно и прикладно би било да се отвори тема Дали би биле во врска со (прикриен) шовинист... А во истата информираниве и на место машки членови можат да се изјаснат дали би биле со такви женски личности што ве поддржуваат истите. Јас сум за. Со секој од аргументиве, посебно оние стереотипите за физички изглед – ја потврдувате тезава дека секој интелигентен човек е ЗА феминизам Sorry, not sorry
Јас не ги нарекувам конзервативни туку жени воспитани во духот на вистински и правилни вредности. Се разбира дека овие жени се физички и карактерно попривлечни од феминистките. За анкета нема потреба го знаеме одговорот од секој нормален маж
Јас не би сакал да имам жена, која ако имам ќерка ќе ја учи на тие "вистински и правилни" вредности во животот, т. е. да ја учи дека треба секогаш да биде втор избор, поради фактот дека е женско. А ти како сакаш наречи ме.
Во случај да ми е дозволено да бидам љубопитна - те молам објасни што според тебе се тие вистински и правилни вредности?
Леле ама се распалило во темава кога ќе се сетам на еден колага "дете кога ќе дојде ерата на жените, рачунај пропадна светот" Не знам зошто мажот и жената треба да бидат ривали па, еден едно да признава другиот друго признавал или не, тие се неопходно "зло" еден за друг ... денес ние имаме право на образование, право на глас и тн., кај нас колку јас што знам не се прави разлика дали е маж или е жена па, колку плата ќе зема и тн. ако се прави ,а иста тежина на работа носат, тогаш како беше она, нема мир додек анема правда Меѓутоа факт е дека во одредени сфери способни жени не можат да испливаат еден добар дел поради тоа што се жени. И тоа не е ок. Нема потреба од војна и потценување, туку рамноправност во смисла на надополнување едни со други. Е, сега се појавија нус појави во општеството со едукацијата на жената и самостојността меѓутоа не станува збор за масивна појава како што не е масивна ниту кај мажите или барем јас се надевам (надежта последна умира ). Инаку, денес жената носи многу поголем товар во општеството отколку кога била домаќинка ама и тогаш и денес, треба ли на тој маж да му се помогне или маж е, може тој, негова обврска е.
@Srckata28 вистински и правилни вредности е спротивно од се што вие поддржувате. Ќе ти дадам еден hint за да не се брукаш пред луѓе правилни вредности е спротивно од атеистички феминизам. Ајде ќе бидам фина еве уште еден hint прочитај ја Библијата.
Мислиш hint? Слабо и англискиот исто како и фактите... џабе редактираш Каква врска има па тука атеизмот, кој го спомна? Пак неповикани си ја срамите религијата, спротивставувајќи ја на еднаквост и прогресивни вредности...