Добро ете ти ќе ме едуцираш Кажи ми со протестот што сменија? Дали може прекина војната? Ме интересира што точно се смени откако они протестираа? Јас никаде не реков дека немам емпатија , па и да имам не сфаќам што ќе смени тоа ? Ако од дома седам и само ги жалам и ништо не превземам што ќе променам? Еве ти како емпатична личност што многу ти е жал за жртвите што направи во врска со тоа да им помогнеш?
Ама затоа никој не се занимава со девојчињата во училиште во Авганистан, таргет на бомбашки напад. Далеку е Авганистан, Палестина поблиску е https://www.nytimes.com/2021/05/08/world/asia/bombing-school-afghanistan.html
21 век а жените возачи уште се сметаат за прости зад воланот, какви коментари прочитав на пост на ФБ..
Сакам да пишам околу новата вест за намалување на данокот на менструални влошки. Се замолуваат надлежните да не прават половични работи и да ги обврзаат продавачите да ги продаваат по фиксна цена. Доколку само го намалат данокот, ќе има поголем ќар за трговецот, а крајниот потрошувач пак ќе си плаќа иста цена. Исто така го поздравувам потегот и потребно е да се стори истото за контрацептивните средства и тестовите за бременост. Тоа е основна човекова потреба, да бидеме алтруисти и најмалку нешто што може е да го третираме секој како ЧОВЕК.
Јас сум уште поизненадена од стручните лица кои даваат право на возачка дозвола на коментарите за жени возачи. Јас полагав и слушнав коментари од комисијата бидејќи бев последна дека само жени паднале. И другиов му враќа епа тоа , не се за шофери.
И незнам зошто се преќутува и се смета за хумор тоа, а машко газе на пешачки премин девојка и пак е добар возач, да беше обратно ке се препишеше па женско е у превод проста и неспособна.
Нема нешто што ме прави погорда од сплотено спротивставување на сексуалната објектификација на женското тело. Додека мажите ракометари се токму тоа - спортисти, жените се тука да носат бикини гаќички за да бидат доволно интересни за гледање. Инаку играта што всушност им е професија не е битна. A Women's Beach Handball Team Is Fined For Not Wanting To Wear Bikini Bottoms Девојките заслужено добиваат пораки со поддршка, а EHF и IHF така малце може да се носат кај шо не грее сонце.
Тука морам и јас да се вклучам, женското тело секаде се користи како сексуален објект, во секоја реклама мора да е полугола, или во некое издание што би било сценарио за вовед во порно филм. И постојано секаде исто. Кога фудбалерите рекламираат беко фризидери си се облечени како на терен, женските спортистки кога се сликаат за календар, се облечени како да ќе глумат во порно филм.
Нешто ново! Седумнаесетгодишна девојка од Индија претепана до смрт зашто носела фармерки! https://fashionel.mk/moda/aktuel/devojche-vo-indija-ubieno-poradi-toa-shto-noselo-farmerki 2022 ќе дојде, а ваквите рабори никако да се искоренат...
Жена во Египет била убиена оти му кажала не на монструмот кога ја прашал дали сака да се омаже со него, марш бе машки ретардирани умови. одете лечете се и вие и тие што ве учат дека несмееме да кажеме не. Блискиот исток е хорор
Мажите и жените се и треба да бидат рамноправни во смисла да имаат еднави права и можности за да го применат својот потенцијал, но не се идентични во смисла на своите природни способности еволуциски гледано. Зошто тогаш мажите имаат и како успеале да постигнат толкава доминација врз светот?