Сум подржувал силување? Ме ставаш на исто рамниште со силуваш а јасно кажувам дека сум против и сум за нивно најригорозно санкционирање? Да се обратиш на стручно лице под итно. Или кај окулист или кај психолог. Бидејќи или не гледаш убаво па не си прочитала правилно, или кај психолог бидејќи ова нема врска ниту со логика ниту со ништо бидејќи човек вели не подржува силување ни под разно а ти велиш подржуваш!!!!!! Па уште и доста. Доста на тате и мама дома да им кажеш. Тешко на оние кои со тебе живеат. Мило ми е што призна дека си некултурна и агресивна. А и очиглено е.
Не дека се согласувам и со ставовите на членот ама нема потреба да напаѓаш на тој начин. Спротивното му го кажваш од тоа тој што рече.
Како сакаш сфати го, дали како напад или не знам што, јас не можам таквите да се разберам на културен начин. Односно, никако не можам, се чувствувам како кинески да зборувам. Ако ти можеш буквално со секого да се разбереш на културен начин, тогаш браво за трпението што го имаш. Моето веќе е при крај. Кога тој мене ми рече дека зборувам глупости, јас не можам да му го речам истото? Секако дека можам. Акција-реакција. Не барам да ме сфатиш, а уште помалку да се согласиш, но прво убаво прочитај ги мислењата на темава, па потоа види кој е тој што напаѓа. Толку од мене.
Не се ни замарај. Стај на игнор. Убаво е да се споделуваат вести и да се дискутира на разни теми поврзани за феминизмот, ама ние уште се оправаме со спам-членови во скоро 2021. Спојлер: Спојлер Имам чувство дека си шкорпија во хороскоп.
Во право си. Јас веќе го направив тоа. Не може во 21 век да проповедуваш кој што да прави и што е женственост.
Не те нападна девојко, аман. Си кажа свој став. Твое е да се согласиш или не како и со него така и со мене и со сите.. А не да му го извртиш мислењето контра од она што напишал. И мене така да ми извитопери мислење некој и јас ќе речам дека тропа глупости. Ама никаде не ти упати навреда да го наречеш силувач. Секој си има право на свој став и мислење. Не се сите силувачи штом не делат исти ставови како твоите, тоа е поентата.
Никој не му извртува мислење. Се има изјаснето сам. Не збориме за ореви или бадеми во торта. Збориме за силување. Не може некој да тврди нема силување во брак или си го барале и да очекуваме секој ладнокрвно да ќути, пошто нели, слободен говор.
Здраво. Членот зад кој стоиш има толку гадости изнапишано по форумов за жените (вклучувајќи те и тебе), што нема простор да се идентификува поинаку освен како патријархално воспитано маже со сите пропратни „вредности“ на истиот. Чисто да не биде дека напразно зборувам, повели дел од неговите бисери. Во меѓувреме, со ваквите во уште еден аспект еве не чекор назад. Unequal burden: how the COVID-19 pandemic is adding to women’s workloads
Јас само една статија ставив и јас сум била таа што зборува глупости. И после јас извртувам мислења. @JasminaB29 многу добро знам што пишувам и не, не сметам дека го навредив. И не планирам да се извинувам. Многу добро знам што пишувал по другите теми и имам одлична меморија. Видов двојна виктимизација од негова страна, во стил девојките се облекувале непристојно, па затоа биле вознемирувани, а според мене, тој што врши двојна виктимизација е исто толку лош колку и силувачот. Ти го изврте моето мислење, јас одлично знам што пишувам. Членката над мене веќе ти постирала дел од неговите 'мислења', прво прочитај ги, па потоа обвинувај ме дека напаѓам.
Не ми се верува дека ми го избришаа мислењето. Во секој случај, @JasminaB29 не знам со кој памет мислиш дека е добра идеја одеднаш да дојдеш на тема феминизам и да браниш мажи кои сметаат дека жените се стока која е во сопственост на мажот и не заслужуваат никаква слобода. Мислам дека општеството доволно ги брани, не им требаат и форумски адвокати. Ти предлагам енергијата што ја стави во бранење да ја ставиш во препрочитување на некои од неговите мислења. @RainBow, ако @WildMk можеше да биде банирана за трубење едно те исто на сите теми, не гледам што спречува да се тргне и Витали. Реално, запршка е во било која женска дискусија. Може сепак форумот не мора да е место за неонацисти кои најрадо би ги чувале жените во штала, по можност и врзани.
Ова. Од кога го мислам истово. Ако земам јас да спамам на секоја религиозна тема ко Витали што спама насекаде со религии во сензитивни теми, кој ќе биде избришан со брзина на светлината, а кој толериран? И што тоа кажува за форумов, кој патем се вика Фемина?
Вадиш одредени нешта без да ја прочиташ целата дискусија? Не е во ред тоа од причина што на тој начин се извртува целиот муабет, и ти го толкуваш напишаното онака како што ти сакаш. Ако пишам дека треба најригорозно санкционирање за силувачи вам тоа ви смета и ме нарекувате насилник и расист. Ако пишам дека е џабе да се казнат и тоа ви смета. Што сакате побогу? Се да зависи од вашето расположение? И да, сите што се облечени провокативно ќе бидат мета на силувачи за жал. Не дека и другите не се мета но со тоа една жена е трн во око на некој таков дегенерик. Подобро да се спречи а не да се лечи нели? Така да со пристојна облека би ги намалиле шансите да станете потенцијална жртва тоа сакав да кажам. А ако очекуваш дека и покрај провокативна облека не би требало да биде една жена силувана, јас се согласувам, ама на силувачот не му пишува дека е силувач на чело па да можеш истовремено да реагираш .Тоа треба да се случи за тој да се дознае и биде казнет. А за да не се случи би требало да презвемете мерки со цел да се заштитите себеси. Незнам зошто фрлате вина на човек кој ви вели да се облекувате пристојно, и да не шетате навечер сама. Некој тоа ви го вели со цел да не станете жртва, а не како подршка за силувачите. Силувач физички изгледа како и сите други луѓе, единствено да се спасиме од нив е да се заштитите себеси на секаков можен начин како на пример пристојна облека, шетање навечер со придружба и слично.
Ах да, многу си загрижен, секако. А дали ако обијам прозор и ограбам куќа, ќе речеш епа што не ставивте решетки, јбг кога не сте се заштитиле? Или тогаш крив е крадецот?
Крадецот е виновен. Но ако сакаш да си ја зголемиш сигурноста на домот ќе ставиш и решетки и камери ако треба. Пентата ми е дека превенцијата е подобра од лечење. Џабе е да глумиме слобода ејј еве ја све ширум отворено ќе оставам нека краде кој може или ејј ја ќе се облекувам како сакам и гола ќе шетам ако сакам. Да, во ред, ама што после откако ќе се случи беља? Џабе е се тогаш. Пример ако некој ми украде дома вредни работи мене нема да ме удоволи тоа што на крадецот ќе му дадат 2 години казна, така да подобро е да се придонесе да не дојде до кражба. Или пример силување. Еве пример се случило, ќе ви падне камен од срце ли ако го фатат дегенерикот и му дадат 10 години казна? Тој ќе излезе и пак исто. Така да подобро е според мене да се заштитиме на секаков можен начин.
Кои одредени нешта? Не ти вадам цитати од некој друг член и ти ги припишувам тебе, твои се. Пишува горе Витали со задебелени букви. Најсериозно, под итно да научиш што значи расист. И попатно ако си толку сигурен дека некоја ти пишала дека си расист на тема силување, те молам цитирај. Дали тоа значи дека кога одиш на плажа со купаќи и тебе може да те силуваат? Дали во тој случај ти си требал да одиш како поп со мантија на плажа?
Мислењава комотно може да се преместат во темата за силување. @Vitaly Моето прашање не е филозофирај ми за силување и крадење. Прашањето е јасно: Дали на ограбен човек ќе му кажеш "Епа јбг, зошто не стави решетки"?
Пишав во темата 'Силување' дека пред 3-4 години кога се враќав од школо бев свиркана од група машки, а бев со долга и дебела јакна закопчана до горе. А никогаш не ми се случило во лето кога облекувам куси панталони, сукњи, фустани и слично. На силувачот не му е битно која како е облечена, туку да си го задоволи нагонот што 'не може да си го контролира'. Заклучок: Никоја не 'си го бара' и да, феминизмот е неопходен.
Витали, и мажи се силувани, замисли, доколку те силува некое чиче, ќе дојдеш после да ни кажеш како си бил облечен?
Извртена ти е цела таа перцепција за превенција. Треба да не им ни текнува такво нешто; да бидат казнувани, и јавно објавувани за да се спречи некој друг да се препушти на тие "нагони" што се толку нормализирани. Се бориме да живееме во безбедни општества каде не би требало да ставаме решетки и камери на прозорците ниту пак да шетаме со придружба!! Навистина, во какво општество мислиш дека живееш? "Да се облекувате пристојно и сами навечер да не се шетате"????? Ако не и од дома да не излегуваме, бидејќи со секои излегување постои ризик од силување. И сето ова уште напишано после сите оние борби да докажеш дека подржуваш феминизам и дека жените не се свесни што е женственост, феминизам и се друго. -.-
Па ова е кажано во смисла дека или ќе има ригорозни казни или ќе има повеќе случаи на силување. Не му глумам адвокат на Витали ама на моменти стварно вадите од контекст.