На женски форум што се вика Фемина (као демек безбедно катче за жените), читаме плукање по феминизмот, мажи ни кажуваат како да се облекуваме, однесуваме, чувствуваме. Инцели со години лабаво си пишуваат тука, пошто слободен говор. Grooming нормализиран на големо. Имам чувство дека не само што не напредуваме, туку ептен се уназадуваме. Бабите наши биле поблизу до феминизмот, отколку младите денес. Кога читам некои мислења од млади членки, ми доаѓа на Марс да се лансирам.
Слават 8ми март, ама затоа сама си го барала, жена е домаќинка да е, мора да се оствари како мајка. Да ги прашаш зошто слават, што е тој ден нема да знаат.
Нема женска солидарност. Се додека на нив им е арно, гајле им е за другите. Тоа се тие што плукаат по феминизмот, не им бил потребен, имале се што имаат мажите. Немаат капацитет ни да разберат која иронија е тоа.
Да си ми жива за напишаново. Толку се ограничени чудо некое. Или пак кога ќе кажат „аман од овие феминистки, човек на раат не може да каже мислење“. Да не биле феминистките во 1900ти уште дома ќе варевме манџа без право на глас, без да има жени што ќе отишле на месечината и слично. Феминистките се за мажите и жените да се еднакви, а не жените да се над мажите како што било до пред сто години.
Кога ќе рече некоја дека не и' треба феминизам, ми се повраќа! Да не беше феминизмот, немаше да ги имаат привилегиите што ги имаат денес. Ама никако да сфатат. Се фаќаат како слеп за стап дека феминиските биле лоши зашто напаѓале мажи, бремени жени и мајки и дека човекот живее за да има потомство. Некоја спомена дека славеле 8 март. Се согласувам со тоа. Ама знаете ли зошто слават таквите? Затоа што им годат подароците, патувањата, вечерите и тоа порано да си одат од работа. Вистина е дека кога ќе ги прашате зошто слават, не знаат да ви одговорат. Но, затоа имаат извитоперени сфаќања дека некоја си го барала, дека жената МОРА да се омажи најдоцна до 27 години и да роди две деца и дека некоја што имала повеќе партнери е к***а. Ако не сака да роди деца или сака да роди само едно, себична е, а ако роди три или повеќе деца, тогаш е или само со средно или е во втор брак или не знае што е контрацепција. На таквите што се настрвени на други жени би им рекла дека не заслужуваат да го слават 8 март. Прво, затоа што напаѓаат други жени, а второ, затоа што не знаат ЗОШТО се вика Меѓународен ден на жената. Прво научете зошто овој ден се вика Ден на жената и ослободете се од пештерските сфаќања, па потоа славете и радувајте се на подароци.
https://www.facebook.com/386090371929791/posts/1157956951409792/ Со ова уште еднаш ми се потврдува дека феминизмот и тоа како е потребен. Едноставно ние како жени не сме заштитени од законот, а згора на тоа сме напаѓани од други жени.
Можда не е за овде постов, не знам за каде е.. Слушнав секакви коментари и прочитав секакви етикети освен од машки пол кој што често феминистките ги истоветува со "небањати и недепилирани", туку и од женски кои потсмешливо вртат очи или им пречи ако некој спомене дел од темиве. Во стилот "глупости, не сакам рамноправност, сакам да ми купуваат поклони и третираат како понежен пол, не мора да одам на работа нека печали мажот дур сум на нокти" Wrong on so many levels. Имам чувство дека дел од жените дур не се најдат во ситуација да бидат жртви, немаат колективна свест. Би сакала само да ги потсетам, дека да не беше феминизмот уште ќе си седеа неписмени без право на образование. Уште нивниот глас немаше да има вредност. Браковите ќе беа како пазар на стока и ред други незамисливи работи. Нека продолжат да превртуваат очи и да се прават наглуви кога другарка им ќе им се обрати за помош, со изговори "znaes maci, taka e, navikni se.. trebalo da si ja naredis u zivotot" Така осмомартовски, сакам да кажам колку ми се одвратни.
Сфатив дека многу луѓе нема, а и не сакаат да сфатат што е феминизам, макар и на платно да им се наслика. Се држат како слеп за стап дека феминистките биле кучки и дека феминизам е исто што и феминацизмот (не знам дали правилно го кажав, но добро), а тие се два различни поими. Зошто не сметам ги имаме истите права што и мажите? Затоа што не сме заштитени од законот. Ако пријавиме во полиција какво било насилство, сексуално вознемирување, злоупотреба на лични податоци, не само што ништо нема да направат, туку и соучествуваат во злоделата. Тие што треба да нè заштитат. На жените и девојките со антифеминистички ставови им порачувам: Не заслужувате да славите 8 март! Затоа што не знаете да го цените тоа што ви го дал феминизмот по кој плукате! Затоа што етикетирате други жени и девојки, па без проблем им ја лепите и најлошата, ги нарекувате к***и. Кои сте вие да зборувате за туѓ морал, м? Гледајте си го својот двор. Затоа што обвинувате жртви на сексуално вознемирување без трошка емпатија! Ама ви годат подароците што ви ги купуваат и тоа што ве пуштаат порано од работа, па затоа го славите. Во ред е да имате различни мислења, ама да ми извините, мислење кое содржи навреда, етикета (и тоа е навреда, но ајде), мизогинија, обвинување на жртвата и други дискриминации не заслужува да се почитува! Живееме во општество во кое мажот што спиел со многу жени е 'фраер', а жената што спиела со многу мажи е 'мераклика'. Се држат до споредбата со клучот и бравата што ја кажал некој 'мудрец' или јас би кажала некој со IQ —1000000000000. Мене ништо не ми значат подароците ако само еден ден сум третирана како кралица, а останатите денови како ѓубре. Единствено ми е важно подарокот да е со љубов подарен кога веќе ми се подарува нешто.
Сите останати денови во годината сама си го барала и нема доказ дека е силувана а само денес среќен осми март храбри дами... Мене овој празник ми е баш беден.
Еве нешто интересно: https://www.crnobelo.com/novosti/sv...niot-zhenski-turistichki-vodich-vo-avganistan Значи пред да плукате по феминизмот, научете што значи! ФМП.
Zena vo Indija denovive ubiena od maz i na ulica preku den ubodena 40 pati so noz nikoj ne i pomogna i ne ja zastiti kutrata pocina a ovoj mazot i sedna pa i se napi voda i si odmori, kakvi degeni ima tamu, izivljavaci strasno, i ja ubi bidejki zenata si se vrabotila vo bolnica trebalo doma da sede i da bide sluginka...
Што е со " феминистичкана" организација "Медуза" што го подржа протестот за Палестина каде што извикуваа "Алах акабар" , значи ја подржуваат Палестина која шири радикален Ислам , религија во која жените се нај потчинети. Што всушност има направено таа организација за да ги подржи жените ? Стварно не разбирам зошто постои.
Алах Екбер на арапски значи Господ е голем. Нема врска со ислам тоа. И христијаните во арапските земји го изговараат тој термин.
Да има врска со ислам и тоа голема тој збор потекнува од исламот и да они ги подржаа протестот за Палестина каде што владее радикален ислам .
Јас ни ич не ја подржувам Палестина ниту па ми е гајле што се случува во арапските земји, мене не ми е јасно како одреден дел од словенските народи можат да ги подржат нив и воопшто да се засегаат за нивните проблеми. Зошто пред многу одамна они Словените ги третираа како робови, буквално од Источна Европа киднапираа млади девојки за да ги користат во харемите, а истите фаци не им трепна око што се случуваше во Белорусија, важно активизмот си го покажаа на Инстаграм со глупи цитати. Еве им линк на тие што не веруваат.
Ги поддржуваат Палестинците како опресиран и колонизиран народ врз кој се врши геноцид/етничко чистење. Сосема логично од организација која се зазема за човекови права. Во протестот баш им упаднале друго неповрзано крило луѓе со националистички и исламистички пароли, од кои тие се оградуваат и ги осудуваат. Конфликтов во својата срж нема врска со религија, не мора да го поддржуваш исламот како догма и неговите вредности (не ги поддржувам ни јас) за да сочувствуваш со жртвите, треба човечност само. Меѓу Палестинците има и христијани, има и жени и лгбт луѓе кои не ги прашуваат што се и не ги поштедуваат јер не се муслимани, туку индискриминирачки сите страдаат од агресијата на израелските власти. Ако во еден народ/етникум/земја или нивната власт преовладува регресивна религиска догма и култура, тоа не значи дека заслужуваат да се бомбардираат, да им се убиваат деца, да се бркаат од дома. Еве пример и Полска е модерниот Гилеад на Европа - во 21 век забрануваат абортус, по школите вршат невидена конзервативна индоктринација, затвараат активисти за богохулие; и во републикански настроените држави во САД е таква ситуацијата. Ама тука во прашање е христијански (во Полска католички, во Америка евангелистички) екстремизам на белци, па многу потешко дека нивните животи вака би се мереле и релативизирале. Зошто протестирале феминистките бе... еве за девојчево и илјадници такви како него, со истрауматизирано детство, скршени соништа, расплакано меѓу рушевини наместо во школска клупа. Дај ве молам едуцирајте се, научете прво да разликувате религија и етникум/раса пред сè и покажете малку емпатија, па потоа коментирајте...
Тој збор е на арапски и нема никаква врска директно од исламот. Во превод значи Господ е голем. Доколку тие исламисти не би зборувале арапски а некој друг јазик би го викале истото само на друг јазик. Алак Екбер велат и христијани чиј мајчин јазик е арапски.
Тоа што Израел и' го прави на Палестина е непростливо. Палестина му го возвраќа ударот. Најдебелиот крај го извлекуваат децата. Ни криви, ни должни. И во Палестина, и во Израел. Но зошто се протестира за поддршка на Палестина? Затоа што Израел секогаш прв ја напаѓа. Се согласувам со @Someonespecial дека ако еден народ во една држава е (премногу) религиозен, не значи дека треба да се ликвидира. Секој заслужува да живее во мир. И Израелците, и Палестинците. Сите. Колку за информација, втора најзастапена религија во Израел е исламот. Да, исламот. Неприфатливо е и убивањето на жените заради чест. Тоа е присутно во речиси сите земји во кои исламот е најзастапена религија. Во некои од тие држави го има и т.н селективен абортус. Зошто е неприфатлив? Затоа што во најголемиот дел од жените се принудувани од страна на нивните мажи или од другите членови на нејзиното семејство да абортираат во случај да е девојче. Но ако поголемиот дел од тие луѓето што живеат таму се такви, не значи дека се сите. Гледам дека Полска повторно се споменува, а јас знам дека ја имам споредувано со Виетнам. Жените во комунистичкиот Виетнам имаат многу поголеми права од оние во Полска, која е членка на ЕУ. Кажав и дека една девојка од Ел Салвадор завршила во затвор поради извршен абортус, а таа била силувана. Силувачот мислам дека не добил никаква казна. Заклучок: Феминистките не се борат само за правата на жените, туку и за човековите права. Секој човек заслужува да живее спокојно, без разлика на националност, етникум, раса, религија. Освен оние кои прават некому лошо.